- А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето
- А'кл не се купува, ами се печали
- А'кл не ми давај, пари ми дај
- Ај без пари, ај без ум, се едно ти е
- Ај нему си му зборувал, ај на дрво
- Ајванот се врзува со јаже, а човек со збор
- Ајдукот ајдук фаќа, а друг не може да го фати
- Ако бегаш од арно, ќе паднеш на зло
- Ако беше арна работата, и владиката ќе работеше
- Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си
- Ако бидеш мост, секој ќе те гази
- Ако гори куќата од комшијата, варди ја и твојата
- Ако врне се жалат на влага, ако не врне се жалат на суша
- Ако е кус денот, долга е годината
- Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит мученица
- Ако е мома, нека си седи дома
- Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко
- Ако е цар, не е господ
- Ако е човек сиромав, барем да е здрав
- Ако е човекот кус од алиштето, можеш да му придадеш
- Ако и служиш на парата, си најсиромав
- Ако игра мечката пред вратата од комшијата, ќе заигра и пред твојата
- Ако имаш вујко владика, лесно ќе станеш поп
- Ако имаш маша не фаќај го огнот со рака
- Ако ја сменил капата, не си го сменил умот
- Ако лошото не бега од тебе, бегај ти од него
- Ако луѓето не се бесни, куќата не е тесна
- Ако ми намигнеш, ќе ти намигнам
- Ако ми попредеш, ќе ти поткам
- Ако не можеш да бидеш богат и личен, можеш да бидиш умен и чесен
- Ако не можеш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка
- Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш
- Ако не ми помогаш, не ми одмагај
- Ако не му беше носон, трева ќе пасеше
- Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци
- Ако не се учи, не може да се научи
- Ако не сум личен, сум чесен
- Ако не умее да направи, умее да расипе
- Ако некој скокне да се дави, не ќе се фрлиш и ти по него
- Ако некој срка лајна, не ќе сркаш и ти со него
- Ако немаш можности да правиш големи работи, прави ги малите работи во голем стил
- Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила
- Ако нешто не разбираш, остај го
- Ако одиш во вистинска насока, и најмал чекор те доближува до целта
- Ако одиш по далечниот пат, порано ќе стасаш
- Ако си мост, секој ќе те гази
- Ако си овца, секој ќе те стриже
- Ако паднеш, падни како маж, а не како жена
- Ако паднеш, падни од маж, а не од жена
- Ако пијам, за мој пари пијам
- Ако по цел ден 'ржиш од бес, не чуди се ако те клоцаат како пес
- Ако помогнеш, ќе ти помогнат
- Ако реков, не пресеков
- Ако сакаш да бидеш среќен, не настојувај секогаш да бидеш во право
- Ако сакаш да жнееш, требат прво да посееш
- Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го
- Ако сакаш некого да го познаеш, напрај го големец
- Ако се јадеше, не ќе висеше
- Ако се плашам од биол, не се плашам и од лепешката
- Ако се плашеше дедо од врапчиња, не ќе посееше просо
- Ако се стори баба момичка, дедо ќе се беќар
- Ако си волк, секој ќе бега од тебе
- Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвири
- Ако си овца, секој ќе те стрижи
- Ако си ортак во работата, не си ортак во верата
- Ако си помогнеме еден со други и господ ќе ни помогне
- Ако си постелеш, ќе легниш
- Ако си сиромав, не биди мрсулав
- Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри
- Ако сме се скарале, очите не сме си ги извадиле
- Ако сум здрав, зошто ми е имот, ако сум болен, зошто ми е имот
- Ако сум сиромав за многу, за малу не сум
- Ако сум ти жена, не сум ти робинка
- Ако ти е криво лицето, не лути му се на огледалото
- Ако ти е тебе мило, мене не ми е
- Ако ти е топла постелата, ќе ти биде студен ручекот
- Ако ти на шега си се женил, јас на шега не сум се омажила
- Ако ти се врзани рацете, устата не ти е врзана
- Ако треба се да знаеш, не треба се да праеш
- Ако тропаш по туѓи врате, ќе ти тропаат и на твојата
- Ако трпиш, како бег ќе живееш
- Ако човек сам не се пострамоти, никој не може да го пострамоти
- Акот на стопанот
- Алваџија за бозаџија
- Ана барат мана
- Арамија да си со умот, а не со раката
- Арамијата ја клал глата в торба
- Арамијата е бериќетлија колку барутот
- Арамијата ја влечкат ортомата по себе
- Арамот секогаш си е арам
- Арен глас — златен појас
- Арен збор — златен клуч
- Арен јунак со добра дружина
- Арна ли ти е жената, свадба не ти треба
- Арна ќуљафка му скроиле
- Арната дума стига далеку, а лошата уште подалеко
- Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дава
- Арната стока сама се продава
- Арниот збор железна врата отвора
- Арниот збор и царска врата отвора
- Арниот јунак, дома не умира
- Арните работи пополека се прават
- Арно братство, помило од богатство
- Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама господ по две добра на едно место не дава
- Арно е се да знаеш, ами не требе се да праеш
- Арното секој го фали, ама секој не го прави
- Арно ти што си видел, ами јас што не сум видел
- Атојте се клоцаат, магарињата ги јадат клоците
- Ах за челад, оф од челад
- All we are is the result of what we have thought. The mind is everything. What we think we become. (Buddha
- Бадијала работи, бадијала не седи
- Барај да најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат
- Без слобода, како риба без вода
- Бели пари за црни дни
- Бесен газ, крвав нос
- Болна жена, болна и куќата
