петок, 28 ноември 2008

Индија

Според пописот од 2001 година, Индија брои 1,028 милијарди жители, 827 милиони (80,5%) од нив се Индуси. 89% од руралните домаќинства немаат телефони, 52% не се приклучени на електрична мрежа. Постојат проблеми во напојувањето со електрична енергија дури и во поголемите градови. 20% од руралните домаќинства имаат ограничен или немаат никаков пристап до питка вода. Околу 60% од луѓето немаат пристап до финансиските институции во Индија. 6/10 од Индијците живеат на село, каде владее екстремна сиромаштија 34,7% од популацијата на Индија има приходи под 1 САД долар дневно, 79,9% под 2 САД долари дневно.

Образование
Според извештајот на UNESCO од 2000 година, во Индија живее 35% од вкупната светска популација која не е писмена. Само 66% од луѓето во Индија се писмени (77% мажи, 54% жени). Околу 40 милиони деца годишно на возраст за во основно училиште не посетуваат основно училиште, повеќе о 92% од децата не се запишуваат во средно училиште, 35% од училиштата немаат основна инфраструктура, како што се табли, клупи и столчиња. Близу 90% не поседуваат функционални тоалети. Половина од училиштата во Индија имаат покриви кои прокиснуваат и не се опремени со инсталација за вода за пиење.

Јапонија има 4.000 универзитети и популација од 127 милиони луѓе. САД има 3.650 универзитети за популација од 301 милиони луѓе. Индија има само 348 универзитети за својата популација од 1,2 милијарди луѓе. Индиските универзитети продуцираат околу три милиони дипломирани студенти секоја година, но само 15% од нив имаат соодветно образование за да се вработат во блу-чип компаниите. Само 1 милион од нив се IT професионалци.

Здравство
Во Индија умираат околу 2,1 милион новороденчиња за една година. 107.000 лепрозни пациенти живеат во Индија, 15,3% од популацијата не ја преживува својата четириесета година. Од напад на змија умираат околу 50.000 Индијци. Срцевите болести, мозочни удари и дијабетесот ја чинеле Индија околу 9 милијарди долари во 2005 година и големо губење на продуктивноста. Загубите може да се искачат и до неверојатни 200 милијарди долари годишно во наредните десетина години доколку не се превземат итни мерки за здравствена заштита на населението. Постојат само 585 рурални болници споредено со 985 урбани болници низ целата земја. Од вкупно 639.729 регистрирани доктори само 67.560 се во јавниот сектор а останатите работат во приватниот сектор или надвор од државата. Туберколозата е главен здравствен проблем. Секоја година околу 1,8 милиони Индијци заболуваат од оваа болест, од кои 0,8 милиони се инфицирани случаи. Приближно 330.000 луѓе умираат годишно од туберколоза, 150 милиони Индијци се слепи или имаат серозни нарушувања на видот, 2,13% или 21,9 милиони луѓе се со некој вид на инвалидитет, само 34% од нив се вработени.

36 фамилии во Индија поседуваат богатство од 191 милијарди долари, тоа е 1/4 од БДП на Индија. Со други зборови, 35 елитни Хинду фамилии поседуваат четвртина од БДП на Индија, а 85% од обичните Индуси се сиромашни!

Доминантната Хинду националност се состои од три виши секти (Брами, Кшатри и Ваши) што е само 10% од вкупната популација на Индија, но тие држат дури 80% од работните места во економијата, во секторите како што се софтверската индустрија, биотехнологијата и хотелиерството.

Корупција
Според Transparency International, 25% од Индијците плаќаат мито за да добијат некоја услуга, 68% веруваат дека владините напори за борба против корупцијата се без ефект. Повеќе од 90% сметаат дека полицијата и политичките партии се најкорумпирани институции. 90% од Индијците сметаат дека корупцијата во наредните 3 години ќе се зголемува. Според некои аналитичари само 5% од средствата на фондовите за развој стигнуваат до вистински раце, останатиот дел 95% завршува во рацете на хиерархиски организираните корупциски структури во државата.

Дискриминација на Далитите
250 милиони Далити во Индија живеат во нехумани услови. Во Индија врз Далитите се случува по едно насилство на секои 20 минути. Секој ден во просек три Далит жени се силувани, двајца Далити се убиени а две куќи на Далитите се опожарувани. Овие бројки се само мал дел од вкупниот број на инциденти од причини што Далитите не ги пријавуваат сите случаи на насилство од страв од понатамошни репресии од полицијата и припадниците на повисоката Хинди каста. (2008.11.22, Време - Го фрлиле под воз поради љубовно писмо )

Далитите се група на луѓе во Јужна Азија од пониските касти, мешана популација од различни групи на касти низ цела Јужна Азија. Најповеќе ги има во северните индиски држави а посебно во државата Утар Прадеш. Често пати се нарекуваат и недопирливи, бидејќи луѓето од повисоките касти се згрозуваат дури и од помислата да допрат некој Далит.

Човекови права
Индија ја нема ратификувано Конвенцијата на ОН против тортурата. Нејзините граѓани немаат можност да бараат заштита според меѓународните закони. Жртвите се заробеници на локалниот Хинду систем на касти. Во Индија многу малку се води грижа за заштита на приватноста на граѓаните. Полицијата во Индија дејствува брутално, посебно кон сиромашните. Уште повеќе таа е и прекршител на законот и е високо корумпирана.

Малцинства
Околу 20%, или 220 милиони жители во Индија се припадници на религиозните малцинства, 138 милиона или 13,4% се муслимани, 24 милиони или 2,3% се Христијани, 19 милиони или 2% се Сики, 8 милиони или 0,8% се Будисти и.т.н.

Медии
Високата Хинду каста, која сочинува само 8% од вкупната популација на Индија, завзема преку 70% од вкупниот број на постови во форумите за дискусија. Таканаречените двојно-родени Хинду касти доминираат со преку 85% од вкупниот број на постови по форумите а сочинуваат само 16% од вкупната популација. За разлика од нив, средните касти заедно држат само 3% од постовите.

Судство
Индиските нижи судови имаат преку 22 милиони случаи за решавање, додека вишите (21 на број) судови и врховниот суд имаат преку 3,5 милиони случаи за решавање и 32.000 случаи во процедура за 2006 година. Секоја година по милион и нешто нови случаи се додаваат на вкупната бројка на случаите за решавање. Со оваа брзина, нижите судови ќе работат 124 години за да ги расчистат веќе постоечките случаи. Има само 13 судии на еден милион жители.

Далитите и Индиските абориџини имаат само 20 од вкупно 610 судии кои работат во вишите судови и врховниот суд. Од 12 држави каде има мнозинство муслиманска популација, муслиманите во судскиот систем се застапени со најповеќе 7,8%.

Само 31% од криминалните случаи се завршуваат за помалку од една година. Некои од нив траат и повеќе од 10 години.

Дискриминација на децата
Според Високиот комесар на обединетите нации за човекови права, во Индија има најголем број на деца кои питачат по улиците. Се претпоставува дека околу 18 милиони деца преживуваат работејќи по улиците во Индиските урбани центри. Вкупниот број на деца кои работат е околу 60 милиони.

Нивото на неухранетост на децата во Индија е едно од највисоките во светот, повисоко дури и од некои земји на субсахарска Африка. На светско ниво 25% од децата се со тежина помала од просечната, додека во Индија таа бројка е околу 43%. Четвртина од смртните случаи на доенчиња во светот отпаѓаат на Индија (2,1 милиони). Речиси една петтина од децата во Индија кои умреле на возраст до 5 години не ги преживеале првите 28 дена од својот живот.

Дискриминација на жените
Според пописот од 2001 година, 54,16% од женската популација се писмени, за разлика од 75,85% од машката популација. Повеќето од работничките се надвор од организираниот економски сектор. Само 2,3% од жените се во администрација или на менаџерски позиции, а само 20,5% се стручно оспособени.

Има околу 40 милиони вдовици во Индија, најголемиот број од нив се лишени од удобствата на живот како кога биле со мажите. Се верува дека 15.000 вдовици се на улиците на Вриндаван, индуски свет град со популација од 55.000 жители во северна Индија. Повеќето вдовици, најмалку 40%, на возраст под 50 години, се оставаат од нивните роднини на улиците во религиозни градови без никаква помош и подршка.

