недела, 22 април 2012

Убиство на Велики Четврток

На Велики Четврток Господ ги востановил двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија и Исусовата молитва. На Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започнува со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; а завршува со предавството на Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од дванаесеттемина најблиски Христови ученици.

На Велик Четврток ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.

Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда а на крајот на Петар. Тајната вечера е вториот настан. Христос му рекол само на Јована: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде.“ Лебот квасен го претставува телото Христово. Јуда се договара со првосвештениците да го предаде Христа за триесет сребреника. По вечерата, учениците отишле на Маслиновата Гора, во градината Гетсиманија. Христос му рече на Петар: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати.“ Тројното Петрово одречување ги претставува гревовите на сите луѓе против Бога: заповедта што ја прекрши Адам; прекршувањето на Пишаниот закон; прекршувањето на заповедите на воплотеното Слово.

Смилковското езеро симболички може да се поврзе со празнувањето на првиот настан, миење на нозете?

Убиени се петмина. Се претпоставува дека убијци се тројца, според анализите на испуканите чаури се пукало од три различни оружја. Претпоставка е дека убијците имале и своја дополнителна логистика, најмалку возач на опелот а можеби и пазач/чувар. Најверојатно убијците имале најмалку уште едно возило со кое го напуштиле местото каде е оставен опелот.

Имале ли убијците Тајна вечера после убиството?

Убиени се четири момчиња на возраст од 17 до 20 години и на едно постаро лице, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и на Борче Стевковски (45) од село Црешево. Во 18 часот Филип Славковски се јавил од својот мобилен на мајкаси, која изјавила дека не почуствувала никаква вознемиреност кај својот син. Значи во тоа време секако не се случило убиството. Некаде околу 20.00 часот никој не се јавувал на мобилниот на Цветанчо Ацевски на повиците од неговите домашни. Најверојатно убиството е сторено во периодот помеѓу 19 и 20 часот. Сведок од Смилковци тврди дека чул истрели околу 19.15 часот. Може ли да се изврши увид во сообраќајот на мобилните оператори од базните станици кои го покриваат тој реон? Можно е убијците да комуницирале меѓу себе во тој период.

Телата на убиените се пронајдени околу 22.30 часот од други рибари на езерото.

Полицијата е таа која има најповеќе податоци за да ги разоткрие извршителите на ова петкратно убиство.

Според истрагата од обдукцијата, кон жртвите е пукано од голема близина, со најмалку три видови на оружје, од најмалку три позиции. Врз жртвите е пукано одозгора и од близу, куршумите не се заглавувале во главите на жртвите, туку оделе надолжно по клекнатите тела и правеле повеќе додатни повреди (кршење на вилична коса, повреди на крвните садови во нозете). Борче Стевковски исто така е застрелан од близу со три куршуми во главата.

Опел

Во понеделникот е откриен и опелот на засега непозната за јавноста локација. Локацијата на пронајдениот опел може да претставува вистински или лажен траг. Изминато е прилично долго време од моментот на убиството до моментот на пронаоѓање на опелот. Можеби ако се откриеше ова возило побрзо, ќе имаше повеќе сведоци кои ќе дадеа корисни информации. Вака сеќавањата избледуваат, а и се јавуваат дополнителни калкулации кај сведоците зошто би посведочела ако се работи за така голема завера?

Поминати се веќе десетина дена но сеуште полицијата не влегла на вистински траг на убијците. Прашање е дали воопшто ќе влезе во траг т.е. дали ќе ги разоткрие.

Место на злосторот.

Местото на злосторот е речиси идеално избрано. Се наоѓа близу автопат, близу границата, во реон каде полицијата и така многу многу не оперира, се наоѓа близу до аеродромот. Можно ли е убијците да ја напуштиле земјава со авион? Дали имале доволно време за тоа? Дали убијците ја напуштиле земјата со своето второ возило? На кој граничен премин ја напуштиле земјата? Дали убијците ја напуштиле земјата со автобус или воз? Дали воопшто ја напуштиле земјата? Дали сите ја напуштиле земјата или некој од нив останал? Дали имале и свои јатаци во земјата.

Од 20.00 часот до кога веќе со сигурност се знае дека е извршен злосторот, па до 22.30 часот кога се пронајдени телата од страна на други рибари убијците имале доволно време да бидат далеку и на сигурно од местото на злосторот.

МПЦ одржа свештена молитва за убиството на петтемина.

Полициската истрага со голема веројатност утврдила дека остатоците од кал/земја на гумите од тркалата на опелот се совпаѓаат со земјата околу езерото. Значи опелот е добра трага кон убијците. Полицијата вели дека знае кој го внел опелот во земјата за понатамошна препродажба. Полицијата вели дека знае дека регистарските таблички на опелот се украдени од друго возило, мерцедес, кое не е во употреба. Овие сознанија можат да ја прошират истрагата кон лицата кои имале врска со овие возила. Препродавачот кому му го препродал опелот? Како се случило регистарските таблички да бидат злоупотребени?

