Македонија, земја во која не се почитуваат законите, земја во која лошите царуваат, земја во која неписмените мудруваат, земја во која силните силуваат, земја во која образованието и здравството е на најниски можни гранки. |
Владини мерки по повод светската финансика криза. Компаниите што подолг период имаат неплатени здравствени придонеси, ќе имаат можност да ги замрзнат тие долгови, наредните четири години редовно да си ги плаќаат своите обврски за здравствен придонес и потоа старите обврски ќе им се опростат. А што правиме со оние кои редовно си ги подмирувале своите обврски? Будали!
Хотел Изгрев - Струга. МПЦ сама си го купува на лицитација за 1.5 милиони евра сопствениот хотел? (Вечер, 2008.11.77 - Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!)
- Многу прашања се отворени во овој случај. Кој и зошто дава пари и кои цели сака да ги постигне. Според некои шпекулации во овој случај замешани се и славните Ламбе Арнаудов и Војо Михајловски.(
Кубура - МПЦ: Приказната за Изгрев има и друга страна ) - Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинов се главните осомничени. МВР соопшти дека кривичните пријави се поднесени против Гордана Петроска, поранешна управителка на фирмата „Миладинов“, струшките судијки Менка Опетческа, Мими Нанушевска и Светлана Попоска, нотарите Мерсим Положани и Сашо Ѓурчиноски, адвокатката Анита Бегова, адвокатот Димитар Савевски, Златко Фармакоски, поранешен раководител во струшкиот катастар, Сузана Блажевска, референт во катастарот, лицата Миодраг Мисајловски, Борис Андреевски и многу други. (
2008.12.23, Дневник - Шестмилионски грев со Изгрев ) - Криминалот тежок 6 милиони евра на крајот може да го плати државата како обесштетување за германската ЛХБ банка. Аргумент со кој банката може да си ги бара парите од државата ќе биде фактот дека во криминалот биле вклучени повеќе државни службеници и раководители во струшкиот катастар, судии, нотари... Има можност правната постапка да се води и пред судот во Стразбур бидејќи европските конвенции предвидуваат и заштита од повредите на правата на правните лица направени преку арбитарно постапување. Правна основа за барање државата да ја надомести штетата има и во Законот за облигациони односи бидејќи таму се предвидува и право на надомест од коруптивни дела. (
2008.12.24, Дневник - Гревот за Изгрев ќе го плаќа државата ) - МПЦ изгледа не е само филијала на Господ во Македонија, туку се занимава и со бизнис. МПЦ била косопственик во Миладинов ДОО со 30 %. Постои уште најмалку една компанија во сопственост на МПЦ, поточно на Скопската Митрополија - КАЛИА ДООЕЛ, регистрирана со седиште во Македонската Архиепископија. МПЦ е основач и сопственик со паричен влог од 176.000 денари. Управител финансискиот советник на Архиепископот, Димитар Белчовски. (
2008.12.24, Вечер - По Миладинов ДОО, МПЦ сопственик на уште една компанија )
ХАСАП. Одложено за две години применувањето на системот ХАСАП во индустријата и трговијата со храна и угостителството, повеќето производители и угостителски објекти не се подготвени за строгите норми за безбедност на храната. А тие што на време се подготвиле да го применуваат ХАСАП? Државата ги поеба, ги казни што го почитуваат законот. Државата не само што не казнува нелојална конкуренција, туку таа ја поттикнува. повеќе...
Струја, сметки. Има таквии кои крадат струја и никој не ги открил. Такви кои краделе ама биле откриени. А ги има многу кои сосема легално се приклучени на мрежата ама не ги плаќаат сметките. И сега ЕВН ќе ги помилува сите ако почнат од утре да не крадат и да си ги плаќаат сметките. А колку луѓе не платиле сметка за вода, диво се приклучиле на водоводниот систем, поставиле двапати повеќе радијаторски ребра по единица површина? Дали ќе бидат амнестирани?
- Ем не плаќаат сметки за струја ем протестираат зошто струјата им е исклучувана по неколку часа во текот на денот. Некои немале платено ниту една сметка од 2001 година па наваму, а некои и подолго. Безбедноста на вработените во ЕВН кои работат на терен во некои општини е загрозена. ЕВН вели дека покрај тоа што сметките не се плаќаат има и диво приклучување на електричната мрежа преку кои се краде струја, најверојатно најчесто за загревање на домовите.(2008.11.27, Утрински весник - Арачиново и Кондово повторно без струја)
- Анкетно прашање: На што се греете преку зима? На струја, нормално. Немам работа, немам плата, на што да се греам. (2008.11.29, Вест - Тие што не плаќаат даноци и придонеси посилни се од државата )
- Процентот на наплата во ромското маало во Љубош се движи околу 0,5%. Половина од населението во овој дел од селото не ги плаќа сметки, а и оние што плаќале, прекинале, па сега ги исполнуваат условите за исклучување. Другата половина од жителите се приклучени на мрежата на диво. (2008.12.24, Вест - Неплаќачи од Љубош 4 часа ја држеле екипата на ЕВН во заложништво, полицијата немоќна)
Компјутер за секое дете. Септември 2007 - набавени се 100.000 компјутери за средните и основните училишта. Компјутерите стојат во магацините затоа што во училиштата нема соодветна електрична инсталација. Владата ја рекетира ЕСМ-ЕВН да донира 250.000 евра, колку што чини реконструкција на електричната инсталација во 93 средни училишта. Подоцна ќе се испостави дека и клупите не се соодветни да ги поднесат новите компјутери, па е потребна набавка на нови. Иво тврди дека не е проблем што компјутерите ќе застарат бидејќи гаранцијата им траела три години? На помош за средување на електричната инсталација се вклучуваат и Македонски телекомуникации и Македонска радиодифузија. Ова повторно смрди на рекет и јалова работа. А паралелно МОН работело на креирање на дигитални содржини. Учебната 2007/2008 завршува, компјутерите не се ставени во функција. Се дознава дека не се набавени 100.000 компјутери ами само 100.000 монитори и околу 20.000 компјутери. ЕВН одбива да помогне во средувањето на инсталацијата во основните училишта, бидејќи тоа било многу скапо за нив. Ако поставувањето на хардверската инсталација е толку комплицирано, тогаш што ќе правиме со инсталацијата на софверот? Најверојатно ќе се случи компјутерските монитори да им служат на учениците како огледала и паравани за препишување.(повеќе...)