Околу 9/10 бремени жени на возраст од 15 до 49 години страдаат од неухранетост. Индија има повеќе гладни луе (204 милиони) отколку цела субсахарска Африка. Околу 20% од жените кои умираат за време на пораѓањето се од Индија. 6/10 пораѓања се случуваат во домашни услови од страна на нестручни лица. 44% од индиските девојки се мажат пред да наполнат 18 години. 16% од девојките на возраст од 15-19 години се веќе мајки или го очекуваат своето прво дете. Компликациите при пораѓање се најчест случај за смртност на оваа старосна група.

Просечно секој четврти час една жена од Индија посегнува по својот живот. Во моментот на влегување во брак, жените треба како мираз да носат со себе накит, пари, потрошувачка стока и слично.

Силувањето на жените е во пораст во Индија. Секој час жената во Индија се соочува со најмалку двајца силувачи, двајца киднапери, четири сексуални напади и седум инциденти на насилно однесување од страна на нивните сопрузи или блиски роднини.

Убиство на фетуси
Односот жена/маж ќе достигне 20:80 во 2020 година поради се позачестените убиства на женските фетуси. 10 милиони девојчоња се убиени од страна на нивните родители во изминатите 20 години пред или веднаш после раѓањето. Според пописот од 2001 година односот бил 933 девојчиња на 1000 момчиња на национално ниво, додека во северната држава Пенџаб, тој однос бил 798 девојчиња на 1000 момчиња. Можноста за определување на полот на фетусот со помош на ултразвук довело до ваквии масовни убиства во Индија.

Околу 11 милиони абортуси се извршуваат во Индија секоја година и близу 80.000 жени умираат за време на абортусот.

Трговија со луѓе
Во 378 од 593 дистрикта во Индија, или во 62,5% од нив има појава на трговија со луѓе. Според студија на UNDP од 2006 година, домашното насилство, неписменоста, невработеноста, сиромаштијата, зголемената миграција и стапувањето во брак на децата се главните причини за зголемена стапка на трговија со луѓе.

95% од жените во Мадја Прадеш практикуваат комерцијален секс согласно фамилијарните традиции, 51,79% во државата Бихар. 60% од жените во оваа индустрија се од пониските касти. Во Индија има околу 4 милиони регистрирани проститутки. Според UNAIDS 38% од нив се инфицирани со HIV.

Тежок криминал
Индија има евидентирано 32.481 убиства и 19.348 силувања во текот на 2006 година. Најповеќе насилства има во Мадја Прадеш, Махараштра, Андра Прадеш, Тамил Наду и Раџастан. Просечно секоја година има околу 2.000 случаи на киднапирања. Насилствата врз жртвите најчесто остануваат неказнети доколку извршителите на насилствата се од повисоките касти.

Вооружени конфликти
Речиси секоја држава има свое сепаратистичко движење, најчесто вооружено. Голем број на муслимани се убиени во последните пет години низ целата земја и оваа бројка бележи постојан пораст. Како капак на ова Индија има низа проблеми со своите соседи. Воената ефектива е контролирана од Хинду елититата во Делхи. Воениот буџет на Индија во 2006 година изнесувал 21,7 милијарди САД долари со тенденција за зголемување во наредните години. 85% од воениот буџет се троши за плати на војската која брои 1.316.000 војници, што претставува четврта по бројност армија во светот. Според Business Week (2005) Индија е најголем увозник на оружје од Израел со 3,6 милијарди САД долари.

Во Индија има голем број на институти и медиски куќи кои се занимаваат со воените конфликти од најразлични аспекти, но што е најстрашно тие се во служба на влошување на состојбите. Овие групи заработуваат огромни суми пари тргувајќи со оружје кое го купуваат страните инволвирани во конфликтите. Најчесто тие самите се креатори на конфликтите. Така на пример со креирање на конфликти во оваа сиромашна земја, Брама спин мајсторите за себе задржуваат голем процент од продажбата на оружје на владините сили. За нив, Национален интерес, едноставно значи Интерес на Брама. Нивните лобирања им носат поголема моќ, повеќе вработувања за членовите од фамилијата, можност за земање државјанство во богатите земји како и можности за образование во богатите земји.

Бомбашки напади во текот на 2008 година
  • 30 октомври: во експлозии загинале најмалку 64 лица во североисточен Асам
  • 30 септември: експлозии во западниот дел на Индија, најмалку седуммина загинати
  • 27 септември: во експлозија на бомба загинало едно лице во Делхи
  • 13 септември: во пет експлозии во Делхи загинале 18 лица
  • 26 јули: во 22 помали експлозии загинале 49 лица во Ахмедабад
  • 25 јули: седум бомби експлодираа во Бангалор, при што загинале две лица
  • 13 мај: седум бомби експлодирале на пазари и преполни улици во Џаипур, загинале 63 лица
  • 27 ноември: Бомбаши убиле над сто лица во Мумбаи (Утрински весник, 2008.11.28), 130 мртви, 315 повредени. Осумнаесет милионскиот град практично е парализиран, а спорадични пукотници и експлозии се слушале неколку дена после експлозиите.


Самоубиства, колапс на земјоделскиот сектор
Во последните две години, повеќе од 218.000 луѓе низ цела Индија извршиле самоубиство. Причината за тоа најчесто била сиромаштијата, разочарување од своите брачни парнери, семејно насилство и здравствени проблеми.

Најповеќе се одлучувале на самоубиство земјоделците со труење, најчесто поради тоа што не биле во можност да ги враќаат земените кредити со камати над 32% од лихвари. Покрај земјоделците, втора група која најчесто посегнувала по својот живот се жените.

76% од плодното земјиште во Индија припаѓа на само 23% од популацијата. Повеќе од 15 милиони рурални домаќинства во Индија се без земја, 45 милиони рурални фамилии имаат малку земја (помалку од 0.10 акри), што е премалку за да можат да опстанат а уште помалку да направат некој профит, 340 милиони луѓе се зависни од надничарење во земјоделскиот сектор за помалку од 1 САД долар дневно.

Невработеност
Се смета дека околу 30% од 716 милиони работоспособни луѓе ќе бидат без работа до 2020 година. Владата на Индија нема ниту ресурси ниту политичка воља да обезбеди вработување за сите.

Во трговскиот сектор се вработени околу 8% од Индиската популација, тоа е после земјоделскиот сектор, сектор со најголем број на вработени. Постојат повеќе од 12 милиони мали трговци во Индија, 96% од нив се семејни бизниси со мали дуќанчиња.

Во кол центрите и другите outsource бизниси - како на пример софтверски компании, се вработени повеќе од 1,6 милиони луѓе, повеќето на возраст помеѓу 20-30 години.

Внатрешна миграција
Градот Мумбаи, главниот бизнис центар во Индија, ќе достигне популација од 21,9 милиони жители до 2015 година, се соочува со голем број на сиромашни лица дојдени од селата. Има околу 5 милиони луѓе кои секоја ноќ преспиваат на улиците користејќи како душек и покривка, разни весници и картони.

Индија троши повеќе од 400 милиони САД долари да ја задржи сликата за Њу Делхи како првокласен главен град. Но третина од четиринаесет милионската популација на Њу Делхи живее во бедни услови.

Во Њу Делхи, Мумбаи и Бангалоре заедно, се имаат случено преку еден милион криминални дејствија во текот на 2006 година.

Индија, затворена земја
Учеството на Индија во светскиот туризам изнесува само 0,38% до 0,39% долга низа на години наназад. И покрај огромната површина која ја зафаќа и прекрасната природа во текот на 2006 година Индија од туризам инкасирала околу 2,61 милијарди САД долари.

Индија не е расположена да им пружи добредојде на странците кои сакаат да ја посетат. Потребни се визи. Најлесно влегуваат во Индија луѓето од земјите кои имаат значителен број на Хинду популација, како што се Маурициус или Непал.

Хинду елитата повеќе се грижи да ги затвори границите и за светите крави отколку за животот на сиромашните во својата земја кои сочинуваат 85% од вкупната популација. За оваа елита национален интерес, значи нејзин сопствен економски и политички интерес.

Индиските амбасади се рангирани како најлоши во светот.

Влијание на глобалното затоплување врз Индија
Економските загуби во Индија поради глобалното затоплување се проценуваат на 0,67% од БДП. Некои предвидувања се дури и полоши. Поради сушите жетвите се се посиромашни што предизвикува недостаток на суровини во прехрамбената индустрија. Монсунските дождови и поплавите предизвикани од нив исто така предизвикуваат голем штети. Подигањето на нивото на морето поради глобалното затоплување исто така предизвикува значителни штети. Покрај директни штети ваквите климатски промени предизвикуваат зглемување на случаите на заболени од маларија и други заразни болести.