Во јавноста се појавија претпоставки дека убиството кај Смилковското езеро е обид за забавување на полициската акција „Детонатор“. Ако тоа е точно тогаш убијците може да се бараат во луѓето засегнати со оваа полициска акција. Некој кој е веќе загрозен со акцијата односно е потенцијално загрозен. Оваа претпоставка има и една друга димензија, имено можно е партијата на власт самата да увиде дека предлабоко навлезе во ризични води со акцијата „Детонатор“ и дека посакуваните ефекти не се остварија, фактички самите си пукаа во нога, се испостави дека нивни луѓе го правеле овој криминал кој сега го ловат, дека државни органи замижувале пред криминалот кој е разоткриен, се внесувале во земјава уреди за коцкање без знаење на царината, комарот се одвивал во простории за кои УЈП било слепо, МВР исто така биле слепи за овие активности. Значи мотив за стопирање на акцијата „Детонатор“ има и владејачката партија. Факт е дека десетина дена по преткратното убиство веќе не се слуша ништо за „Детонатор“, едноставно акцијата е запрена.

Во јавноста се појавија и претпоставки дека убиството на петтемина кај Смилковското езеро е направено за да се предизвика криза во државата на етничка основа. Овие претпоставки се поткрепени со фактот дека сите убиени се македонци а се спинува дека убијците се албанци. Дури во еден странски медиум беа извртени фактите, дека наводно убиените биле албанци а убијците македонци. Во тој случај можно е убијците да се и од надвор.

Индикативен е и протестот кој за повод го имаше петкратното убиство и се одржа во Скопје. Наводно организиран од млади. Протестот беше насочен кон владата, демек да преземеле построги мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите на убиството. Во суштина имаше два протеста, еден во петокот, наредниот ден после убиството и еден во неделата, далеку поорганизиран и помасовен, при што имаше и судир на протестантите и полицијата.

Опозициската СДСМ во целиот овој случај остана сосема настрана и не се експонира во медиумите барем не во деновите непосредно пред и по убиството. Најверојатно сватија дека доколку се јават ќе бидат нападнати од страна на ДПМНЕ дека тие стојат зад овие убуства.

Предавството Јудино.

Индикативен е интересот на српските медиуми за настанот. А секако тука е и интересот на бугарските медиуми.

Дури и некоја Армија за ослободување на окупираните албански земји, организација од Косово се огласи со ултиматум до Владата на РМ во рок од две недели да Владата да се повлече од окупираните и колонизирани албански земји а доколку тоа не се случи таа ќе ги нападнеле славомакедонските полициски и воени структури. Ако тоа не се случело , оваа организација нема да седи со вкрстени раце туку ќе го вратат огнот со оган, ќе се одмаздат, око за око, рака за рака.

Мотив за ова повеќекратно убиство може да се бара и во неодамнешните тепачки на ученици по автобусите на ЈСП, по улиците во Тетово а најверојатно предизвикани од двократното убиство на двајца албанци во Гостивар од страна на полицаец.

Сеуште не се знае за мотивите на убијците. Не се знае кој е нарачателот.

Сеуште не се знае какви тектонски поместувања во државата ќе предизика ова масовно обиство, кое некои веќе го споредија со атентатот врз Киро Глигоров.

сабота, 30 јули 2011

Груевски не си отиде

Груевски остана, не си отиде и покрај тоа што некои факти покажуваа дека треба да си оди. Но народот реши дека не треба да си оди.

На терен ситуацијата не е променета, и понатаму патната и железничката инфраструктура е во катастрофална ситуација, а најверојатно такваа ќе остане и во блиска иднина. Читам деновиве во весниците дека возовите не се движеле или се движеле со максимална брзина од 50 km/h затоа што надворешните температури биле многу високи, па локомотивите се прегревале а шините на пругите се кривеле. Испаѓа дека подобро ќе беше воопшто да немаме железничка инфраструктура за да не ги слушаме овие жалосни објаснувања.

Системот на владеење на Груевски со државните министерства е разобличен. Донеси министер во некое министерство, тој со себе ќе си донесе десетина луѓе од доверба, кои го сочинуваат таканаречениот кабинет на министерот, а потоа целата раководна структура во едно министерство ќе се промени со партиски војници од партиите во коалицијата. Бидејќи капацитетот на овие банди за водење на сложени проекти е многу мал, нивниот бизнис се состои во репресија/мобинг врз вработените, туркање на проектите кои се веќе во тек и некаде пред крајот на својот мандат јавни набавки за таканаречени проекти кои се толку мали што и буџетот за нив често се сведува под 5.000 EUR (мали набавки) или ако се малку полакоми може да оди и до 20.000 - 30.000 евра.

