недела, 22 април 2012 г.

Убиство на Велики Четврток

На Велики Четврток Господ ги востановил двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија и Исусовата молитва. На Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започнува со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; а завршува со предавството на Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од дванаесеттемина најблиски Христови ученици.

На Велик Четврток ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.

Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда а на крајот на Петар. Тајната вечера е вториот настан. Христос му рекол само на Јована: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде.“ Лебот квасен го претставува телото Христово. Јуда се договара со првосвештениците да го предаде Христа за триесет сребреника. По вечерата, учениците отишле на Маслиновата Гора, во градината Гетсиманија. Христос му рече на Петар: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати.“ Тројното Петрово одречување ги претставува гревовите на сите луѓе против Бога: заповедта што ја прекрши Адам; прекршувањето на Пишаниот закон; прекршувањето на заповедите на воплотеното Слово.

Смилковското езеро симболички може да се поврзе со празнувањето на првиот настан, миење на нозете?

Убиени се петмина. Се претпоставува дека убијци се тројца, според анализите на испуканите чаури се пукало од три различни оружја. Претпоставка е дека убијците имале и своја дополнителна логистика, најмалку возач на опелот а можеби и пазач/чувар. Најверојатно убијците имале најмалку уште едно возило со кое го напуштиле местото каде е оставен опелот.

Имале ли убијците Тајна вечера после убиството?

Убиени се четири момчиња на возраст од 17 до 20 години и на едно постаро лице, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и на Борче Стевковски (45) од село Црешево. Во 18 часот Филип Славковски се јавил од својот мобилен на мајкаси, која изјавила дека не почуствувала никаква вознемиреност кај својот син. Значи во тоа време секако не се случило убиството. Некаде околу 20.00 часот никој не се јавувал на мобилниот на Цветанчо Ацевски на повиците од неговите домашни. Најверојатно убиството е сторено во периодот помеѓу 19 и 20 часот. Сведок од Смилковци тврди дека чул истрели околу 19.15 часот. Може ли да се изврши увид во сообраќајот на мобилните оператори од базните станици кои го покриваат тој реон? Можно е убијците да комуницирале меѓу себе во тој период.

Телата на убиените се пронајдени околу 22.30 часот од други рибари на езерото.

Полицијата е таа која има најповеќе податоци за да ги разоткрие извршителите на ова петкратно убиство.

Според истрагата од обдукцијата, кон жртвите е пукано од голема близина, со најмалку три видови на оружје, од најмалку три позиции. Врз жртвите е пукано одозгора и од близу, куршумите не се заглавувале во главите на жртвите, туку оделе надолжно по клекнатите тела и правеле повеќе додатни повреди (кршење на вилична коса, повреди на крвните садови во нозете). Борче Стевковски исто така е застрелан од близу со три куршуми во главата.

Опел

Во понеделникот е откриен и опелот на засега непозната за јавноста локација. Локацијата на пронајдениот опел може да претставува вистински или лажен траг. Изминато е прилично долго време од моментот на убиството до моментот на пронаоѓање на опелот. Можеби ако се откриеше ова возило побрзо, ќе имаше повеќе сведоци кои ќе дадеа корисни информации. Вака сеќавањата избледуваат, а и се јавуваат дополнителни калкулации кај сведоците зошто би посведочела ако се работи за така голема завера?

Поминати се веќе десетина дена но сеуште полицијата не влегла на вистински траг на убијците. Прашање е дали воопшто ќе влезе во траг т.е. дали ќе ги разоткрие.

Место на злосторот.

Местото на злосторот е речиси идеално избрано. Се наоѓа близу автопат, близу границата, во реон каде полицијата и така многу многу не оперира, се наоѓа близу до аеродромот. Можно ли е убијците да ја напуштиле земјава со авион? Дали имале доволно време за тоа? Дали убијците ја напуштиле земјата со своето второ возило? На кој граничен премин ја напуштиле земјата? Дали убијците ја напуштиле земјата со автобус или воз? Дали воопшто ја напуштиле земјата? Дали сите ја напуштиле земјата или некој од нив останал? Дали имале и свои јатаци во земјата.

