Со 203.000 денарчиња во џебче, документирани од државниот завод за ревизија, а колку ли има неевидентирано? Апашот после неговата оставка од позицијата министер во МОН деновиве е именуван за амбасадор на Република Македонија во Австралија.
Види исто така:
вторник, 29 септември 2009 г.
сабота, 26 септември 2009 г.
Сите посрани е-услуги за граѓаните на МИО
Има едно министерство во Владата на Република Македонија, наречено Министерство за информатичко општество, кои троши народни пари на проекти чија успешност е чисто промашување. Пример на нивната веб страница за е-услуги за граѓаните напишале:
Додека ова го пишувам низ прозорецот гледам огномет кој се случува некаде во центарот на градот. Без разлика по кој повод е организиран овој огномет, мене ми личи дека ние си ја славиме нашата глупост.
- Приказ на топографски карти и авионски фото снимки, сервисот е мртов?
- Преглед на катастарски податоци, функционален сервис, со катастрофално лош интерфејс, услугите кои се нудат бесплатно се практично неупотребливи, ама затоа услугата проверка на товар се наплаќа. Начинот на регистрирање на корисничка сметка припаѓа во каменото информатичко доба.
- Електронско учење е уште една таканаречена е-услуга која е нефункционална. Горе долу убаво средена почетна страница, но пробајте да одите чекор понатаму и ќе се разочарате што воопшто сте дошле на оваа страница. Патем овој проект наводно бил подржан од USAID и некои си internews. Па уште и ставиле copyright, демек има што да се копира, не благодарам!
- Е-увид во имотен лист е иста услуга како и Преглед на катастарски податоци, така што не морале два пати да ја набројуваат
- Барање работа, води кон убаво средена насловна страница, која има и прилично добра содржина. На веб страната има друи и берза на вработувања. Иако системот за пребарување и огласување на работни места не ми се допаѓа воопшто, сепак овој проект кој што го навеле, може да добие позитивна оценка.
- Студентски и ученички бенефиции, катастрофално лош кориснички дизајн. Веб апликација која воопшто не е стабилна и на нејзините корисници им задава повеќе маки отколку што им го олеснува животот. Единствено за што може да се користи е како огласна табла за некои соопштенија. Еден голем минус за оваа услуга.
- Електронско тестирање, уште една катастрофално лоша веб страна. Освен насловната страница се друго воопшто не функционира. Се прашувам дали некој воопшто се грижи за овие страници. Се чини дека имаат проблем со database опслужувачот.
Додека ова го пишувам низ прозорецот гледам огномет кој се случува некаде во центарот на градот. Без разлика по кој повод е организиран овој огномет, мене ми личи дека ние си ја славиме нашата глупост.
Категорија:
е-услуги,
Македонија,
МИО,
неефикасна влада
сабота, 7 февруари 2009 г.
Државен завод за статистика
Деновиве имав потреба од некои статистички податоци за Македонија. Се разбира веднаш на што помислив беше веб страната на нашиот Државен завод за статистика. Бидејќи не ја користам често оваа страница, потребен ми беше google за да дојдам до нивниот URL, ништо страшно, денес не мора ништо да помниш, доволно е да загуглаш и најверојатно ќе добиеш врска кон она што ти треба.
И така стигнав на веб страната на нашиот државен завод за статистика, убав и шарен, мава со сина боја. Тоа што не користи половина од широчината на мојот монитор ми пречи ама што да правиме, 90% од веб страните така функционираат, барем кај нас во Македонија. Веројатно ја имаат дизајнирано веб страницата кога 800*600 резолуцијата на нашите екрани беше закон, па така од тогаш немале време да одат во чекор со подобрувањата на мониторите. Но тоа може да значи дека во оваа институција се занимавале со далеку посериозни работи. Што секако е добро, бидејќи ќе стигнам до податоците кои ми се потребни.
Графички убаво обликувани паѓачки менија. Башка веб страната е двојазична, ја има и на англиски јазик. Тоа што ако се наоѓате во некоја секција, да речеме земјоделство и шумарство, после менувањето на јазик (од македонски на англиски и обратно) секогаш ве носи на почетната страница, веројатно е пропуст на дизајнерите и тоа никој до сега не го забележал иначе веднаш ќе го исправеле. Само се прашувам дали некој од нив воопшто ја прелистува веб страната?
Ок, кој ми е виновен мене, што барам јајце во влакното. Да си терам јас кон мојата цел, до моите податоци. Еве ме интересираат некои податоци за пописот. Притискам на соодветното мени и стигнувам до Попис 2002. Една HTML страничка која многу не кажува за пописот, туку за тоа дека заводот подготвил книга за пописот и тоа во PDF формат.
Ок ја симнав, цели 384 KB. Искрено мене не ме интересираше целата книга, мене ме интересираа само некои податоци и очекував дека тоа ќе го видам директно на веб страницата. И така мојата интернет конекција е слаба, така да симнувањето на податотека со големина од 384 KB скапо ќе ме чини, ќе потрошам и време и интернет сообраќај. Но друг избор немам.
