Решенијата за определување лица во комисиите и износите на нивните хонорари вообичаено ги потпишува министерот, неговиот заменик, државниот секретар или овластен висок раководител од секторите за сметководство и финансии.
Министерство за финасии:
- Комисија за денационализација, џебовите на поединци се полнеле до фантастични 6.000 евра месечно.
- Комисија за утврдување надоместок,
- Комисија за функционалност,
- Комисија за процени на имоти,
Славески признаva дека пропусти на тој план има и дека во пресметката на надоместоците биле направени грешки. „Точно е дека се исплатени поголеми суми, но не станува збор за екстремни надоместоци. Луѓето не се виновни, тие ќе ги вратат парите. За случајот со хонорари се алармирани сите контролни механизми. Наскоро посебна комисија за материјална одговорност, во која еден член е од Агенцијата за државни службеници, ќе испита што се случило“.
Никола Поповски во својот мандат памети дeка биле исплаќани пари за работа на комисиите од денационализација, знае дека имало бонуси што се движеле од 10.000 до 12.000 денари.
Министерство за образование и наука:
- Комисија за нострификација, за еден месец се земале бонуси од 360.000 денари.
- Комисија за попис на инвентарот, надоместок од 20.000 денари.
Перо ќе ги преиспитал сите решенија врз основа на кои се вршела исплата на хонорарите на сите лица ангажирани во најразлични комисии.
Нема коментари:
Објави коментар