среда, 22 октомври 2008 г.

Брат


Брат ...
Душата, ми остана на карпите.
Помогни, помогни и да се искачи.
Ја чува табакерата, со писмото.
Не можам да зборувам.
Коските, вилиците ми се искршени.
Црвите, мршата ми ја изедоа.
Само на полноќ, на полна месечина,
Слези долу, помогни и да се искачи.
Немој друго време, опасно е!
Така сме договорени, да знаеш.
Има добри тука, ми помагаат.

***
Синко ...
Брат ти ...
Го загубивме ...
Во планината ...
Во виулиците ...
Мајко доаѓам ...

***
Таму е каде што никогаш немав храброст да одам.
А тој ќе застанеше на самиот раб и ме довикуваше.
Ајде ќе летаме од овдека, како птици со крилја.
Дојди да видиш, ене, долу е водата, таму се душите!
Длабоко во зелената вода, каде небото се отсликува.
Милиони души, души на добри, храбри луѓе.

***
Брат ...
Имам три можности да ти се јавам...
Следниот пат ќе се збогувам со тебе ...
Има добри овде, ми помагаат ...
Да те потсетам имаш уште пет полни месечини ...
Помогни и на душата да се искачи горе ...
Подоцна таму силни ветришта дуваат ...
Сега е добро, после ќе биде доцна ...
Табакерата, дај ја на жена ми ...
Јас ќе разговарам со неа, ќе разбере ...

***
Татко!
Синко!
Го голтна виулицата ...
Нема поштук од него ...
Нигде трага ...
Нигде глас ...
Знам каде е ...
Ќе го најдам ...
Таму е сигурно ...
Слегувам долу ...
Во орловско гнездо ...
Го најдов ...
Жив е ...
Извлечете не од тука ...
Влечете, побрзо, посилно ...
Влечете ...
Синко ...

***
Полна месечина ...
Барам во карпите ...
Орловско гнездо ...
Табакерата, тука е ...
Не ја отворај ...
Оди горе ...
Се качувам нагоре по јажето ...
Ладно ме јавна на плеќите ...
Беше тешко како човек ...
Душата на брат ми ...
Се јазам сантиметар по сантиметар, ...
Ладна пот ме облева ...
Тишина ...
Уште неколку фата и горе сум ...
Наеднаш душата скокна нагоре ...
Јажето се затегна, се занишав на карпата ...
Ми олесна, брзо се искачив горе ...
Светло беше, чиниш ден ...
Брат, ќе ме сониш пак ...
Силни еленски скокови ...
Крупна силуета се бодна кон понорот ...
Плас во водата ...

***
Стојам, стоиме на работ од дупката ...
Солзи се леат од испиените очи,
Ветришта од снегови ги мразат лицата.
Ја испушти душата на моиве раце,
Кога требаше не бев покрај тебе,
Сега, не можам со тебе,
Таму каде што се душите.
Ќе те покријам со црна земја,
Прости, прости ми, брате.
Бев далеку, тогаш кога ти требав.

***
Брат ...
Мораше да остане душата ...
Мојата, не твојата ...
Девет години поминаа ...
Сега сум едно ...
Сега можам да одам кај дедо ...
Вчера беше кај мене ...
Сега си синко со душа ...
Нема да талкаш, ќе бидеш со нас ...
Збогум брате.

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.