Со дозвола на царот Борис I, оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3.500 ученици.
Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на Свети Пантелејмон.
Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на поучни и похвални слова:
- Похвала на Кирил Филозоф
- Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
- Од опширното житие на Кирил Филозоф
- Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
- Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
- Похвално слово за четиридневниот Лазар
- Поука за блудниот син
Во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Свети Ѓорѓи, Свети Тома, Свети Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.
Свети Климент Охридски бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
Молитва кон св. Климент Охридски |
Светителу, оче Клименте, рамноапостолен, пастиру добар на целиот словенски род! Ти, кој душата своја света ја положи за нас, овците свои, и во многу Божји патишта стадото го упати, вселувајќи нé на место спокојно и објаснувајќи ни го Светото Писмо со својот јазик, откако со вода спасителна со светотот Крштевање нé воспита и по патеките на правдата нé упати за да вршиме добри дела. Преку тебе словенскиот род Бога Го позна, црквите со песни се украсија и празниците преку поуки се објаснија. Преку тебе свештениците според свештениот канон благочестиво да живеат се научија. Преку тебе монасите се поучуваат на подвижнички живот како светителите. И, земен ангелу и човеку небесен, ти кој на Господа му ги приготвуваш избраните, кои копнеат за добри дела, тебе те молам и на тебе се надевам: пази го секогаш твоето наследство и отстрани ја лукавата ерес, која го разорува твоето стадо како истребувачка болест, што ги растерува и одвраќа овците од пасиштето твое, свети добар наш пастиру! Запази нé нас, неискусните твои воспитаници, особено сега кога е неволјата блиску и нема кој да ни помогне и кога непријателите сакаат војна, и мртвите тела на чедата твои за храна да им ги остават на птиците небесни. Мир на луѓето твои дарувај им, за да поживееме во секое благочестие и празниците твои да ги почитуваме во секаква радост, прославувајќи Го во Светата Троица Единиот Бог, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин! |
Нема коментари:
Објави коментар