среда, 31 декември 2008 г.

2008

Hong Kong Stock Exchange Square Building
Hong Kong Stock Exchange Square Building
Економија
Во јануари 2008, голем пад на берзанските индекси во Европа и Азија со наговестување за големи проблеми во САД. Во Хонг Конг берзанскиот индекс паѓа за 5.5%, најголем пад после терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година. Загуби од 3 до 7% се забележани на берзите во Индија, Кина, Британија, Франција, Германија и Канда. Подоцна следат уште поголеми загуби, ова е само почеток.VOA News, 2008.01.21 - World Stocks Plunge on Fears of US Recession

Политика
  • Косово прогласува независност од Србија. Хашим Тачи изјвува дека Косово ќе биде демократска земја и ќе ги почитува правата на малцинските заедници. Тој очекува неколку земји меѓу кои Британија, САД и повеќе членки на Европската Унија да ја признаат независноста на Косово. Србија и Русија се против независноста на Косово.BBC News, 2008.02.17 - Kosovo MPs proclaim independence, CNN.com, 2008.02.14 - Putin criticizes European 'double standards'
  • Фидел Кастро се повлекува од позицијата претседател на Куба. На оваа позиција доаѓа неговиот брат Раул Кастро.BBC News Online, 2008.02.19 - Fidel Castro announces retirement
  • Ерменскиот претседател Кочаран прогласува вонредна состојба, полицијата добива наредба за употреба на солзавец и огнено оружје за растерување на протестантите. Протестите се организирани од страна на опозицијата која смета дека последните претседателски избори во Ерменија се нелегитимни. Голем број на протестанти се уапсени и повредени а најмалку осуммина се убиени.Reuters, 2008.03.01 - Armenia president declares state of emergency
  • Дмитриј Медведев победува на претседателските избори во Русија, доаѓајќи на местото на Владимир Путин кој претходно владееше два претседателски мандата (по четири години) со Русија. Според проценките на некои аналитичари на овие избори намерно им било забрането учеството на потенцијалните кандидати: Гари Каспаров (поранешен светски шампион во шах), Владимир Буковски (активисти за човекови права), Борис Немцов (реформист) и Михаил Касјанов (поранешен премиер) под изговор дека не задоволувале некои технички критериуми при поднесување на своите кандидатури. Покрај дургото руските медиуми своето внимание главно го имаат насочено кон Медведев а на опозициските кандидати им даваат многу мал публицитет.BBC News, 2008.03.03 - Medvedev 'to continue Putin work'
  • Во Пакистан за првпат во парламентот е избрана жена за претседател. Фахмида Мирза на претседателското место доаѓа од редовите на Пакистанската Народна Партија (ПНП) после општите избори на кои партијата на претседателот Первез Мушараф губи од ПНП.Hindustan Times, 2008.03.19 - Pakistan parliament votes its first woman speaker
  • Опозицијата (главната политичка партија, Движење за Демократски Промени) во Зимбабве прерано прогласи победа на изборите над Роберт Мугабе.CNN, 2008.03.30 - Zimbabwe opposition claims early victory

Еврозона
  • Кипар и Малта, на 1 јануари 2008 година го усвојуваат еврото како своја официјална платежна валута. Бидејќи Кипар и Малта се во различна временска зона, Кипар за еден час порано го има усвоено еврото како своја официјална платежна валута.BBC News, 2008.01.01 - Cyprus and Malta adopt the euro
  • Откриено е дека 73 годишниот австриец Јозеф Фрицл ја држел во заробеништво својата ќерка (сега 42 година) уште од 1984 година. За време на заробеништвото во специјално направени подрумски простории во неговата куќа тој сексуално ја злоупотребувал својата ќерка Елизабет Фрицл уште кога таа имала само 11 години. За време на заробеништвото таа родила седум деца.The Times, 2008.04.27 - Austrian woman was 'imprisoned by father for 24 years'

Воени конфликти
Во Чад кофликт помеѓу регуларната војска и востаниците во Нџамена.Agence France-Presse, 2008.01.02 - Chad military, rebels clash near capital

Хозе Рамос - Хорта, претседател на Источен Тимор, ранет при нападот на востанички војници на неговата куќа близу главниот град Дили. Рамос е пренесен на интензивна нега во градот Дарвин - Австралија.Reuters, 2008.02.10 - East Timor president wounded in rebel attack

Од експлозија на бомба, најмалку 80 луѓе убиени во Јужен Авганистан во околината на градот Кандахар.Reuters, 2008.02.17 - Picnic site blast kills over 80 Afghans

Природни катастрофи


Сообраќајни катастрофи
Во судар на два воза во кинеската провинција Шандонг, загинало 71 лице а преку 400 се повредени.Xinhua, 2008.04.28 - Train collision kills at least 70, injures hundreds


Летни олимписки игри, Пекинг
Протести во Лондон и Париз при пренесувањето на олимпискиот факел во текот на месец април.