Екстремните температури и испарувања се очекува постојано да се зголемуваат, т.е. ситуацијата да се влошува.

Транспорт
И покрај своевидниот економски бум, само 0,8% од Иднијците имаат сопствен автомобил. 77% од сите продадени возила во индија во текот на 2006 година, се моторчиња, мопеди или скутери. Индија има изградено 8.000 километри автопатишта за разлика од Кина - 34.000 километри. Според статистиката на Стопанските комори за трговија и индустрија на Индија, околу 420 милиони работни часови се губат секој месец поради лошиот јавен превоз само во Њу Делхи.

Само 1% од вкупната светска популација која поседува автомобил живее во Индија.

Безбедност на патиштата
10% од сообраќајните несреќи во Индија се со фатални последици и тоа е убедливо највисока стапка во целиот свет. Индиските патишта се ужасни, сообраќајните знаци ги има многу малку или воопшто ги нема. Пешачки патеки речиси и да не можат да се забележат. Не постои сообраќајна култура, има недостаток на паркинг простор, полицијата е недоволно обучена, постои високо ниво на корупција. Околу 1.275.000 лица се сериозно повредени во сообраќајни несреќи секоја година.

Според статистиката на NATPAC, има 35 сообраќајни незгоди на 1000 возила во Индија, за разлика од 4-10 во развиените земји. Приближно 270 луѓе умираат секој ден во сообраќајни незгоди. Познавачите на оваа проблематика предвидуваат дека оваа бројка ќе се зголемува секоја година за најмалку 5%. Сето ова предизвикува огромни загуби на индиската економија. Околу 80% од фаталните незгоди со сериозни повреди се предизвикани од грешки на возачите. Според предвидувањата на Светската банка, стапката на смртност во Индија ќе се зголемува се до 2042 година доколку не се превземат итни противмерки.

За разлика од Индија, во Кина од 2003 година па навамо,консеквентно секоја година бројот на сообраќајни незгоди се намалува за 10,8% иако има постојано зголемување на бројот на учесници во сообраќајот.

Doing Business во Индија
Потребни се 50 дена за да регистрирате имот во Индија, за разлика од 30 дена во Кина или 10 дена во САД или Тајланд. Цената за почетен бизнис изнесува преку 60% од приходите по глава на жител, многу повеќе отколку кај другите земји.

Индија има највисока цена на електричната енергија во споредба со поголемиот број на идустријализирани земји и земји во развој (0,8 САД долари по киловат час за индустриска струја во споредба со 0,1 САД долари по киловатчас во Кина), што се должи на големи загуби при транспортот и во самата дистрибуција (најголеми загуби во светот), или со други зборови загубите изнесуваат фантастични 25%.

Исто така превозот во Индија е со многу висока цена. Тој изнесува околу 25% од вкупната цена при увоз за разлика од 10% во останатите земји со кои се споредува Индија.

Во текот на 2006 година, Индија има најголем прилив на лични дознаки од странство, 27 милијарди САД долари. Од кои околу 20 милијарди стигнуваат од работници кои работат во арапските земји. Во исто време земјите од персискиот залив се најголеми трговски партнери на Индија и место за 5 милиони работници од Индија. Индиската влада очекува овие дознаки да внесат околу 500 милијарди САД долари во девизните заштеди на граѓаните за следните 10 години, правејќи ги најголеми заштеди во споредба со било која друга држава во светот.

Историски, околу 72% од сегашната Индиска популација е од Аријанска раса (индо - ирански народи). Во денешно време, потенцијалните мигранти во Индија доаѓаат од Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка и Непал. Соња Ганди, родена во Италија, поранешна сопруга на Раџив Ганди, сеуште се смета за странец од страна на Хинду елитата во Индија.

Пред шеесетина години Индијците побарале Британија да ја напушти Индија. Сега тоа го прават самите тие. Ако некој сака да живее со дигнитет и да ужива во релативна слобода, треба да ја напушти Индија! Она што ќе остане ќе биде подложено на насилство во поларизираното општество.

Едно испитување на јавното мнение во текот на 2006 година покажало дека 46% од жителите на урбаните средини во Индија би сакало да се иссели во САД. Во некои држави, како што е Гуџарат, дури 54% од луѓето би сакале да се иселат во САД.

Индија е најголем клиент на Светската банка. Во јуни 2007 година има земено кредит од 3.7 милијарди САД долари.

сабота, 22 ноември 2008

Alexa rating, 2008.11 - Македонија

Резимево не е достапно. Кликнете тука за да ја видите објавата.

Архангел Михаил

Архангел Михаил според православието е началникот и војвода, еден од седумте архангели: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил.

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите. Тие се Господови гласници, ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крила, тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања, најчесто се насликани со бела облека што симболизира душевна чистота и невиност. Единствено Архангел Михаил е претставуван во војводска облека.

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од бога и почнале да прават злодела. Тие биле наречени ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети Архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете. Во негова чест црквата го востановила празникот Собор на Свети Архангел Михаил кој се празнува на 21-ви ноември. Со овој празник им се одава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Според некои преданија месецот ноември е одбран за славење на Светите Архангели поради тоа што според поранешното сметање на времето (кога годината започнувала во март), ноември бил деветтиот месец во годината, а девет се чиновите ангелски. Ангелите претставуваат цела небеска војска раководена од Господ Саваот (господар или командант на војската). Ангелите се поделени во девет чинови, групирани по три степени со по три чина. Во првиот степен влегуваат шестокрилите серафими, многуоките херувими и престолите, во вториот спаѓаат господствата, силите и властите и во третиот начелниците, ангелите и архангелите.

Архангел Михаил е спомнат во Откровението (12:7). Во Стариот Завет е спомнат по име во персиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светци - заштитници на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469. Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци - Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец - заштитник.

Во Коранот Михаил е споменат само еднаш, Ел-Бекара:98. Во коментар на стих 91 од таа сура, Бајдави приспомнува една прилика кога Омар пошол во еврејско училиште и се распрашал за Гаврил. Учениците рекле дека тој е нивен непријател, но дека Михаил е добар ангел, кој носи мир и изобилие. Како одговор на Омаровото прашање за позициите на Гаврил и Михаил во однос на Бога, тие рекле дека Гаврил бил од десно, а Михаил од лево. На ова Омар се побунил и изјавил дека кој е непријател со Божјите ангели, нему Бог ќе му биде непријател. Кога се вратил кај Мухамед, Омар видел дека Гаврил го претркал и веќе му ја кажал пораката, која е спомната во стих 92. Во врска со сурата Худ:72, муслиманските коментатори велат дека Михаил бил еден од трите ангели кои го посетиле Аврам.
Кај муслиманите Михаил е еден од четирите ангели (покрај Изрил, Исрафил и Џибрил), и еден од двата ангела (покрај Гаврил), именувани во Коранот. Некои веруваат дека постојат десет ангели - Михаил, Изрил, Исрафил, Џибрил, Мункар, Макир, Ракиб, Атид, Малик и Ридван. Тој живее на седмото небо и се верува дека има крилја со смарагдно зелена боја. Во исламските преданија Михаил секогаш е втор по Гаврил. Кога Бог го создал Адам, тој го пратил прво Гаврил, па Михаил да ја донесе глината од која требало да биде направен човекот. На смртната постела, Мухамед рекол дека Гаврил ќе биде првиот, а Михаил вториот кој ќе се моли за него. За Михаил се верува дека носи благослови. Во Исламот се смета дека постои неизброен број на ангели, при што се верува дека именуваните ангели се поглавари на оддели; т.е. Михаил е главен ангел на благословите.

Во народното верување Архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето. Според преданието тој стоел на рајските порти и во едната рака држел сабја а во другата терезија. На едната страна од терезијата ги ставал добрите дела, а од другата гревовите и во зависност од тоа што ќе претежнело луѓето ги праќал во рајот или во пеколот.

Молитва
Целиот си оган и ревност Свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме: нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност, та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подржуваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови. Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од ангели и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подржуваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле. Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот - помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.

Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме - сесвети; ти се молиме - сечисти; ти се молиме - себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно; дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човекољубие, претставуваме херувими на земјата.

Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните ангелски височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата. Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт. Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.

Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев, зашто гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души; преку нив во нас да не влезат нечистите демонски сили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се ангелски чисти и ангелски бесмртни. Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас, води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение, за нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секој грев и над секој ѓавол.