Главните проекти за перење на пари со кои се иритира опозицијата и јавноста која размислува со своја глава не се осмислени во самите министерства и поголемиот дел од нив не се тераат под контрола на министерствата. Тие проекти се проекти кои ги туркаат бизнис групи кои ја контролираат ДПМНЕ. Јасно главните профити ги остваруваат овие бизнис групи а јадните министри и друга поситна боранија само се легално покритие за нивните дејанија.

Овие бизнис групи во скут го имаат и Собранието, бидејќи го имаат претворено, преку владата, во гласачка машинерија со помош на која преку ноќ се кројат и прекројуваат законите кои им овозможуваат богатење. За илустрација да ги земеме за пример законите за легализација на дивоградбите, за откуп на дворно место и сл.

Во ресорот на образованието се презема бизнисот на печатарите, издавачите и дистрибутерите од постоечките кон оние подобни до власта а под изговор дека се прават реформи. Се туркаат ситни проекти околу таканаречениот проект „Компјутер за секое дете“ кој полека оди во заборав иако е една од најголемите проневерени инвестиции на претходните владини состави. Тука и таму ќе се заменат прозорците на училиштата, ќе се нареди некоја плочка во клозетите. Но тоа се логистички проблеми кои ништо не менуваат во системот на образование на најосновно ниво (основно и средно образование). А за повисоките нивоа на образование стручната јавност веќе се изјасни дека состојбата е катастрофална, но затоа се формира универзитет во Штип кој служи за прибежиште и легло на сивата еминенција на ДПМНЕ.

Новата влада, само избрана во парламентот веќе наредниот ден донесува предлог за намалување на цената на зелениот картон но измените ќе важат дури од септември кога населението веќе ќе заборави на летните одмори и дека летувало со поскап зелен картон. Слично и со намалувањето на туристичките такси и ДДВ во угостителството, овие намалувања ќе важат дури откако ќе заврши туристичката сезона, т.е. од догодина. А тоа што се зголемува цената на парното греење во сред лето? А тоа што претстои зголемување на цената на струјата? Овие сметки доаѓаат секој месец во нашето поштенско сандаче, затоа и се зголемија.

Оваа влада во своите редови зеде уште едно дете кое работело на менаџерски позиции во Америка, демек сега тука ќе привлекувало странски инвестиции заедно со Самак. Човекот веројатно дури си го сменил и своето лично име во „БИЛ“, па што да очекуваме за неговиот став околу промена на нашето уставно име. Настрана тоа што сметам дека искуствата од Америка не треба да ги земаме како позитивни искуства кои можат да се имплементираат кај нас. Америка веќе е во голема криза. Не е солвентна, или со други зборови е во ситуација каква што е Грција, со таа разлика што проблемот на Грција е ништо во споредба со оној на Америка, на Грција и помогна Европа а на Америка нема кој, освен американците својот проблем да го дистрибуираат низ светот, што и ќе се случи. Значи сите менаџери кои во последните години стекнувале искуства во Америка, меѓу кои и нашиот „Бил“ всушност стекнувал погрешни вештини кои го одвеле американското општество во оваа криза во која се наоѓа. Конечно и HP не е во некоја завидна економска положба. Но ете кај нас пали девизата дека ако некој во Америка бил некаков менаџер овде може да биде министер.

Во секој случај да му пожеламе успех во работата на „Бил“, бидејќи неговиот резултат од работата го чекаат зелените ливади во Бунарџик 1, 2, 3 ..., Жабени, Тетово 1 и 2.

Катастарот ептен гледам се реформирал. Се жалат луѓето дека имотот кој го имале после последното систематско запишување целосно или делумно не им бил запишан. Демек катастарот излегол на терен, снимал, пустел, правел и направил тоа што направил, не го запишал имотот, иако луѓето си имале валидна документација од државата дека тој имот е нивни. Па сега кој сака да исправа криви Дрини и да го запишува имотот на свое име, има многу безболно решение. Да си најми приватен геодет кој ќе извршел наново мерење и после они без проблем ќе го впишеле имотот во катастарската евиденција. Поената се состои во тоа што најмувањето на приватен геодет чини многу скапо и многу оштетени граѓани немаат можност тоа да го платат. А видете кај најповеќе грешел катастарот. Грешел во подрачја каде населението е сиромашно, старо и неписмено. Пример во Поречието. А таму секој поседува повеќе парчиња имот неплодно земјиште кое долги години никој не го обработува. Еден просечен поречанец треба да плати 100 евра во старт за изнајмување на приватен геодет и 50 евра за секоја поединечна парцела. Ако има десетина незапишани парцели, а има, т.е. повеќето поречани имаат, тоа значи дека на приватниот геодет треба да му плати околу 500 - 600 евра за да му изготви елаборат. После со тој елаборат ќе оди во катастар и сигурно ќе плати уште стотина евра за запишување на неговиот имот во евиденцијата. Ама дали сите имаат толку пари? Дали тоа не значи намерно осиромашување на и така сиромашното население? Тоа е реформата на катастарот која на широко се труби по медиумите дека била многу успешно изведена.