Гледај сеир
Претседателот на Франција Никола Саркози се жени со италијанката Карла Бруни во Елисејската палата. Саркози е првиот француски претседател на Петтата Француска Република кој се жени за време на неговиот претседателски мандат но исто така е првиот кој за време на неговиот претседателски мандат се развел.Sky News, 2008.02.02 - France's Nicolas Sarkozy 'marries' Carla Bruni

Бизарности
Откриено е дека 73 годишниот австриец Јозеф Фрицл ја држел во заробеништво својата ќерка (сега 42 година) уште од 1984 година. За време на заробеништвото во специјално направени подрумски простории во неговата куќа тој сексуално ја злоупотребувал својата ќерка Елизабет Фрицл уште кога таа имала само 11 години. За време на заробеништвото таа родила седум деца.The Times, 2008.04.27 - Austrian woman was 'imprisoned by father for 24 years'

петок, 19 декември 2008 г.

Црвенковски оди си

После патетичното обраќање на Претседателот Бранко Црвенковски во Собанието на Република Македонија пред дел од народните избраници, македонскиот народ мора да му каже збогум на овој губитник.

Дека во Македонија не цветаат ружи јасно е секому, но исто така е јасно секому дека во Македонија има премногу губитници кои се држат за кормилото на бродот наречен Македонија сакајќи да управуваат со неа. Еден од нив е сегашниот Претседател на Република Македонија.

Клучни поенти од излагањето на Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски пред Собранието и граѓаните
  • На Македонија и претстои голем историски пораз,
  • Преговорите за името со Грција ќе бидат замрзнати на подолг период, што неминовно ќе ги одложи евроатлантските интеграции за други времиња.
  • Проблемот со името со Грција треба да се реши на достоинствен начин, компромисно, со што ќе го зачуваме нашиот национален идентитет, ќе ги одбраниме името и јазикот. Гаранции дека ќе успееме нема.
  • Тужбата што ја поднесе Македонија пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија.
  • Македонија е држава во која нема демократија.
  • Владата на Република Македонија на чело со ДПМНЕ владее со застрашување, заплашување, јавен линч и жигосување на неистомислениците, безмилосно ги троши државните пари за саморекламирање, при што ги корумпира сопствениците на најголемиот број медиуми во државата.
  • Одлуката да се оди на предвремени избори минатата година била избрзана, поради што земјата по трет пат испуштила шанса да добие датум за преговори.
  • Со користење на популизмот и злоупотреба на патриотските чувства на граѓаните, со поделбите на патриоти и предавници, со креирање атмосфера дека ние во НАТО и во ЕУ сакаме, ама не мораме, дека Владата има алтернативна стратегија за сестран економски, демократски и општествен развој на државата и без наше интегрирање во евроатлантските структури, ние самите го испишуваме сценариото и го трасираме патот за голем историски пораз.
  • Повикот за создавање единство врз ваква платформа, всушност, е повик за регрутирање соучесници и поделба на одговорноста за спроведување на една губитничка политика однапред осудена на неуспех.
  • Владата, создава амбиент дека предавници се сите што не се согласуваат со нејзините политики
  • Во Република Македонија недостасува демократска и здрава дебата. „Денес секој што ќе се осмели да изнесе став различен од оној на владејачката структура ризикува да биде изложен на јавен линч, да биде прогласен за предавник, странски платеник, кочничар на реформите и се почесто да се соочи со кривична пријава за клевета.
  • Медиуми за јавно информирање се ставени под целосна контрола на владејачката структура и се изложени на двоен притисок. Од една страна, од позиција на сила и моќ се упатуваат директни закани, а од друга страна, со огромни државни пари преку формата на бесмислени владини кампањи се придобива поддршката на сопствениците. Т.е. сопствениците на медиумите се корумпираат.
  • Бранко Црвенковски нема повтроно да се кандидира за Претседател на Република Македонија на претстојните избори на пролет.

Надворешни врски

четврток, 18 декември 2008 г.

Свети Никола

Свети Никола е христијански светец и чудотворец. На запад често се споредува со Дедо Мраз (Santa Claus). Се смета за заштитник на морепловците, трговците, стрелците, децата и студентите.