- В секое село треба да имаш по еден пријател
- В'к баница не јаде
- Ведриот ум отсекогаш бил собршен водач до здраво тело
- Вети го само тоа што можеш да го исполниш, а потоа исполни повеќе отколку што си ветил
- Види му го умот, суди му за дома
- Види го прво дрвото, па после седни под него
- Вино носи, вода пиј
- Виното е кисело, ама срцето ни е весело
- Високо дрво плод нема
- Високото дрво и чавките го серат
- Вистината е како пипер в очи
- Во поголем град, поголем глад
- Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари
- Водата спие, душманот не спие
- Волкот си го менува влакното, но не и навиката
- Врана на врана очи не копат
- Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата
- Големата риба помалата ја изедвит
- Големиот човек се покажува по тоа, како се однесува спрема малите луѓе
- Големите луѓе не се занимаваат со мали работи
- Господи, брани од женска беља
- Грешит поп во книга, а не магаре на нива
- Да немаше темница, не ќе ни беше мила светлината
- Дај му на будалата стап за да ти е скршит глата
- Далеку оди, ама и за дома мисли
- Два пати помисли еднас кажи
- Два камена лути не мелат брашно
- Два лешника еден орев кршат
- Две гнезда една квачка не може да квачи
- Две жени пазар, три жени панаѓур
- Ден орење - година јадење
- Добриот другар во неволја се познава
- Добрите пријатели од браќа се помили
- Дојди до крајот како знаеш и умееш...ако издржиш само секунда подолго од твојот противник...Ти си победникот
- Друго кројат глувците, друго мачоро
- Друго мисли кираџијата, друго анџијата
- Дури не мрднит кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа
- Една ластовица не прави пролет
- Едно на срцето, друго на јазикот
- Железото железо трие, а збороите умо
- Железото се чука додека е вруќо
- Жетвар без срп не бива
- Заљудо да имаш, кога не знаиш да си поминиш
- Зла свекрва на позлаа снаа
- Ѕид без малечки камчиња не стои
- Имај време за работа, тоа е цена на успехот
- Јунак без рана не бива
- Каде има сила, нема правдина
- Како ќе дробиш така ќе сркаш
- Книгата дно нема
- Кога имаме среќа среќаваме пријатели; кога среќата ќе ни го заврти грбот среќаваме убави жени
- Кој бега од дош, ќе падни на град
- Кој вино сакат, тој без невеста скакат
- Кој си бие жената тој си бие снагата
- Кој си краде од соно, краде си од веко
- Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават
- Лесно е да се биде богат, тешко е да се биде среќен
- Лозјето сака мотика, нејќе молитва
- Мајката на чедо зло не мисли
- Малите приказни голем ум даваат
- На арниот коњ ѕвонец му ставаат
- На едно лице две усти не биват
- На матна вода јунак не се прави
- На свиња бисер не нижи
- Не дозволувај твоите сништа да обраснат во коров
- На другите секогаш опростувај им, себеси никогаш
- Не пушчај го ј'зикот пред умот
- На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш
- Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот. Биди храбар! Слаткоста на успехот наскоро ќе пријателствува со тебе
- На студ инает не се чини
- Немој да чекориш само по разгазени патеки
- Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето
- Ни во куче вера, ни во лаком мера
- Никој учен не се родил
- Ништо што е вредно во овој живот не е лесно. Потребни се дисциплинираност и сила на волјата
- Од една искра голем оган бидува
- По чужди ноѕе иљада стапој не бољат
- Поважно е што ќе станеш, отколку што ќе постигнеш
- Повеќе пријатели ќе стекнеш за два месеци, ако им посветиш внимание на другите, отколку за две години, ако настојуваш тие да ти посветат внимание
- Под волот теле не се барат
- Покрај суото дрво гори и суровото
- Понекогаш доброто воспитание се состои во тоа, да ги истрпиш невоспитаните
- Понекогаш, повеќе ќе видиш преку срцето, отколку преку окото
- Пријател ти е оној што знае се за тебе, и пак те сака
- Пријателот во нужда се познава, а не на свадба
- Пријатно е кога те фалат, но од пофалбите нема да научиш ништо
- Пружи си ги нозете спроти јоргано
- Пцоисано магаре од в'кот нема гајле
- Работата го краси човека
- Работата го краси човекот, а мразата го гнаси
- Работата да се страшит од тебе, не ти од неа
- Рани куче да те лае
- Само Господ може да гледа од високо. Не потценувај никого
- Секој човек знае нешто што ти не го знаеш. Учи од секого
- Скромноста е чудна работа: Токму кога велиш дека ја имаш, покажуваш дека ја немаш
- Small opportunities are often the beginning of great enterprises. (Demosthenes
- Со еден дирек куќа не се крепит
- Со прдеж боја не се вапцуват
- Според аеродинамичките закони, бумбарот не може да лета. Но тој лета!
Наравоучение: Соништата им се остваруваа само на оние, кои, додека сонуваат - работат! Сонувај слатко
- Тешко на умните, меѓу будалите
- Тиха вода брег рони
- Трпение е многу голем збор, кој навестува зрелост, учтивост и психичко здравје
- Ќе му дојт умот, (ама) откако ќе си ојт кумот
- Устата праит, устата расипуат
- Чавката гулаб не бидуат
- Чивија чивија искарува
- Чирот кај некои луѓе не е од она што го јадат, туку од она што ги јаде! Затоа, немој да се јадосуваш
- Човекот е среќен онолку колку што е способен да ги направи среќни другите луѓе
- Човекот се учи додека е жив
- Што си посејал тоа и ќе ти никне
Нема коментари:
Објави коментар