Додека владата работи, паричникот на граѓаните е се потенок и потенок.

Се прашував порано, абе кој им верува на овие лажговци? И сега се прашувам истото? Но не можам да најдам одговор. Не можам да ја идентификувам таа група луѓе. Некој ќе рече, сите оние кои гласале за нив на последните избори. Јас се прашувам дали и тие веруваат во тоа, можеби тие се само изманипулирани неписмени граѓани на оваа сиромашна државичка.

Прочитав некаде дека Хрватска има свој сопствен сателит во орбитата на земјата, во минатиот пост се прашував зошто ДПМНЕ не вметнале ништо во својот Манифест за вселенската програма на Македонија. Не мора да праќаме свој екипаж на Месечината, барем и ние да имаме свој сателит во орбитата.

Во секој случај, ДПМНЕ победи. Сакале неќеле ќе ги трпиме следните 4 години. Може да ги критикуваме, може да не ги сакаме, но не смееме да ги игнорираме, бидејќи нивните активности ќе се скршат на нашата глава. Затоа мора да бидеме внимателни, мора да го знаеме наизуст нивниот манифест и проектите на манифестот во нашиот делокруг на работа, бидејќи многу е веројатно добар дел од тие проекти да почнат да го подјадуваат нашиот буџет. Бидејќи сакале - неќеле ќе налетаме на тие проекти, подобро е да бидеме подготвени и да знаеме за што се работи, така ќе ја намалиме евентуалната штета а можеби и ќе извлечеме некоја корист, слично како што оној министер за економија а сега за одбрана се понадева дека Македонија од светската финансиска криза не само што нема да трпи штети туку дека може и да профитира.

понеделник, 16 мај 2011

Груевски ќе си оди

Груевски ќе си оди. Го проследив неговиот настап во Охрид на 16 мај 2011 и убеден сум во тоа. Ништо ново не кажа, веќе слушнати лаги.

ДПМНЕ ќе го потикнувала извозот со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, а во изминативе 5-6 години од нивно владеење постојано се возев по лоши автопатишта, а за железничкиот сообраќај не ми ни паднало на ум да го користам бидејќи и самата помисла на него ми буди непријатни асоцијации на вагони ќенефи и сосмрдени кондуктери кои најмалку 50% од можната наплата за билети си ја ставаат во џеб, ми асоцира на возови спори како полжави и ќе пукнам од мака кога слушам за возови кои се движат со брзини од 400-500 km/h некаде на друго место во светот.

ДПМНЕ ќе ивестирале во образованието за да се подобри квалитетот и знаењето на работната сила. Моите деца не видоа никакво фајде од проектот „Компјутер за секое дете“ во кој јас и мојата сопруга имаме учество во финансисрањето како и секој друг даночен обврзник. Не видовме ниту еден посериозен системски зафат. А пак видовме насилство, тепачки и убиства во школските дворови.

Толку многу ги исфорсираа ИТ услугите во јавниот сектор, што еден Документ менаџмент систем го платија баснословно многу а сеуште не можат да го воведат во употреба во ниту едно министерство. За вадење на една патна исправа се закажуваше по една година унапред за да кога ќе дојде судниот ден повторно да се кичмиме и нервираме по ќумезите на МВР во МТВ.

Толку многу го подржаа земјоделството и „истурија“ милиони евра субвенции за земјоделците така што Сведмилк им претставува светол пример како и незадоволните тутунари, лозари, ....

А за слободните индустриски зони и да не зборуваме. Бунарџик 1, 2, 3 ..., па Жабени, па Тетово 1 и 2, ... ехе хе, „никнуваа“ фабрики како печурки по дожд. Како резултат на новоотворените фабрики ја „намалија“ и невработеноста, само вработуваа наместо во фабрики во јавната администрација. Се прашувате како може фабриките да работат без вработени? Е па веројатно им се целосно автоматизирани па нема потреба од вработени. Арно ама ако е така тогаш што произведуваат во тие фабрики? Јас не гледам некој производ!