О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила, ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол. Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови и поради нашата нечистотија, туку сакајќи нѐ со боженствена љубов направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти, та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели. Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји, ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе, вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител - Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител, Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови.
Амин!

вторник, 11 ноември 2008

fuck.me

fuck.me сеуште не е дадена на аукција, затоа пак, date.me на аукција достигна цена од 70.000 USD, love.me - 32.500 USD, ask.me - 20.000 USD, kiss.me - 20.000 USD, buy.me - 17.500 USD, ...

Црна Гора има top level domain .me, а тоа е многу баран top level domain.

Оваа кратенка е многу интересна, посебно ако се има во предвид англискиот јазик, па со добро име пред кратенката може лесно да се запомни и добро звучи.

Така на пример, можни се многубројни популарни комбинации како kupi.me или buy.me.

Во овој момент се резервирани околу околу 3.000 адреси со кратенката .me. 2.600 најинтересни адреси се продадени на лицитација, а уште 400 се резервирани за црногорските институции.

Првите статистички бројки врзани за воведувањето на кратенката .me покажуваат одлични резултати. Во првите два дена од воведувањето на кратенката .me регистрирани се повеќе од 50.000 домени со .me, а по 14 дена бројот на адресите се искачил на 100.000.

Поголемиот дел од регистрираните адреси со кратенката .me отишол во САД (50%) и Велика Британија (11%). Според проценките до голема побарувачка дошло поради се поголемиот интерес на корисниците на Интернет да имаат интересни адреси.

Се очекува посебно голем интерес за лична презентација на Интернет, за адреси со кратенката .me, како и во контекст на „социјалната мрежа“.

Одредени адреси како toyota.me и only.me се продадени за 90.025 т.е. за 33.405 долари.

Кон крајот на септември, во Њујорк одржан е состанок на трговците на Интернет адреси Т.R.А.F.F.I.C. на кој се продадени повеќе адреси со црногорската кратенка. Еден купувач платил 20.000 долари за адресата kiss.me, друг 17.500 долари за buy.me, а трет дал 70.000 долари за date.me.

Се уште се лицитираат голем број интересни адреси, како што се bestmoney4.me или mama.me.

Слична среќна околност имаше и островската земја Тувалу, чија кратенка е .tv. Само со продажба на адресите со оваа кратенка, оваа земја има остварено приход во висина од 50 милиони долари.

После првите лицитации, Црна Гора успеа да заработи два милиони долари, со што ги надмина сите рекорди, па експертите очекуваат подобар приход од Тувалу.

Компјутер за секое дете

Проектот е дел од владината иницијатива за образование и обука за сите. Проектот се темели на Националната програма за развој на образованието (2005-2015). Проектот предвидува набавка на 17.818 персонални компјутери, 98.710 LCD монитори, 98.710 тастатури, глувчиња и 80.892 тин клиенти за основните и средните училишта. Овој хардвер ќе се користи како алатка за изведување на наставата и пристап до образовните дигитални содржини на глобалната мрежа Интернет. Реализацијата на проектот се одвива во три сегменти:
  1. Набавка и инсталација на опрема.
  2. Одржување, локално и интернет поврзување на опремата.
  3. Развивање на дигитализирани содржини и обука на наставници за изведување на наставата

Владата дели веќе по втор пат ваучери за купување на компјутери за студентите апсолвенти. Колку е тоа убаво? Колку е убаво некој да ве награди со еден ваучер за компјутер пред нова година? Колку е убаво некој вашето дете да го награди со еден ваучер? Со тоа ќе ви покаже дека ве цени и сака да ви помогне, да продолжите посигурно да чекорите кон вашата светла иднина. Колку ќе беше убаво доколку секој апсолвент имаше можност да си купи еден компјутер на крајот од своите студии како резултат на својот практикантски стаж во некоја просперитетна македонска компанија? Колку ќе беше убаво родителите да можеа да издвојат од своите приходи за еден компјутер за својот студент уште на почетокот од неговите студии? Но тие тоа не го можат. Тоа го може владата, затоа што претходно брцнала во џебовите на работникот преку разноразни оданочувања.

Колку ќе беше убаво на вашите деца во средно училиште да им купите еден компјутер, можеби и да им обезбедите интернет врска? Но не, тоа го можат малкумина, повеќето дел од своите скромни приходи присилно ќе издвојат во заедничката каса наречена буџет на државата од која умните глави во владата ќе си нацрпат толку колку што треба и повеќе од тоа за да им купат на вашите деца по еден компјутер, кој за жал ќе стои година до две во некој магацин пред да стигне на клупата на вашето дете, и веројатно ќе стои уште година две на самата клупа, додека умните владини глави не смислат некаков софтвер кој ќе може да се употреби во наставата. За тоа време најверојатно вашиот ученик ќе матурира и нема да има потреба од компјутерите кои ги обезбедила вашата влада. А најверојатно нема да имаат можност да ги користат компјутерите ни вашите помлади деца, бидејќи истите ќе застарат и ќе можат да се користат само како музејски експонати.

Среќни поради тоа што оваа влада мисли на вас и со вашите пари ќе купи компјутери кои долго време нема да бидат во употреба вие задоволни ќе си излезете на следните избори и ќе гласате за овие душегрижници.

Но дали би дозволиле кога би имале слобода самите да решавате што ќе правите со вашите заштедени пари (доколу владата не ви ги измолкнала по пат на високи давачки), да му купувате на вашето дете компјутер дури откако ќе стане апсолвент или тоа ќе го направите кога ќе стане судент? Дали на вашиот средношколец ќе му купите компјутер и две години ќе го чувате во визбата затоа што не сте обезбедиле продолжителен кабел на кој ќе можат да се приклучат сите уреди од вашиот компјутерски систем или претходно убаво ќе размислите за овие ситници?

2007 Септември
  • Набавени се 100.000 компјутери за средните и основните училишта. Компјутерите стојат во магацините затоа што во училиштата нема соодветна електрична инсталација.
  • Владата ја рекетира ЕСМ-ЕВН да донира 250.000 евра, колку што чини реконструкција на електричната инсталација во 93 средни училишта.
  • Подоцна ќе се испостави дека и клупите не се соодветни да ги поднесат новите компјутери, па е потребна набавка на нови.
  • Иво тврди дека не е проблем што компјутерите ќе застарат бидејќи гаранцијата им траела три години? Гаранцијата не ја покрива технолошката застареност!
  • МОН работи на креирање на дигитални содржини кои никој до сега не ги видел ниту наслутува како ќе изгледаат.
  • На помош за средување на електричната инсталација се вклучуваат и Македонски телекомуникации и Македонска радиодифузија. Ова повторно смрди на рекет и јалова работа, со оглед на тоа што се вклучени крајно неефикасни друштва.

2008 Јуни
  • Учебната 2007/2008 завршува, компјутерите не се ставени во функција. Се дознава дека не се набавени 100.000 компјутери ами само 100.000 монитори и околу 20.000 компјутери.
  • ЕВН одбива да помогне во средувањето на инсталацијата во основните училишта, бидејќи тоа било многу скапо за нив. Ако поставувањето на хардверската инсталација е толку комплицирано, тогаш што ќе правиме со инсталацијата на софверот? Најверојатно ќе се случи компјутерските монитори да им служат на учениците како огледала и паравани за препишување.

2008 Ноември
  • Пука тиквата помеѓу МИО, МРД и МОН, од една страна, и фирмите назначени за инсталирање на компјутерите, од друга страна. Спорна е наплатата на околу 300 милиони денари, приближно 5.000.000,00 евра (со зборови: пет милиони евра). После смената на досегашниот директор на МРД - Сашо Станчевски овде владее хаос. Се врши ревизија на целокупната документација поради сомневање дека се направени малверзации со потрошените средства за реализација на проектот.
  • А кога ли ќе почне вториот дел од третиот сегмент? Развивање на дигитализирани содржини и обука на наставници за изведување на наставата.
  • На компјутерите се учат само игри, Ваква неочекувана намена добија компјутерите што Владата ги обезбеди за модернизирање на наставниот процес и за информатичко образование на учениците во земјава. Наставниците велат - работиме на Linux, а обуката што ја имавме беше за Windows. Кога имаат писмена работа, учениците ќе ги наведнат главите и од компјутерите не се гледа што прават. Интернетот е слаб и ништо не може да се отвори. (Дневник, 2008.11.17)
  • Ќе се набават дополнителни 65.000 компјутери преку распишување на меѓународен тендер. СДСМ обвинува дека овој проект до сега тежи 35.000.000 евра а ефектите се нула. МОН тврди преку својот портпарол Маја Корубин дека во 93 средни училишта Мактел интсалирал интернет конекција. На почетокот од Декември ќе почнела и обуката на наставниците. (Утрински весник, 2008.11.18 - Владата набавува нови компјутери, а старите стојат негибнати)

2008 Декември
  • Акцијата продолжува, ќе се набаваат уште и 75 илјади мали лаптопи за дечињата од прво до трето одделение, кои округло ќе чинеле околу 10 милиони евра. По се изгледа МИО има концепт како да троши пари за скапи играчки а владата има слух за тоа. Најверојатно ефектот од сите овие проекти ќе биде негативен.(Утрински весник, 2008.12.12 - За мали лаптопи, големи 10 млн. евра )

За читање:

Доходовни комисии

Никој не ја знае точната бројка на комисиите што работат во рамките на постојните министерства или директно во владата, но повеќе од сигурно е дека ги има многу. Не е тајна дека членувањето во која било комисија се плаќа и таа работа е прилично доходовен бизнис.

