вторник, 29 септември 2009

Апашот од МОН за македонски амбасадор во Австралија

Со 203.000 денарчиња во џебче, документирани од државниот завод за ревизија, а колку ли има неевидентирано? Апашот после неговата оставка од позицијата министер во МОН деновиве е именуван за амбасадор на Република Македонија во Австралија.

Види исто така:

сабота, 26 септември 2009

Сите посрани е-услуги за граѓаните на МИО

Има едно министерство во Владата на Република Македонија, наречено Министерство за информатичко општество, кои троши народни пари на проекти чија успешност е чисто промашување. Пример на нивната веб страница за е-услуги за граѓаните напишале:

  • Приказ на топографски карти и авионски фото снимки, сервисот е мртов?
  • Преглед на катастарски податоци, функционален сервис, со катастрофално лош интерфејс, услугите кои се нудат бесплатно се практично неупотребливи, ама затоа услугата проверка на товар се наплаќа. Начинот на регистрирање на корисничка сметка припаѓа во каменото информатичко доба.
  • Електронско учење е уште една таканаречена е-услуга која е нефункционална. Горе долу убаво средена почетна страница, но пробајте да одите чекор понатаму и ќе се разочарате што воопшто сте дошле на оваа страница. Патем овој проект наводно бил подржан од USAID и некои си internews. Па уште и ставиле copyright, демек има што да се копира, не благодарам!
  • Е-увид во имотен лист е иста услуга како и Преглед на катастарски податоци, така што не морале два пати да ја набројуваат
  • Барање работа, води кон убаво средена насловна страница, која има и прилично добра содржина. На веб страната има друи и берза на вработувања. Иако системот за пребарување и огласување на работни места не ми се допаѓа воопшто, сепак овој проект кој што го навеле, може да добие позитивна оценка.
  • Студентски и ученички бенефиции, катастрофално лош кориснички дизајн. Веб апликација која воопшто не е стабилна и на нејзините корисници им задава повеќе маки отколку што им го олеснува животот. Единствено за што може да се користи е како огласна табла за некои соопштенија. Еден голем минус за оваа услуга.
  • Електронско тестирање, уште една катастрофално лоша веб страна. Освен насловната страница се друго воопшто не функционира. Се прашувам дали некој воопшто се грижи за овие страници. Се чини дека имаат проблем со database опслужувачот.


Додека ова го пишувам низ прозорецот гледам огномет кој се случува некаде во центарот на градот. Без разлика по кој повод е организиран овој огномет, мене ми личи дека ние си ја славиме нашата глупост.


copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.