Свети Никола се родил во областа Ликија во Мала Азија, во градот Патара околу 270 година. Бил единственото дете на наговите родители, таткото Теофан и мајката Нона. На духовниот живот го подучувал неговиот стрико, Николај, кој бил епископ Патарски. Тие двајцата се замонашиле во еден манастир. После смртта на своите родители, Свети Никола го продал целиот имот а парите ги разделил на сиромасите. Некое време бил свештеник во својот роден град. Подоцна го започнал својот самотен живот очекувајќи ја својата смрт. Но во текот на неговиот самотен живот му се јавил гласот Господов и му рекол: Никола, појди кај народот и направи подвиг. И така Свети Никола го напуштил својот самотен живот. Бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија.

За време на владеењето на царевите Диоклецијан и Максимијан биле гонети и мачени христијаните, така и Свети Никола бил затворен во темница. Но Свети Никола никогаш не се поколебал да продолжи со ширењето и проповедањето на христјанството. За време на царот Константин Велики, била призната Христијанската вера и и било дадена целосна слобода. Тогаш Свети Никола развил уште поголема дејност и во Христијанската вера привел мноштво луѓе.

Свети Никола присуствувал на Првиот Вселенски собор во Никеја, но поради тоа што во една прилика го удрил александрискиот свештеник Ариј, бил обвинет за ерес и одалечен од соборот со забрана за негово понатамошно учество. Во некои списи се спомнува дека му било одобрено повторно присуство на Вселенскиот собор откако на некои архиереи им се јавил гласот на Господ Исус Хрисус и Пресвета Богородица велејќи им дека е направена голема неправда кон Свети Никола.

Доживеал длабока старост а починал на 6 декември 343 година, според стариот календар, т.е. 19 декември според новиот календар.

Мошти на Свети Никола
После смртта на Свети Никола неговото тело било погребано во градот Мир во Ликијската област во Мала Азија.

На 26 август 1071 године византиска војска била поразена од турците селџуци со што губи контролата над поголемиот дел од Мала Азија. Подоцна византијците упеале да повратат дел од контролата над овие територии (за време на владеењето на Алексеј I Комнен) но за сето време трпеле напади од турците селџуци. Се верува дека некаде во ова време Свети Никола се има јавено на сон на еден свештеник од Бари (денешна Италија) и му рекол неговите мошти да бидат пренесени од Мир во Бари, кој во тоа време бил православен град под јурисдикција на православен патријарх. Моштите пристигнале во Бари на 9 мај 1087 година.

Чудотворни моќи
Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека од неговите мошти постојано зрачи свето миро, со кое се лечат многу болни од разни болести.

Се празнува како детски празник во Германија, Холандија и Белгија. Заштитник е на градот Амстердам, Прилеп, Свети Николе како и на државите Русија и Грција.

Свети Никола е заштитник на многу градови и пристаништа (посебно во Грција и Италија). Свети Никола бил спасител на изгубените и насукани бродови па затоа се смета дека е заштитник на морепловците, поради што морепловците често се молат на Свети Никола при опасни ситуации и бродоломи. Спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе продолжат со пловењето.

Со своите чудесни моќи Свети Никола помага секому кој ќе му се обрати за помош. Со помош на неговата молитва на слепите им се враќа видот, неподвижните проодуваат а глувите прослушуваат.

На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Прослава на Свети Никола
Според традицијата и обичаите, рибата е задолжителен дел од посната "Светиниколска трпеза". Поради тоа, овој ден се слави и како празник на рибата.

Црквата во Мир
Во градот Мир (денес Демре) се наоѓа црква посветена на Свети Никола. Црквата датира од 4 век кога свети Никола бил поставен за епископ на градот. Денес црквата е во фаза на реставрација и претворена е во музеј. Многу години, религиозните и политичките власти се расправале околу прашањето дали може да се служи света Евхаристија во неа. Тоа не било возможно дури ни на датата кога се слави овој Светител, односно денот на неговото упокојување.