Решенијата за определување лица во комисиите и износите на нивните хонорари вообичаено ги потпишува министерот, неговиот заменик, државниот секретар или овластен висок раководител од секторите за сметководство и финансии.

Министерство за финасии:
  • Комисија за денационализација, џебовите на поединци се полнеле до фантастични 6.000 евра месечно.
  • Комисија за утврдување надоместок,
  • Комисија за функционалност,
  • Комисија за процени на имоти,

Славески признаva дека пропусти на тој план има и дека во пресметката на надоместоците биле направени грешки. „Точно е дека се исплатени поголеми суми, но не станува збор за екстремни надоместоци. Луѓето не се виновни, тие ќе ги вратат парите. За случајот со хонорари се алармирани сите контролни механизми. Наскоро посебна комисија за материјална одговорност, во која еден член е од Агенцијата за државни службеници, ќе испита што се случило“.

Никола Поповски во својот мандат памети дeка биле исплаќани пари за работа на комисиите од денационализација, знае дека имало бонуси што се движеле од 10.000 до 12.000 денари.

Министерство за образование и наука:
  • Комисија за нострификација, за еден месец се земале бонуси од 360.000 денари.
  • Комисија за попис на инвентарот, надоместок од 20.000 денари.

Перо ќе ги преиспитал сите решенија врз основа на кои се вршела исплата на хонорарите на сите лица ангажирани во најразлични комисии.

МОН, службеници кариеристи

Министерството за образование за редовни работи и понатаму ангажира кадар од надвор. Подготвува и нова систематизација.

Под маската на законите за основното и за високото образование и за истражувачка дејност, новиот правилник за работните места треба да ги задоволи апетитите на кадарот од ДУИ. Без почитување на законските одредби, државни службеници се преместуваат и по три-четири скалила во хиерархиската поставеност.

Во Агенцијата за државни службеници велат дека не смее да има вработувања по договор на дело.

Но постои и таканаречен Закон за привремени вработувања кој овозможува вработувања од надвор во рок од најмногу една година. Тие лица не се со статус на државен службеник.

Во Министерството за образование и наука во мандатот на министерот Сулејман Рушити наводно не биле ангажирани хонорарци, кои биле редовно вработени на друго место, ама Дрита Мамути и Исамедин Азизи? Мамути уште од јануари 2008 редовно се вработила како асистент на тетовскиот универзитет, а до изборите продолжила да ја извршува функцијата раководител на Одделение за односи со јавноста, протокол и превод. Исамедин Азизи без ниту ден работно искуство бил примен за државен советник за меѓународна соработка, а со решение за редовно вработување бил во Институтот за албанска историја.

Гуле Гулев пак во мандатот на Рушити бил државен советник. Од неодамна е редовно вработен како асистент на штипскиот универзитет Гоце Делчев, а истовремено е и надворешен советник на актулениот министер за образование Перо Стојановски. А според некои извори тој е и шеф на кабинетот на министерот.

Извесен Н.С. вработен во МОН по победата на ДУИ напредува четири хиерархиски места погоре, до звање државен советник. Актуелниот државен секретар Дарко Митевски напредувал исто така експресно до раководната функција државен советник за образовни политики стигнал од местото училиштен педагог во осмолетка во Македонска Каменица.

Еееј. Каде го има ова?

За напредокот во реформите во јавната и државната администрација во извештаите на Европската комисија добиваме постојано негативни оценки, кои се одразуваат на вкупната оценка за напредокот на Македонија за добивањето датум на преговори со ЕУ.

недела, 9 ноември 2008

Свети Димитрија Солунски

Светиот великомаченик Димитрија живеел во III век. Се родил во Солун како син на солунскиот војвода, легендата вели дека солунскиот војвода долго време немал пород и по многуте молитви упатени кон Бога бил даруван со машко дете кое со големо внимание го образувал и воспитувал и го воведувал во христијанството.

По смртта на својот татко, Димитрија од страна на царот Максимилијан бил именуван за војвода на Солун при што бил советуван да биде немилосрден кон христијаните, да ги убива и прогонува секаде каде што ќе ги сретне. Но Димитрија бил христијанин. Најпрвин тајно, а потоа и јавно го подржувал христијанството, ги подучувал христијаните како да се чуваат од лошите пагани и да не се откажуваат од Христа дури и по цена на животот. За ваквата дејност на Димитрија разбрал и царот. За да се увери во тоа што го слушнал тој дошол во Солун. Димитрија не само што не порекнувал дека е христијанин туку и го презрел идолопоклонството пред царот. Затоа овој наредил веднаш да се фрли во затвор. Димитрија знаејќи што го чека уште пред да биде затворен целиот свој имот му го оставил на својот пријател Лупа со аманет тој да го раздели на сиромаси. Во затворот ги слушнал зборовите на ангелот Божји кој му рекол: Мир на тебе страдалниче Христов, охрабрувај се и не очајувај.

Во тоа време во Солун имало амфитеатар во кој се изведувале гладијаторски борби. Луѓето се бореле меѓусебно до смрт или во арената биле предавани на крвожедните ѕверови. Особено страдале измачените христијани кои биле убивани од гладијаторите или раскинувани од ѕверовите на очиглед и одобрување од преполниот амфитеатар. Меѓу гладијаторите со својата суровост посебно се истакнувал и на царот посебно му бил мил Лео кој ги измачувал христијаните до смрт.

Во тоа време во Солун живеел еден храбар човек по име Нестор, кој не можејќи да ги трпи нечовечните постапки на паганите, посебно на тиранинот Лео, решил да му излезе на двобој, да го убие или да загине. Тој го посетувал Димитрија во затворот и од него барал дозвола да излезе на двобој. Откако добил благослов од Димитрија ја прифатил борбата со гладијаторот и го убил. Кога за тоа разбрал римскиот цар наредил Нестор да биде исечен, а Димитрија да биде погубен во затворот. Царските војници веднаш го убиле Нестор, а кога дошле во затворот кај Димитрија виделе како тој без страв се моли на Бога, а од лицето му зрачела чудна светлина. Плашејќи се да се доближат до него војниците го убиле од далечина гаѓајќи го со копје. Неговото тело христијаните тајно го погребале во црквата што денес го носи неговото име во Солун.

На иконата Свети Димитрија е претставен во војводска облека на коњ и со копје како убива човек кој е под копитата на коњот. Тоа е Лео кој бил убиен од Нестор со благослов на Свети Димитрија.

Кога царот Јулијан сакал да ги пренесе неговите мошти од Солун во Цариград, од гробот излетале пламени искри и се чул глас: Застанете и не гибајте!. Така моштите на Свети Димитрија останале засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун, Свети Димитрија се јавувал многупати и многупати го има спасено Солун од големи неволји.

Русите Свети Димитрија го сметаат за покровител на Сибир.

Празникот Свети Димитрија или во народот познат и како Митровден, се празнува на 8-ми ноември. Тогаш се сметало дека завршува летниот период од годината, а започнува зимскиот период поради собраните плодови, значително намалениот ден и студеното време.

Насекаде низ Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, овчари, полјаци, но и селски старешини, одборници, коџобашии итн. Договор што важел до Ѓурѓовден или следниот Митровден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, овчари и им се исплаќала заработувачката. Традиционално, ајдутите излегувале во планина на Ѓурѓовден, а се враќале дома на Митровден.

Во Македонија голем број цркви се посветени токму на Свети Димитрија.

четврток, 6 ноември 2008

МОН, има ли апашлук?