Хисен Џемаили. Полицијата не може да го уапси актуелниот пратеник кој се бара со потерница. Џемаили заедно со уште 21 се обвинети за малтретирање на Мавровските работници, воено злосторство од 2001 година. Дали ќе биде амнестиран?
Двокатни автобуси во Скопје. Министерот за евроинтеграција се занимава со јавниот градски превоз, како владата и самиот тој да немаат поприоритетни државнички работи. Ама затоа пак за некој ден ќе добиеме негативен извештај од ЕУ. Според Боцевски, Македонија ќе била спремна секоја секунда да влезе во ЕУ доколку го снема проблемот со името.
Патриотски фискални сметки. Не постои критериум да се оцени која услуга или производ се македонски а кои не се. Доколку и постои тој е толку комплициран и недоверлив што не се исплати да се размислува за него. Апсолутно е небитно за потрошувачот да знае кој производ со какво потекло е. Како потрошувач првенствено заинтересиран сум за квалитетот и цената на производот/услугата. Целата оваа акција на владата личи на државен рекет. (повеќе...)
Трговскиот дефицит во надворешно трговската размена во периодот јануари-септември изнесува над 2,22 милијарди долари, соопштува Државниот завод за статистика.
Тобако мафија. Дали со апсењето на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу се расчистува со тобако мафијата во Македонија? Да, еден криминалец помалку. Но дали со ова само не се расчистува просторот за останатите играчи?
- Тутунските комбинати со своите нелегални активности го оштетиле државниот буџет за повеќе од 40 милиони евра. Покрај тутунскиот комбинат Боро Петрушевски - Папучар од Куманово и другите тутунски комбинати изминативе две години не го поштедиле државниот буџет, во кој избегнувале да платат акциза. Во нелегален тутунски бизнис бил вмешан и комбинатот Јака табак од Радовиш како и штипското акционерско друштво Југотутун, прилепскиот тутунски комбинат, охридското АД Табак тутун. (Време, 2008.11.20 - Тутунската мафија пеплоса 40 милиони евра народни пари)
Распределба на државно земјиште. Министерството за земјоделие, подрачна единица во Штип делело државно земјиште без јавен оглас. Како против услуга за добиената земја службеници во МЗ биле наградувани со уплата на договорениот износ на пари на сметка како донација. Некои од договорените странки наместо пари се раздолжувале во натура со дел од приносот, пченица или јачмен. Земјиштето било делено на бизнисмени, политичари, професори, поранешни градоначалници и други функционери. Државното земјоделско земјиште закупено на 30 години веднаш било трансформирано во градежно. (Вест, 2008.11.15 - Маца омрсила видни штипјани со државна земја).
- 2008.12.01 Против Маца Василева има поднесено кривична пријава поради сомнение дека ја злоупотребила службената положба и овластување, таа како виш референт во подрачната единица на МЗШВ, од 1999 до 2005 година, склучила 600 договори за закуп на земјоделско и градежно земјиште, шуми и пасишта на територијата на општините Штип и Карбинци. Во име на непостоечка комисијата, ги заверувала договорите со свој потпис и печат од подрачната единица на министерството.(Вечер, 2008.12.01 - Штипјанка го оштетила буџетот за 8,6 млн денари).
- 2008.12.01 Маца доби уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба, осомничена е дека на повеќе физички и правни лица противзаконски им издала под закуп 406 хектари државно земјоделско земјиште, пасишта и шуми во општините Штип и Карбинци. На тој начин го оштетила државниот буџет за околу девет милиони денари. Осомничената од закупувачите барала парите да и ги плаќаат на рака, со изговор дека таа потоа ќе ги уплаќала на сметка, но ги задржувала за себе. Заедно со Маца, за истото дело се осомничени и И.В.(43) и Ј.П.(59), поранешни раководители на Подрачната единица. Тие знаеле за незаконските договори што ги правела Маца ама не презеле ништо за да ја спречат, па дури вршеле и увид на парцели што референтката незаконски ги давала под закуп.(Дневник, 2008.12.12 - Нова кривична пријава за референтката од Штип).
Нема коментари:
Објави коментар