Со години не биле дозволени богослужби во оваа црква. Биле дозволени само посети на групи кои претходно имале купено влезници од Турската туристичка агенција, како за посета на музеј. Но, ова не ги обесхрабрило верните, а особено Русите биле оние што патувале до тука во посета на ова место. Уште од времето на Византија почитувањето на свети Николај било пренесено во руските градови, каде што после многу векови толку се вкоренило така што овој Светител бил прогласен за заштитник на руската нација. Само во 2007 година, според одредени истражувања, ова место го посетиле над 250.000 Руси. Со голема радост и задоволство на целата Православна Црква, на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, после пет години инсистирање и трпение кон властите во Анкара сега му е дозволено да служи Литургија во црквата на овој Светител. Средбата помеѓу патријархот и новиот министер за култура Ертуѓул Гунај бил клучен. Министерот рекол: Јас искрено посакувам секој граѓанин во оваа земја да може слободно да си ја празнува својата религија на местото најзначајно за почитување. Тој, не само што дозволил служење на Литургија во црквата на свети Никола во Демре туку и донирал 40.000 турски лири (околу 25.000 евра) за завршување на работите на базиликата.

Патриотските фискални неуставни

Не постои критериум да се оцени која услуга или производ се македонски а кои не се. Доколку и постои тој е толку комплициран и недоверлив што не се исплати да се размислува за него. Апсолутно е небитно за потрошувачот да знае кој производ со какво потекло е. Како потрошувач првенствено заинтересиран сум за квалитетот и цената на производот/услугата. Целата оваа акција на владата личи на државен рекет.

Деновиве сме сведоци на одлуката на Уставниот суд на Република Македонија со која се укинати одредби од Правилникот на Министерството за финансии што ги обврзуваа трговците да користат фискални каси, кои купените македонски производи ги регистрираат одвоено од странските. Уставниот суд одлучил дека издвојувањето на македонските од странските производи создава нееднаквост меѓу стопанските субјекти на пазарот и ја нарушува слободата на пазарот и претприемништвото, гарантирани со Уставот. Патриотските фискални сметки се спротивни и на Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Правилникот на Министерството за финансии не е во согласност ни со Законот за регистрирање на готовинското плаќање, во него не е предвидено при прометот производите да се класифицираат според потеклото.

Владата на Република Македонија на околу 55.000 претпријатија ќе треба да им врати околу 5,5 милиона евра затоа што под закана со казни од 4.000 до 5.000 евра ги натера да го променат софтверот во фискалните каси со цел да се испочитува Правилникот на Министерството за финансии. Но покрај трошоците кои ги трпеа претпријатијата за промена на софтверот, тие имаа и дополнителни трошоци, бидејќи мораа да ангажираат дополнителни ресурси за промена на податоците во фискалните мемории. А сега ќе имаат дополнителни трошоци за бришење на податоците согласно одлуката на Уставниот суд.

Употребата на патриотските фискални сметки почна на 1 јули 2008 година. Владини претставници тогаш изјавија дека ќе ги сносат евентуалните последици што ќе произлезат од евентуална одлука на Уставниот суд за поништување на одредбите од Правилникот. Ако Владата сама не им ги врати парите на претпријатијата кои трпеле трошоци, тогаш тие имаат основа да ја тужат и да добијат соодветно обесштетување. Уште повеќе Владата треба да ги сноси и трошоците за бришењето на ознаката „македонски производи“ од софтверот во фискалните каси.

Не видовме позитивни ефекти од воведувањето на патриотските фискални, освен купишта грешки во расчленувањето кој производ е домашен а кој странски. Поради тврдоглавоста на Владата, сега македонската економија ќе трпи штети. Без разлика што Владата е таа која треба да ги обесштети претпријатијата кои претрпеле штети, јасно е како солза дека штетата ќе си ја платат уште еднаш самите претпријатија, т.е. посредно граѓанинот кој купувајќи ќе плаќа повисоки цени кај трговците. Ако Владата избере алиби дека обесштетувањето не произлегува од одлуката на Уставниот суд, тоа ќе биде само вовед во ново малтретирање на претпријатијата кои правдата ќе мора да ја бараат на суд, што ќе значи уште поголеми трошоци за господинот граѓанин.

Владата смислено и силеџиски постапи во овој случај. Некаде пред вонредните парламентарни избори (април/мај) Владата премолчено ги стопира активностите околу воведување на т.н. патриотски фискални со цел да не се револтираат трговците во овој предизборен период. (2008.04.14 Утрински весник - Стопирани „патриотски“ фискални сметки? )

Покрај тоа, голем број на јавни субјекти оваа владина одлука не ја испочитуваа на време. (Ресторанот во Собранието на Република Македонија, Патарините, ...)

Првичните реакции на министерот за финансии Трајко Славески делуваат премногу несериозно, демек, касите и онака им биле стари на трговците, па крајно време било да ги заменат. Иако токму овој господин треба да си поднесе неотповиклива оставка уште пред нова година.