Во текот на 2007 година во Министерството за образование и наука биле здиплени 230 илјади евра на име на хонорари од страна на 92 вработени во главно раководни лица со амин на највисоката раководна структура на министерството.
Луѓе каде оди Македонија? Каде оди образованието? Сте се запрашале ли досега зошто секој сака да работи во министерствата за бедна плата? Е па еве го одговорот. Овие 92 лица го навлекуваат гневот на обичниот даночен обврзник врз чесните наставници по основните и средните училишта. Истите овие луѓе си продолжуваат со својата работа и во 2008 година. А зошто да се сомневаме дека така не работеле и претходните години? А бидејќи извештаите на Државниот завод за ревизија никој не ги есапи, изгледа дека така требало да се работи. Сепак да се надеваме дека премиерот со висок рејтинг ќе забележи некоја ситна неправилност во ваквата работа и актерите во овој случај ќе бидат барем укорени!


Незаконски биле одобрувани исплати на милионски суми за хонорари за вработени во Министерството како надоместоци за работи кои спаѓаат во описот и пописот на нивните работни задачи, според извештајот на Државниот завод за ревизија за 2007 година. По најразлични основи, минатата година на 92 од вкупно 236 вработени во МОН им се исплатени 14,2 милиони денари за зголемен обем на работа, или фантастични 230.000 евра.

Било исплаќано хонорари на скандалозен начин: 3 милиони денари на вработени во МОН кои подготвувале план-листа за распределба на вработените во канцеларии, организациско разместување и обезбедување непречена работа, потоа изготвување согласност за вработување, работна група за организирање и имплементирање вонредни активности во вонредни услови. Исплати за изработка на решенија за распоредување на вработените на работни места, за навремено и успешно извршени работни задачи и преглед на пријавите на волонтерите во Министерството.

Надоместоци во вкупен износ од 2,3 милиони денари им биле поделени на членови на комисија која работела на сместување во студентски домови, доделување стипендии и кредити, но и надвор од неа. Вработени од Одделението за финансии добиле 2 милиона денари за дополнителни активности на посебните сметки за проекти, потоа за изготвување збирна завршна сметка, за систематизирање податоци за пресметка на плати и за исплата на плати за осум наставници во странство. А, за истите овие работи, Министерството ангажирало лице по договор на дело на кое му биле исплатени 310 илјади денари.

За подготовка на закони, правилници и планови, исплатени се 1,6 милиони денари, иако во Министерството постои Сектор за нормативно правни работи, чија надлежност се токму наведените работи. 5 милиони денари биле одобрени за учество во комисија за оцена на исполнетоста на условите за почеток на работа на факултети и студиски програми, потоа учество во комисија за јавни набавки и други слични активности кои спаѓаат во редовни работни обврски на вработените од овие области.

Ревизорите утврдиле дека вкупниот годишен износ на надоместоци по вработен се движи од 800 до 1.26 милиони денари по лице. Најголем дел од износите за надоместоци, односно околу 70 отсто се исплатени на вкупно 25 вработени. Посебен бисер во извештајот што го наведуваат ревизорите е случајот со раководителот на Секторот за финансиско-сметководствени услуги, кој како вработен во Министерството од мај 2007 година, за осум месеци работа примил надоместок за зголемен обем на работа во висина од 108 просечни месечни плати, додека за истиот временски период примал, исто така, нето-плата во вкупен износ од 244 илјади денари. Вкупниот износ што го примил овој раководител како хонорар за 2007 година е 1,26 милиони денари, а по него на листата следува раководител на Секторот за поддршка на министерот, кој бил награден со сума од 961 илјада денари. На листа на вработени со најголеми хонорари се и помошник- раководителот на Секторот за нормативно-правни работи, раководителот за високо образование, раководителот за ученички и студентски стандард, кои исто така примале надоместоци и од посебните сметки со кои располага Министерството, а се работи за суми од 896 илјади денари до 1,7 милион денари.



  • Актуелното министерче признава дека како државно секретарче за учество во разни комисии и зголемен обем на работа добило 155 илјади денари, со напомена дека не било тоа што земало најголемо хонорарче.
  • Претходното министерче земало само 203 илјади денари, за него било нормално луѓето кои членуваат во комисии дополнително да се исплаќаат за тоа.

Листа на најзаслужни:

  • Аднан Селмани, речиси 30.000 евра, поранешен раководител на секторот за финансии, (ДПА)
  • Феузи Џафери, 961.000 денари, шеф на кабинетот на поранешниот министер - Сулејман Рушити, (ДПА)
  • Перо Стојановски, 203.000 денари, тогашен државен секретар, сега министер, (ДПМНЕ)
  • Сулејман Рушити, 155.000 денари, поранешен министер, (ДПА)

среда, 5 ноември 2008

Обама: промената пристигна

Обама нов претседател на САД. На своето прво обраќање до американската нација Обама изјави: "Промената пристигна во САД. Патот пред нас е долг и тежок. Можеби нема да стигнеме до целта за една година, ниту за еден мандат, но никогаш повеќе отколку вечерва сум немал повеќе верба дека ќе стигнеме до целта". Новиот претседател ќе стапи на својата должност на почетокот од јануари 2009 година. Во неговиот кабинет најверојатно ќе бидат Џон Кери, Ричард Холбрук, Џим Стајнберг, Чак Хејгел и Роберт Гејтс.
Се смета дека победата на Обама ќе има големо историско значење за САД но и за остатокот од светот. САД за првпат во својата историја ќе имаат афроамериканец за претседател, после долг и мачен период на расна поделба.

Сенаторот Обама победи во Вирџинија, Калифорнија, Флорида, Колорадо, Охајо, Пенсилванија, Вермонт, Делавер, Њу Хемпшир, Илиноис, Масачусетс, Њу Џерси, Минесота, Њујорк, Висконсин, Мичиген, Мејн, Њу Мексико, Колумбија, Вашингтон.

Сенаторот Меккејн победи во Кентаки, Тенеси, Оклахома, Јужна Каролина, Алабама, Џорџија, Северна Дакота, Западна Вирџинија, Луизијана, Тексас, Мисури, Вајоминг.

Обама му честита на својот републикански ривал - Џон Меккеј за "тешката кампања". Меккејн телефонски му честита на Обама за победата, изјавувајќи дека и покрај несогласувањата со Обама подготвен е заедно да работи со новиот претседател за доброто на американската нација.



Нов претседателски кабинет


Само неколку часа по изборот на Обама за нов претседател на САД, започнато е со шпекулациите за тоа кои би биле клучните личности во неговиот претседателски кабинет. Меѓу првите имиња се споменуваат Џон Кери, Ричард Холбрук, Џим Стајнберг, републиканецот Чак Хејгел и досегашниот секретар за одбрана Роберт Гејтс.

Обама ги чува во строга тајност своите планови за новиот кабинет, но сепак во текот на својата кампања навести дека "има јасни идеи за тоа кои се неговите кандидати за клучните позиции", велејќи дека таму ќе има место и за републиканците.

Како можни кандидати за државен секретар се спомнуваат: поранешниот претседателски кандидат на демократите а сега сенатор од Масачусетс - Џон Кери, поранешниот дипломат и пратеник за Балканот во администрацијата на Клинтон - Ричард Холбрубк, републиканскиот сенатор - Чак Хејгел и поранешниот сенатор од Џорџија - Сем Нун. Веројатен кандидат за државен секретар е Хилари Клинтон - против кандидатот на Барак Обама од Демократската партија (Yahoo news, 2008.11.15 - Hillary Clinton Said to Be Frontrunner for Secretary of State).

Главен кандидат за советник за национална безбедност е Џејмс Стајнберг, исто така поранешен советник на Клинтон, а како можен избор се спомнува и Сузан Рајс, некогашна соработничка на Клинтон.

Обама во текот на кампањата за прашањата сврзани со надворешната политика се потпираше на Марк Липерт, Денис Мекдоноу и Бен Роуд, така да може да се очекува овие да добијат места во Белата куќа и Стејт департментот.

Според некои проценки Обама би можел да го задржи актуелниот секретар за одбрана - Роберт Гејтс, со оглед на војните во тек во Ирак и Авганистан. Но како можен негов наследник се спомнува и поранешниот секретар на морнарицата - Ричард Данциг.

Као можни шефови на кабинетот се спомнуваат Том Дешел и Рахм Емануел од демократската партија.

Портпарол на Белата куќа веројатно ќе биде клучниот советник за комуникација - Роберт Гибс.