Инфлацијата е ептен ниска. Пред 5 години можев со илјада денари да го наполнам мојот резервоар со гориво и да свртам 800 километри низ Македонија. Сега со илјада денари изгледам смешен кога ќе се појавам на бензинска, затоа што со тие пари можам да свртам едно крукче низ Скопје, евентуално да се качам на Средно Водно или да отидам на излет до Матка. Ниска е инфлацијата, затоа што со 500 денари во џеб при влез во некоја самопослуга секогаш излегувам со празна корпа од самопослугата, а пред пет години ја полнев корпата а на излегување добивав и кусур. Нема инфлација, затоа што пред пет години можев да си дозволам да си ја подновам мојата гардероба, да купам чевли на есен, чизми на зима, летни чевли на пролет, за мене и моето семејство а сега си ги носам истите чевли неколку години за да им обезбедам на моите деца нови чевли на време затоа што тоа им е неопходно потребно, бидејќи децата брзо ги одрастуваат скоро купените обувки а се разбира истото важи и за облеката. Вели ДПМНЕ дека немало инфлација. Па јас не се разбирам баш во економија ама ова не ми личи дека е ни приближно до „нема инфлација“.

Ние да сме ти биле земја лидер во воведувањето на ИТ. ИТ-то да ти ги поефтинувало услугите читам на интернет, ама кога одам во било која банка e-banking системот секогаш чини повеќе од класичното дремење на шалтер за да се извршат саканите трансакции. И сега се чудиме зошто има сеуште многу гужва по шалтерите.

Уште една глупост која ми падна во очи изминатиов период. Кога град ги толчеше земјоделците и овие пекаа да се активира системот за противградобијна заштита од владата на ДПМНЕ им порачуваа дека најдобра заштита од град им било осигурувањето. Кога Вардар ги поплавуваше крајречните населби, владата на ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека регулирањето на речните корита не било ефикасна заштита од поплавите ами требало да си се осигураат за да претрпат минимална штета. Кога компјутерите во училиштата масовно се оштетуваа и крадеа од ДПМНЕ убедуваа дека подобра заштита да ти било осигурување на опремата наместо грижа за нејзино чување. Се некои извртени критериуми.

Македонија земја на апсурди, па и македонската берза на хартии од вредност со свои апсурди. Највисоко котираат акциите на фирми кои ништо не работат и според финасиските показатели не остваруваат некоја значителна добивка, а фирми кои што остваруваат добивки воопшто не котираат на берзата.

ДПМНЕ дозволи увоз на автомобили кршеви, со што допринесе да се зголеми загадувањето, испумпа готов кеш од македонската економија надвор од државата, ама затоа сега се возат ретро модели на нашите ретро патишта од времето на Јосип Броз Тито.

Сега за едно евро од квадрат ќе се легализирале и дивоградбите. Па оние што на времето плаќале стотици евра биле будалести кога тоа го правеле, а овие дививе да ми ти биле умници.

Микро фирмите сега ќе ми ти плаќале 0% данок на добивка, како тоа убаво звучи. Прво ги уништија овие фирмички кои прехрануваа цели семејства сега велат ајде пркнете малку па пак да ви ја отфикариме главата. На туристичките работници сега ќе им наплаќаат „само“ 5% данок на добивка.

Шарени лаги. Се прашувам, абе кој им верува на овие лажговци? Ајде да се запрашаме ако тие се толку великодушни, па се откажуваат од даноци, делат „грантови“, од каде им се парите? Ем да ни дадат нам, ем да остане за нив? Има ли Македонија огромни резерви со кои може да ги покрие овие дарови? Е ајде де, да одговориме. Има само две можности: или директно не крадат и не прават слепци или крадат од нашите поколенија, задолжувајќи не со кредити. Бирајте што сакате да биде точно. Ни едното ни другото не ни оди во прилог.

Ќе ги намалеле царинските стапки за шеќер. Абе, а каде е домашното производство на шеќер?! Нема, сега никој не сади култури од кои може да се произведе шеќер, никој не преработува, само увезуваме.

А знаете ли што значи намалувањето на стапките на социјални придонеси? Демек помалку ќе плаќаме повеќе ќе ни останува за трошење. Во социјални придонеси спаѓаат: пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на невработеност. Е па ако ги намалат овие стапки, тогаш навистина ќе ни останат повеќе пари во џеб од нашите плати ама само привидно. Бидејќи со нивно намалување ќе се намалат и буџетите за исплата на пензии, ќе има помалку пари во здравството, ќе има помалку пари за оние кои се невработени. Тоа значи дека кога ќе си отидеме во пензија ќе си земаме помалку пензија и на стари години мака ќе си мачиме со малата пензиичка. Кога ќе се разболиме бидејќи во здравството ќе има помалку пари, здравствените работници ќе бидат помалку мотивирани да ни ја пружат посакуваната и нужно потребна услуга, одржувањето на целиот здравствен систем ќе биде доведено во прашање а со самото тоа и нашето здравје ќе биде доведено во прашање. Ако недај боже си ја загубиме работата тогаш во старт треба да ја избришеме нашата надеж дека ќе бидеме социјално згрижени до нашето следно вработување бидејќи и овде придонесите ќе се кастрат.