Партискиот портпарол Бичиклиски изјавува дека за сето ова била крива опозициската СДСМ. Кој мрсулко!

Надворешни врски

петок, 12 декември 2008 г.

HACCP

Систем на производство на безбедна храна, познат како Анализа на Ризикот и Критичните Контролни Точки или ХАСАП (НАССР) како законска регулатива забрзано се воведува во сите земји во развој, а Македонија го воведе во 2002 година.

Македонија е насочена кон членството во ЕУ, а веќе е членка на СТО, тоа значи по дефиниција покачување на стандардите и строгоста на ЕУ во однос на производството на безбедна храна. Почнувајќи од 1995 година ЕУ преку Директивата 93/43 бара од производителите на храна имплементиран систем на безбедна храна, односно ХАСАП.

ХАСАП системот значи задолжителна демонстрација на критичните контролни точки и нивна мерливост, со идентификација на овие точки сите ризици при производството на храна може да се превенираат, елиминираат или да се намалат до прифатливо ниво пред да се појават, овој систем дава доволно слобода на секоја фирма да го дизајнира и имплементира според своите капацитети и начин на производство, што значи дека е ефикасен во намалувањето на трошоците на производството. ХАСАП претставува економски ефикасен и функционален пристап во однос на производството на безбедна храна.

Во Македонија има околу 30 илјади компании од прехрамбената индустрија кои подлежат на законската регулатива за задолжително имплементирање на ХАСАП од 2003 година.

Во земјава сe уште не функционира македонска фирма за сертифицирање, што е дополнителен проблем за заинтересираните фирми. За фирмите постоењето на македонска сертификациска куќа би било голема добивка, бидејќи нивните трошоци за сертифицирање на производот или квалитетот, би се намалиле за околу 30%. Од друга страна пак десетина фирми нудат консултантски услуги и совети за имплементирање на ХАСАП, а на своите клиенти им нудат и совети при изборот на сертификациската фирма.

  • ХАСАП. Одложено за две години применувањето на системот ХАСАП во индустријата и трговијата со храна и угостителството, повеќето производители и угостителски објекти не се подготвени за строгите норми за безбедност на храната. А тие што на време се подготвиле да го применуваат ХАСАП? Државата ги поеба, ги казни што го почитуваат законот. Државата не само што не казнува нелојална конкуренција, туку таа ја поттикнува.
  • Пекарницата на „Жито Вардар“ доби ХАСАП (2008.12.12 - Дневник)

четврток, 4 декември 2008 г.

Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски (840 - 17 јули 916), еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Свети Методиj бил истеран од Панониjа од страна на Германците и побарал спас во Бугариjа, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Со дозвола на царот Борис I, оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3.500 ученици.

Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на Свети Пантелејмон.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на поучни и похвални слова:
  • Похвала на Кирил Филозоф
  • Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
  • Од опширното житие на Кирил Филозоф
  • Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
  • Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
  • Похвално слово за четиридневниот Лазар
  • Поука за блудниот син

Во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Свети Ѓорѓи, Свети Тома, Свети Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Свети Климент Охридски бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Молитва кон св. Климент Охридски

Светителу, оче Клименте, рамноапостолен, пастиру добар на целиот словенски род! Ти, кој душата своја света ја положи за нас, овците свои, и во многу Божји патишта стадото го упати, вселувајќи нé на место спокојно и објаснувајќи ни го Светото Писмо со својот јазик, откако со вода спасителна со светотот Крштевање нé воспита и по патеките на правдата нé упати за да вршиме добри дела.

Преку тебе словенскиот род Бога Го позна, црквите со песни се украсија и празниците преку поуки се објаснија. Преку тебе свештениците според свештениот канон благочестиво да живеат се научија. Преку тебе монасите се поучуваат на подвижнички живот како светителите.

И, земен ангелу и човеку небесен, ти кој на Господа му ги приготвуваш избраните, кои копнеат за добри дела, тебе те молам и на тебе се надевам: пази го секогаш твоето наследство и отстрани ја лукавата ерес, која го разорува твоето стадо како истребувачка болест, што ги растерува и одвраќа овците од пасиштето твое, свети добар наш пастиру!

Запази нé нас, неискусните твои воспитаници, особено сега кога е неволјата блиску и нема кој да ни помогне и кога непријателите сакаат војна, и мртвите тела на чедата твои за храна да им ги остават на птиците небесни. Мир на луѓето твои дарувај им, за да поживееме во секое благочестие и празниците твои да ги почитуваме во секаква радост, прославувајќи Го во Светата Троица Единиот Бог, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин!


copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.