Местото, секретар за финансии, со оглед на актуелната економска и финансиска ситуација би требало да биде едно од пожешките столчиња. Кандидатот ќе има задача да спроведе пакет финансиски зафати за кои се наменети 700 милијарди долари. За можни кандидати се спомнуваат поранешниот секретар за финансии - Лоренс Самерс, поранешниот претседател на федералните резерви - Пол Вокер и познатиот инвеститор - Ворен Бафет.



Македонија


"Без разлика кој е на власт во САД, пријателството на САД со Македонија е стабилно. Можни се одредени нијанси во зависност од тоа кој кандидат ќе победи, но тоа се нијанси. Не ми се верува дека суштински би се променила политиката.", вели амбасадорот Јолевски.

Македонските иселеници во Флорида, сметаат дека републиканците отсекогаш биле наклонети кон Македонија и дека доколку републиканецот Меккејн биде претседател на САД, надворешната политика кон нашата земја нема да се смени во иднина. Американските државјани со македонско потекло, како и повеќето македонски граѓани најмногу стравуваат од влијанието на моќното грчко лоби во таборот на демократите и поддршката што му ја даваат на нивниот претседателски кандидат Обама, што е поврзано со македонско-грчките преговори за името.

Грчкото лоби во американската политика (Барак Обама, сенатор Боб Мендез, сенаторка Олимпија Снови, конгресмените Роберт Векслер, Елтон Галеги, Керолин Малони и Гас Билиракис, Ендрју А. Атенс, Ендрју Е. Манатос, Филип Христофер, Паникос Папаниколау, Никос Мојарис) ја турка иницијативата во Сенатот за "стопирање на државната пропаганда на ФИРОМ која ја загрозува Грција". Лобито се повикува на ТВ извештаи кои покажуваат како македонските ученици учат дека делови од Грција треба да и припаднат на Македонија, се наведуваат и картите од македонската Воена Академија кои ја покажуваат "Голема Македонија".



Честитки од светските лидери


Францускиот претседател Никола Саркози, во својата честитка до Обама наведува дека неговиот избор буди големи надежи во Франција и Европа. "Во моментот кога мораме заедно да се соочиме со големите предизвици, вашиот избор пробуди големи надежи во Франција, Европа и светот. Франција и Европа со нова енергија ќе соработуваат со САД за зачувување на мирот и за светски напредок".

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека со задоволство очекува средба со новоизбраниот претседател и понатамошно јакнење на врските меѓу САД и Канада.

Меѓу првите, свои честитки испрати и претседателот на Кенија - Мваи Кибаки, истакнувајќи дека неговата земја е горда на кениското потекло на новиот американски престедател.

Членовите на семејството на Обама во Кенија ја прославуваат неговата победа. Многумина се надеваат дека победата на Обама ќе значи многу за Африка, најсиромашниот континент.

Председателот на Јужна Африка - Кгалема Мотланте истакна дека "Африка денес е горда на Обама" и изрази надеж дека во текот на неговиот мандат ќе биде посветено поголемо внимание на проблемите на сиромаштијата и неразвиеноста на црниот континент.



Биографија


Роден е на 4 август 1961 година во Хонолулу на Хаваите. Син е на Кениец и бела Американка од Вичита, Канзас. Тие се разделуваат кога Барак има две години и подоцна се разведуваат. Таткото на Обама се враќа во Кенија и успева да го види сина си пред да загине во сообраќајна несреќа во 1982. По разводот мајка му се мажи за Лоло Суторо и целото семејство се сели во неговата родна земја, Индонезија. Таму Барак посетувал училиште во Џакарта, додека да наполни десет години. Потоа Барак се сели во Хонолулу, каде живее со родителите на мајка му. Неговата мајка умира во 1995 година како последица од рак на јајчниците. По гимназијата Обама се сели во Лос Анџелес, каде учи две години во универзитет.

Завршил политиколошки студии на Колумбија Универзитетот во Њујорк, а докторирал право на Харвард.

Својата кариера ја започнал во Чикаго, работејќи со организации кои му помагале на сиромашното црнечко население и се залагале за заштита на човековите права.

Од 1992 до 1995 бил адвокат и предавач по уставно право на Универзитетот во Чикаго. Член е на Сенатот на државата Илиноис во 1996 година, а 2004 година избран е во Сенатот на САД. После терористичките напади на САД од 11 септември 2000 година, Обама се ангажира во кампања против војната во Ирак.

На пошироката јавност и станува познат после неговиот говор на националната конвенција на Демократите во Бостон 2004 година, кога укажал на потребата од надминување на поделбите во демократскиот блок.

Списанието "Time" во 2005 година го става на листата на 100 највлијателни луѓе на светот.

Допринел за носење на законот за контрола на конвеционалното вооружување и влијаел на јакнењето на јавната контрола врз користењето на федералните фондови. Допринел за носење на законот за лобирање и изборни фондови, законот за климатски промени, нуклеарен тероризам и грижа за американските воени повратници.

Во февруари 2007 година објави дека ќе учествува на изборите за претседател на САД.

Обама, првиот афроамериканец претседател на САД, компонира, пишува песни и книги. Неговата сопруга Мишел Робинсон е адвокат со која имаат две ќерки Малија и Саша.

вторник, 4 ноември 2008

Овен, подзнак јарец



  • Роден во 1.15, 13 април 1969, во околина на Битола.
  • Знак овен, подзнак јарец, со месец во риби.
  • Имаш многу планети во 8-то поле.
  • Имаш многу ретроградни планети, што значи дека се трудиш многу повеќе од другите луѓе.
  • Работите ги добиваш и работиш на чуден начин, невообичаен
  • Во твојата натална карта доминираат планети во 3 и 8-мо поле, тоа значи дека во тие полиња има најмногу случувања.
  • Во третото поле се браќа и сестри, твојот менталитет, кратките патувања, менталните способности, ги означува рамената, дланките, белите дробови, нервниот систем и вратните пршлени.
  • Осмото поле, владее со бешиката кај мажите, со парите на другите, поврзано е со смрта или соочувањето со неа ..., владее со сексуалните органи ... кратко, според 8-мата ќе имаш можност да имаш многу богат партнер, но исто така сакаш да знаеш до каде можеш да одиш со луѓето и со себе во секаков поглед а најмногу оној најнеистражениот.
  • Имаш и чудни сонови, гледај да можеш да ги одгатнеш, ти имаш моќ да сонуваш битни нешта.
  • Во третата куќа се наоѓа Меркур, таму е во природна состојба, од таму умееш да пишуваш, имаш истражувачки ум и затоа бараш од соговорникот тој да зборува ...
  • Полето на подзнакот почнува од јарец, па оди во водолија и завршува во риби каде е месечината.
  • Како јарец значи дека си исклучително промислена особа, сто пати мери еднаш сече, држат ветувања а многу им треба за да дадат доверба некому, можат долго да работат за идеја и пак тешко доаѓаат до тоа што им следува.
  • Јарците сакаат моќ, општествен статус и пари, целиот живот се слаби и не се многу високи.
  • Идеален партнер ти е лав.
  • Според поставеноста, ако си влегол во брак на млади години тогаш нема да бидеш успешен.
  • Тешко некој ќе може да ги задоволи твоите критериуми освен ако е лав во хороскоп и тоа не било кој. Мора да е убава и умна.
  • Онаков каков ти е односот со жените, како и некој генерален став спрема животот ти е детерминирам од мајка ти, али генерално за тебе може да се каже дека умееш да комуницираш, имаш изразен смисол за пишување, со јасна цел пред себе, не сакаш да бидеш во прв ред ама да си до првиот по можност сокриен.
  • Не прифаќаш врски (било какви) ако не се по твој терк.



Благодарам Shi

понеделник, 3 ноември 2008

Fuck off Macedonia, 2008

Македонија, земја во која не се почитуваат законите, земја во која лошите царуваат, земја во која неписмените мудруваат, земја во која силните силуваат, земја во која образованието и здравството е на најниски можни гранки.

Владини мерки по повод светската финансика криза. Компаниите што подолг период имаат неплатени здравствени придонеси, ќе имаат можност да ги замрзнат тие долгови, наредните четири години редовно да си ги плаќаат своите обврски за здравствен придонес и потоа старите обврски ќе им се опростат. А што правиме со оние кои редовно си ги подмирувале своите обврски? Будали!