Ама затоа ДПМНЕ вели дека ќе води одговорна и буџетска политика, демек дисциплинирана буџетска политика. На тој начин веројатно што ќе ја зголеми бројката на вработени административци на сите можни нивоа, а како капак на се ќе им ги зголеми платите и тоа 5% на 1.12.2012, 5% на 1.12.2013 и дури 10% на 1.12.2014 (прогресивно, како ќе се ближат следните изборите стапката се зголемува) а сега во Манифестот не ни соопштуваат за колку ќе се зголеми платата на 1.12.2015 но веројатно тогаш пред некои избори, редовни или вонредни, ќе не изненадат со рекордни 15%. Се разбира откако во меѓувреме за тогашните 1.000 денари ќе можеме да купиме добра како сега со 100 денари. Демек одиш во кафиќ со илјадарка во џеб и можеш да се напиеш една кока кола, ако сакаш да си фраер и да частиш женско друштво со кое си излезен за дружба ќе треба да извадиш уште една црвена.

Значи лажговците од ДПМНЕ не убедуваат дека измислиле неко економско чудо. Ем ќе ги намалиле давачките кон државата, ќе ги намалеле царините, придонесите за здравство, пензиско и што уште ми ти не, а од друга страна ќе ги зголемеле платите во јавниот сектор, ќе ги зголемеле пензиите на пензионерите, ќе ги зголемеле субвенциите за земјоделците, на бездомниците ќе делеле бесплатни станови а оние малку поимотните ќе добивале кредити на 100 години без камата и 0 учество, тие со редовна плата ќе можеле да си изградат куќи од по 500 квадрати со сопствено соларно греење, ќе почнеле да градат автопатишта низ селата, ски патеки по Водно и другите ридчиња, Вардар ќе го направеле пловен а Велес, Скопје и Гевгелија ќе станеле пристанишни градови, прекуокеански бродови ќе разнесуваат роба од Скопје за Кина и обратно.

Не познавам никого кој во изминативе 5 години помирисал нешто од ова, иако и овој период 30% од ова во Манифестот ни беше ветувано.

Се прашувам зошто не вметнале ништо во својот Манифест за вселенската програма на Македонија. Да пратиме свој екипаж барем на Месечината ако не можеме да држиме чекор со американците и рамо уз рамо да пратиме мисија на Марс за да го терафицираме.

Богами стигнав до стр. 31 од Манифестот и ќе оставам за некој нареден пат да видам кои се други изненадувања ме очекуваат до 275. страница.

понеделник, 4 април 2011

Груевски мора да си оди!

Откако го изгледав видеото, од трибината на ДПМНЕ во Аеродром, си го потврдив мојот став дека Груевски мора да си оди! Шарени лажги кажува Грујо пред бедници кои му веруваат.

Јас не судам по тоа што овој човек зборува, јас судам по она што овој човек прави заедно со неговата компанија. А што тој прави? Го растура системот и го доведува до ниски гранки на кои никогаш не бил.

сабота, 2 април 2011

Избори во јуни

Ми се чини дека Бранко успеа да издејствува изборите да се одржат во јуни. Добро не на 21 ама на 5 јуни. Но тоа беше неговата цел, како што забележав во мојот претходен блог запис, ако Бранко успее да ги одложи изборите за јуни тогаш ќе стане максимално кооперативен. Гледам дека Груевски сеуште е за брзи предвремени избори, но најбрзо што може да биде тоа е 5 јуни, побрзо не може.

А еве што вели Изборниот законик:

Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите. Актот за распишување на изборите се доставува до Државната изборна комисија и Министерството за правда. Актот за распишување на изборите се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на
изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

Граѓаните за одржувањето на изборите се известуваат преку јавен повик и истакнување плакати на видни места.

Но главната поента е дали сега ДПМНЕ навистина ќе притисне за да ги запази овие рокови? Бранко веќе се изјасни „Нека си ги усвои изборните правила по негова мерка (Груевски) и да одиме на предвремени избори на 5 јуни. Тогаш ќе се соочи со казната за неговата ароганција, самобендисанот и забеганост“. Значи проценката на Бранко е дека сега и да сака Груевски да брза нема да може. Сега и никој (опозицијата) да не му пречи нема да може да ги распише изборите во рокот кој го планираше. Односно ако и се обиде тоа да го направи ќе направи процедурални грешки за кои ќе биде директно одговорен и ќе одат на неговото негативно конто.

Според мене сега е прашањето колку дена после посакуваниот термин на Бранко, 21 јуни, ќе бидат закажани изборите од страна на Груевски?

Ако Груевски не успее да ги распише изборите во јуни тогаш за него ќе биде подобро вонредни избори воопшто да нема, бидејќи само така ќе може да поправи некои работи во своето владеење за да има поголеми изгледи за победа на редовните избори.

Но ако од причини на својата суета сепак одлучи да оди на предвремени избори во јуни, тогаш ќе направи низа на грешки кои скапо ќе го чинат него и ДПМНЕ но и македонската држава.