Ја прелистувам PDF книгата, веројатно другариве од заводот сметаат дека тоа е врвот на дигитализацијата, да се среди PDF книга и да се овозможи заинтересираните да ја симнуваат од нивната веб страна. Книгата е исто така двојазична (македонски и англиски). Сега веќе ми пречи тоа. Ако на нивната веб страна кога ќе изберев јазик, сите информации ми беа на тој јазик, сега во PDF книгава тоа не можам да го направам. Но и тоа не мора да е хендикеп, туку ќе да е предност. Покрај другото ќе си го извежбам и мојот англиски јазик.
Вели: Number od pages 52, Number of copies printed 300? Од кај па знаат дека 300 копии е бројот на испечатени копии, веројатно тие за себе си испечатиле толку и ја вметнале оваа бројка во PDF книгата. И така си читам страна на македонски, страна на англиски јазик. Попат си подучувам англиски и си думам дека не биле 52 страници, туку само 26. Што е и добро, бидејќи ако беше неколку јазично издание, ќе добиев 384 KB PDF книга со само неколку страничиња. Вака добивам цели 26 на македонски јазик, вклучително и насловната страница и страницата за содржина.
И читам, читам, до страница 13, методолошки објаснувања на македонски јазик, па продолжувам да читам до страница 19 истото тоа ама на англиски јазик. И така стигнувам до страница 20, на двојазична табела со податоци за населението по општини. Убаво.
PDF книгата може да си ја зачувате на вашиот диск. Може да селектирате дел од текстот во неа и да го копирате во некој ваш документ. За жал текстот не е пишуван во unicode, така да ќе морате да си набавите старински фонт за да можете тоа што сте го копирале да го исчитате на кирилица, или пак со помош на некој конвертор да го претворите во unicode текст. Па си се прашувам повторно, во кое време живеат и работат другарите од заводот за статистика? Се до 2005 година (кога е создадена оваа PDF книга) најверојатно не слушнале за unicode. Незнам за сега, но се надевам ако не слушнале до сега, дека ќе го прочитаат овој текст и ќе превземат нешто и во таа смисла.
Ги имаме следниве табели:
1: Вкупно население, домаќинства и станови во Република Македонија
2: Вкупно население на Република Македонија според петгодишни групи на возраст, по пол - вкупно
2a: Total population of the Republic of Macedonia according to five-years age groups, by sex - Male
2b: Total population of the Republic of Macedonia according to five-years age groups, by sex - Female
3: Total population of the Republic of Macedonia according the ethnic affiliation
4: Total population of the Republic of Macedonia at 10 years of age and over according to sex and literacy
5: Total population of the Republic of Macedonia at 15 years of age and over according to the educational attainment
6: Total population in the country at 15 years of age and over, according to the activity - Total
6a: Total population in the country at 15 years of age and over, according to the activity - Male
6b: Total population in the country at 15 years of age and over, according to the activity - Female
7: Individual households according to the type, size and composition
8: Type of living quarters, number and floor surface of dwellings, number of individual households and average floor surface by member of individual households
Насловите на погорните табели ги преземав на англиски, бидејќи поубаво ми стои латиница на англиски отколку латиница на македонски.
И крај на PDF книгата, вкупно 10 табели. Не видов некој графикон, а можеле да се потрудат да го направат и тоа. Освен картата со територијалната поделба на државата нема ништо друго во боја. Рака на срце и нема потреба од тоа, бидејќи се работи за текстуални податоци. Но сепак ова е PDF книга која ја даваат во електронска форма и можеле да вметнат и некоја графичка илустрација во боја. Дополнително можеле да вметнат и URL врски за дополнителни информации кон нивната веб страница, ама тоа не им текнало.
Искрено, ги најдов податоците кои ги барав. Но сепак тоа можеше да биде побрзо, доколку веб страната на заводот за статистика тоа ми го овозможеше.

статистика
среда, 28 јануари 2009 г.
Fuck off Macedonia, 2009
Македонија, земја во која не се почитуваат законите, земја во која лошите царуваат, земја во која неписмените мудруваат, земја во која силните силуваат, земја во која образованието и здравството е на најниски можни гранки. Земја во која земјоделецот секогаш е ебана страна.(Види исто така Fuck off Macedonia, 2008) |
- Swedmilk. Swedmilk, приватна млекарница, на своите кооперанти - фармерите млекопроизводители, им должи над 3 милиони евра. Овие пак знаат дека нивните договори се со приватна фирма, но вршат притисок врз Владата да им помогне да си ги наплатат побарувањата, не им одговарало да ја тужат млекарницата. (Вест, 2009.01.28 - Каде исчезнаа парите од "Свидмилк"?, Вест, 2009.01.28 - Банките ги активираа хипотеките на фармерите)
Категорија:
Македонија,
неефикасна влада,
нефункционално општество
Претплати се на:
Објави (Atom)