Хотел Изгрев - Струга. МПЦ сама си го купува на лицитација за 1.5 милиони евра сопствениот хотел? (Вечер, 2008.11.77 - Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!)
  • Многу прашања се отворени во овој случај. Кој и зошто дава пари и кои цели сака да ги постигне. Според некои шпекулации во овој случај замешани се и славните Ламбе Арнаудов и Војо Михајловски.(Кубура - МПЦ: Приказната за Изгрев има и друга страна)
  • Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинов се главните осомничени. МВР соопшти дека кривичните пријави се поднесени против Гордана Петроска, поранешна управителка на фирмата „Миладинов“, струшките судијки Менка Опетческа, Мими Нанушевска и Светлана Попоска, нотарите Мерсим Положани и Сашо Ѓурчиноски, адвокатката Анита Бегова, адвокатот Димитар Савевски, Златко Фармакоски, поранешен раководител во струшкиот катастар, Сузана Блажевска, референт во катастарот, лицата Миодраг Мисајловски, Борис Андреевски и многу други. (2008.12.23, Дневник - Шестмилионски грев со Изгрев)
  • Криминалот тежок 6 милиони евра на крајот може да го плати државата како обесштетување за германската ЛХБ банка. Аргумент со кој банката може да си ги бара парите од државата ќе биде фактот дека во криминалот биле вклучени повеќе државни службеници и раководители во струшкиот катастар, судии, нотари... Има можност правната постапка да се води и пред судот во Стразбур бидејќи европските конвенции предвидуваат и заштита од повредите на правата на правните лица направени преку арбитарно постапување. Правна основа за барање државата да ја надомести штетата има и во Законот за облигациони односи бидејќи таму се предвидува и право на надомест од коруптивни дела. (2008.12.24, Дневник - Гревот за Изгрев ќе го плаќа државата)
  • МПЦ изгледа не е само филијала на Господ во Македонија, туку се занимава и со бизнис. МПЦ била косопственик во Миладинов ДОО со 30 %. Постои уште најмалку една компанија во сопственост на МПЦ, поточно на Скопската Митрополија - КАЛИА ДООЕЛ, регистрирана со седиште во Македонската Архиепископија. МПЦ е основач и сопственик со паричен влог од 176.000 денари. Управител финансискиот советник на Архиепископот, Димитар Белчовски. (2008.12.24, Вечер - По Миладинов ДОО, МПЦ сопственик на уште една компанија)

ХАСАП. Одложено за две години применувањето на системот ХАСАП во индустријата и трговијата со храна и угостителството, повеќето производители и угостителски објекти не се подготвени за строгите норми за безбедност на храната. А тие што на време се подготвиле да го применуваат ХАСАП? Државата ги поеба, ги казни што го почитуваат законот. Државата не само што не казнува нелојална конкуренција, туку таа ја поттикнува. повеќе...

Струја, сметки. Има таквии кои крадат струја и никој не ги открил. Такви кои краделе ама биле откриени. А ги има многу кои сосема легално се приклучени на мрежата ама не ги плаќаат сметките. И сега ЕВН ќе ги помилува сите ако почнат од утре да не крадат и да си ги плаќаат сметките. А колку луѓе не платиле сметка за вода, диво се приклучиле на водоводниот систем, поставиле двапати повеќе радијаторски ребра по единица површина? Дали ќе бидат амнестирани?

Компјутер за секое дете. Септември 2007 - набавени се 100.000 компјутери за средните и основните училишта. Компјутерите стојат во магацините затоа што во училиштата нема соодветна електрична инсталација. Владата ја рекетира ЕСМ-ЕВН да донира 250.000 евра, колку што чини реконструкција на електричната инсталација во 93 средни училишта. Подоцна ќе се испостави дека и клупите не се соодветни да ги поднесат новите компјутери, па е потребна набавка на нови. Иво тврди дека не е проблем што компјутерите ќе застарат бидејќи гаранцијата им траела три години? На помош за средување на електричната инсталација се вклучуваат и Македонски телекомуникации и Македонска радиодифузија. Ова повторно смрди на рекет и јалова работа. А паралелно МОН работело на креирање на дигитални содржини. Учебната 2007/2008 завршува, компјутерите не се ставени во функција. Се дознава дека не се набавени 100.000 компјутери ами само 100.000 монитори и околу 20.000 компјутери. ЕВН одбива да помогне во средувањето на инсталацијата во основните училишта, бидејќи тоа било многу скапо за нив. Ако поставувањето на хардверската инсталација е толку комплицирано, тогаш што ќе правиме со инсталацијата на софверот? Најверојатно ќе се случи компјутерските монитори да им служат на учениците како огледала и паравани за препишување.(повеќе...)

Хисен Џемаили. Полицијата не може да го уапси актуелниот пратеник кој се бара со потерница. Џемаили заедно со уште 21 се обвинети за малтретирање на Мавровските работници, воено злосторство од 2001 година. Дали ќе биде амнестиран?

Двокатни автобуси во Скопје. Министерот за евроинтеграција се занимава со јавниот градски превоз, како владата и самиот тој да немаат поприоритетни државнички работи. Ама затоа пак за некој ден ќе добиеме негативен извештај од ЕУ. Според Боцевски, Македонија ќе била спремна секоја секунда да влезе во ЕУ доколку го снема проблемот со името.

Патриотски фискални сметки. Не постои критериум да се оцени која услуга или производ се македонски а кои не се. Доколку и постои тој е толку комплициран и недоверлив што не се исплати да се размислува за него. Апсолутно е небитно за потрошувачот да знае кој производ со какво потекло е. Како потрошувач првенствено заинтересиран сум за квалитетот и цената на производот/услугата. Целата оваа акција на владата личи на државен рекет. (повеќе...)

Трговскиот дефицит во надворешно трговската размена во периодот јануари-септември изнесува над 2,22 милијарди долари, соопштува Државниот завод за статистика.

Тобако мафија. Дали со апсењето на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу се расчистува со тобако мафијата во Македонија? Да, еден криминалец помалку. Но дали со ова само не се расчистува просторот за останатите играчи?

  • Тутунските комбинати со своите нелегални активности го оштетиле државниот буџет за повеќе од 40 милиони евра. Покрај тутунскиот комбинат Боро Петрушевски - Папучар од Куманово и другите тутунски комбинати изминативе две години не го поштедиле државниот буџет, во кој избегнувале да платат акциза. Во нелегален тутунски бизнис бил вмешан и комбинатот Јака табак од Радовиш како и штипското акционерско друштво Југотутун, прилепскиот тутунски комбинат, охридското АД Табак тутун. (Време, 2008.11.20 - Тутунската мафија пеплоса 40 милиони евра народни пари)

Распределба на државно земјиште. Министерството за земјоделие, подрачна единица во Штип делело државно земјиште без јавен оглас. Како против услуга за добиената земја службеници во МЗ биле наградувани со уплата на договорениот износ на пари на сметка како донација. Некои од договорените странки наместо пари се раздолжувале во натура со дел од приносот, пченица или јачмен. Земјиштето било делено на бизнисмени, политичари, професори, поранешни градоначалници и други функционери. Државното земјоделско земјиште закупено на 30 години веднаш било трансформирано во градежно. (Вест, 2008.11.15 - Маца омрсила видни штипјани со државна земја).
  • 2008.12.01 Против Маца Василева има поднесено кривична пријава поради сомнение дека ја злоупотребила службената положба и овластување, таа како виш референт во подрачната единица на МЗШВ, од 1999 до 2005 година, склучила 600 договори за закуп на земјоделско и градежно земјиште, шуми и пасишта на територијата на општините Штип и Карбинци. Во име на непостоечка комисијата, ги заверувала договорите со свој потпис и печат од подрачната единица на министерството.(Вечер, 2008.12.01 - Штипјанка го оштетила буџетот за 8,6 млн денари).
  • 2008.12.01 Маца доби уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба, осомничена е дека на повеќе физички и правни лица противзаконски им издала под закуп 406 хектари државно земјоделско земјиште, пасишта и шуми во општините Штип и Карбинци. На тој начин го оштетила државниот буџет за околу девет милиони денари. Осомничената од закупувачите барала парите да и ги плаќаат на рака, со изговор дека таа потоа ќе ги уплаќала на сметка, но ги задржувала за себе. Заедно со Маца, за истото дело се осомничени и И.В.(43) и Ј.П.(59), поранешни раководители на Подрачната единица. Тие знаеле за незаконските договори што ги правела Маца ама не презеле ништо за да ја спречат, па дури вршеле и увид на парцели што референтката незаконски ги давала под закуп.(Дневник, 2008.12.12 - Нова кривична пријава за референтката од Штип).


copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.