Впечаток е дека Бранко подобро ги познава изборните правила и ја има контролата во свои раце, додека машинеријата на Груевски е подесена да победува само во услови на криза, пропаганда и замајување на неуките избирачи преку платени политички реклами низ електронските и печатените медиуми.

понеделник, 21 март 2011

Внимавајте, Бранко доаѓа!

Месец дена после оставката на претседателот на ДИК, нашиот мил Александар Новакоски, ДИК сеуште нема претседател. Бранко го доби посакуваното време, дури и повеќе од планираното. Но исто така и пописот се одложува, велат за на есен, но во суштина се одложува на неодредено време, во зависност од развојот на политичката ситуација после изборите. А Груевски пред само еден месец тврдеше дека активностите околу Пописот се одвивале нормално. Мало морген.

Велија останува во притвор. Уште еднаш се потврдува дека притворот во Македонија е инструмент за казна. Злоупотреба на законот од позиција на власт. Демек ќе те ставам во притвор а после ќе пимплам со собирањето на докази и со процесуирањето на твојот случај во судот. Но времето сепак работи и за Велија. Самото одолговлекување на случајот, нивното држење во притвор без да започне судски процес веќе му оди во прилог. По се изгледа власта, читај ВМРО-ДПМНЕ, читај Груевски, многу се плаши од Велија.

Ако утре се распишат избори, во најдобар случај истите ќе се случат за 60 дена, односно точно на 21 мај. Верувате ли во тоа? Нема шанси. Веќе е сосема извесно дека Бранко го доби својот најавуван термин за изборите - јуни 2011 година. Но се поставува прашањето зошто да не и подоцна? Да речеме јули/август а зошто не и септември. До тогаш оваа власт ќе запаѓа се повеќе и повеќе во криза. Во политичка, морална и финансиска криза. А после, после е лесно, лесно ќе биде за СДСМ да го реши ДПМНЕ.

Сепак јас го подржувам ДПМНЕ и сакам да истрае во процесот „Пајажина“. На тие криминалци да им покаже дека не се семоќни и дека ќе си платат за своите направени гревови, без разлика дали на праведен или неправеден начин.

Но како да се подржи партијата ВМРО-ДПМНЕ на избори ако делегат на нивниот конгрес во Битола блика со национално-верска нетрпеливост кон Македонците-муслимани а партијата не се оградува од неговите изјави. Или пак еден нивен градоначалник, повторно во Битола, изјавува дека Европа спроведува холокауст кон Македонија! Или пак ако претседателот на државата во свои книги антисемитизмот погрешно го дефинира. Ако така ги гледаме работите тогаш навистина нешто не е во ред. Дефинитивно партијата е забегана во погрешен правец. Не се прави држава со омраза.

А како да се подржи партијата СДСМ на избори ако нејзин висок функционер изјавува дека ќе јаде живи луѓе, дека ќе отпушта луѓе од работа само затоа што не припаѓале во неговата партија односно ќе вработува луѓе само затоа што биле негови партиски војници. Уште повеќе тоа тие си го практикувале и до сега само на локално ниво. Но не само партиски војници туку и негови блиски во фамилијата, братучеди и братучетки ќе вработувал, се разбира овие би биле со поголем приоритет отколку обичните партиски војници! Ако така стојат работите тогаш навистина зошто да гласаме за нив. Дефинитивно и оваа партија е забегана во погрешен правец. Не се прави држава на овој начин.

Никола има уште адути во својот ракав. Еден од најсилните адути е чесното играње. Но дали ќе има сила и моќ да го употреби овој адут, со оглед на соработниците кои ги има околу себе и кои треба да влечат чесни потези. Чесно е да се казнат криминалците, вклучувајќи го и Велија. Чесно е да се завршат започнатните градби. Чесно е да се завршат започнатите проекти.

Не е чесно да се форсира законот за легализација на таканаречените дивоградби. Не е чесно да се вработуваат партиски војници во државната администрација. Не е чесно да се избира гувернер на Народна банка на Република Македонија на начин на кој тие го избраа.

За очекување е ако Црвенкоски успее да ги одложи изборите најрано за јуни дека потоа ќе биде максимално кооперативен за распишување на избори а најверојатно Груевски ќе се обидува да ги одложува, правдајќи се дека не сака да оди на предвремени избори затоа што Бранко не сакал брзи предвремени избори.

Како што рече еден друг актер на политичката сцена во Македонија гласачот е пред дилема дали змија да го апне или магаре да му го бапне?

А во Хаг пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) почнува јавна расправа по тужбата на Македонија против Грција заради кршење на Времената спогодба потпишана 1995 година. Прва аргументите пред судиите ќе ги образложува македонската страна, а потоа своите контрааргументи ќе ги соопшти грчката страна. Исходот од овој настан силно ќе влијае на политичката сцена во Македонија.