Од 20.00 часот до кога веќе со сигурност се знае дека е извршен злосторот, па до 22.30 часот кога се пронајдени телата од страна на други рибари убијците имале доволно време да бидат далеку и на сигурно од местото на злосторот.

МПЦ одржа свештена молитва за убиството на петтемина.

Полициската истрага со голема веројатност утврдила дека остатоците од кал/земја на гумите од тркалата на опелот се совпаѓаат со земјата околу езерото. Значи опелот е добра трага кон убијците. Полицијата вели дека знае кој го внел опелот во земјата за понатамошна препродажба. Полицијата вели дека знае дека регистарските таблички на опелот се украдени од друго возило, мерцедес, кое не е во употреба. Овие сознанија можат да ја прошират истрагата кон лицата кои имале врска со овие возила. Препродавачот кому му го препродал опелот? Како се случило регистарските таблички да бидат злоупотребени?

Во јавноста се појавија претпоставки дека убиството кај Смилковското езеро е обид за забавување на полициската акција „Детонатор“. Ако тоа е точно тогаш убијците може да се бараат во луѓето засегнати со оваа полициска акција. Некој кој е веќе загрозен со акцијата односно е потенцијално загрозен. Оваа претпоставка има и една друга димензија, имено можно е партијата на власт самата да увиде дека предлабоко навлезе во ризични води со акцијата „Детонатор“ и дека посакуваните ефекти не се остварија, фактички самите си пукаа во нога, се испостави дека нивни луѓе го правеле овој криминал кој сега го ловат, дека државни органи замижувале пред криминалот кој е разоткриен, се внесувале во земјава уреди за коцкање без знаење на царината, комарот се одвивал во простории за кои УЈП било слепо, МВР исто така биле слепи за овие активности. Значи мотив за стопирање на акцијата „Детонатор“ има и владејачката партија. Факт е дека десетина дена по преткратното убиство веќе не се слуша ништо за „Детонатор“, едноставно акцијата е запрена.

Во јавноста се појавија и претпоставки дека убиството на петтемина кај Смилковското езеро е направено за да се предизвика криза во државата на етничка основа. Овие претпоставки се поткрепени со фактот дека сите убиени се македонци а се спинува дека убијците се албанци. Дури во еден странски медиум беа извртени фактите, дека наводно убиените биле албанци а убијците македонци. Во тој случај можно е убијците да се и од надвор.

Индикативен е и протестот кој за повод го имаше петкратното убиство и се одржа во Скопје. Наводно организиран од млади. Протестот беше насочен кон владата, демек да преземеле построги мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите на убиството. Во суштина имаше два протеста, еден во петокот, наредниот ден после убиството и еден во неделата, далеку поорганизиран и помасовен, при што имаше и судир на протестантите и полицијата.

Опозициската СДСМ во целиот овој случај остана сосема настрана и не се експонира во медиумите барем не во деновите непосредно пред и по убиството. Најверојатно сватија дека доколку се јават ќе бидат нападнати од страна на ДПМНЕ дека тие стојат зад овие убуства.

Предавството Јудино.

Индикативен е интересот на српските медиуми за настанот. А секако тука е и интересот на бугарските медиуми.

Дури и некоја Армија за ослободување на окупираните албански земји, организација од Косово се огласи со ултиматум до Владата на РМ во рок од две недели да Владата да се повлече од окупираните и колонизирани албански земји а доколку тоа не се случи таа ќе ги нападнеле славомакедонските полициски и воени структури. Ако тоа не се случело , оваа организација нема да седи со вкрстени раце туку ќе го вратат огнот со оган, ќе се одмаздат, око за око, рака за рака.

Мотив за ова повеќекратно убиство може да се бара и во неодамнешните тепачки на ученици по автобусите на ЈСП, по улиците во Тетово а најверојатно предизвикани од двократното убиство на двајца албанци во Гостивар од страна на полицаец.

Сеуште не се знае за мотивите на убијците. Не се знае кој е нарачателот.

Сеуште не се знае какви тектонски поместувања во државата ќе предизика ова масовно обиство, кое некои веќе го споредија со атентатот врз Киро Глигоров.

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.