Во меѓувреме економската ситуација тргна на лошо во секој поглед, а тоа најповеќе го погодува господинот гласач кој овој пат одлучува.

сабота, 26 февруари 2011

gmail.com@chucknorris

Е-поштенска адреса на Чак Норис, gmail.com@chucknorris

Alexa rating, 2011.02 - Македонија

Резимево не е достапно. Кликнете тука за да ја видите објавата.

СДСМ повлече потез, ВМРО е на ред

Оставка на претседателот на ДИК! Трагично? Еден партиски војник одработи за својата матица. Како што дојде така и замина.

Но ДИК е дувло на опозициската партија. Таму непосредно пред изборите 2006/2008 година се удомија партиски кадри. Сега СДСМ има можност да манипулира со сите нив. Да ги користи како шаховски фигури во партијата која ја игра со ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци сме на интересна игра изминатиов период.

Бранко изнуди предвремени избори. Ја искористи својата умешност. Го подбуцна незадоволниот народ. Изнесе толпа луѓе на улицата пред владата. Го искористи криминалот на еден газда да издејствува влошување на медиумската слобода. Му погодуваше и абортирањето на една притвореничка. Покажа дека нема независно судсво, дека во Македонија не важи презумпција на невиност. Дека притворот е инструмент за казна, често пати и единствена цел. Тоа е злоупотреба на законот од позиција на власт.

Никола виде дека работите тргнаа надолу за него. Направи одличен тактички потез. Сакате избори, еве ви уште утре! Мотивите се јасни. СДСМ не е толку јака во моментов. Многу е послаба од ВМРО-ДПМНЕ но како ќе одминува времето таа предност ќе се топи. Тоа го знае и Бранко. Негова проценка е дека до средината на оваа година, кога тој ги посакува изборите, ситуацијата ќе се промени во негова полза. Но не порано. Тоа го знае и Никола.

Затоа според Никола избори мора да има многу брзо, само така ќе се задржи значителната предност. Но Бранко не е до толку глуп. Еднаш го надмудри Никола, го доби на предвремени избори. Сега ќе мора да влече потези за да добие на време. Затоа ќе се послужи со своите партиски војници во ДИК. Претседателот се жртвуваше. Во најмала рака се добија десетина дена. Но тоа е и потез кој го става го незгодна позиција Никола.

Законот вели претседателот на ДИК го предлага опозицијата. Значи пак Бранко. Фактички Бранко ем доби нови десетина дена, ем ќе се обиде повторно да намести свој војник, кому ќе му треба малку време да се запознае со тековната состојба во ДИК (читај ќе му купи уште некој ден на Бранко). Но Бранко може да одигра и друг потез. Не мора да предложи човек. Тоа задоволство ќе му го даде на Никола ама затоа ќе го стави во позиција да докажува дека ја нема сета контрола на изборниот процес во свои раце, а тоа ќе биде тешко.

А каде се манипулациите со Пописот 2011. Веќе има блокада таму. Никола вели дека активностите за пописот течат нормално. Ако течат нормално тоа значи во април треба да има попис на терен. Ако има попис тешко да се изведе да има и избори, т.е. изборна кампања. Значи мора Никола да каже дека го одложува пописот, т.е. ДУИ биле во право што ја бојкотирале работата, а пописот мора да се изврши веднаш после изборите само што тогаш ДУИ ќе си ги радикализира своите барања. Тоа оди во прилог на претпоставката на Бранко дека македонецот не го чека светла иднина ако вака се одвиваат работите. Тоа може да го свати секој.

Конечно истрагата со А1, колку долго може да се продолжува притворот на толку многу луѓе? Јасно е дека ако има избори нема да биде така лесно да се суди за овој случај. Ама ако процесот се стави во мирување, тоа значи очигледен доказ дека судството е тапа, најверојатно голем дел од притворените ќе одат на слобода ако не и сите. Никој не би сакал продолжување на таков систем. Што значи пак вртење на водата на воденицата на Бранко. Ако процесот се продолжи во услови на одвивање на избори тоа ќе значи негативен сигнал за гласачкото тело, лоша слика кај меѓународната заедница.

Никола може да ги пушти од притвор сите од случајот „Пајажина“ а процесот да го продолжи. Сметките да бидат блокирани. Така можеби ќе има помала политичка штета а и ќе добие некој поен кај гласачите. Ама затоа Велија на слобода може да биде многу опасен по изборните резултати.

Времето е против двајцата играчи. На Никола сега му се брза затоа што така има најголеми шанси да ги добие изборите. На Бранко му треба време во кое ќе се обиде Никола да го истошти пред самиот чин на изборите.

Во секој случај извесно е дека избори ќе има некаде помеѓу двата посакувани термини на ривалите. Сигурно нема да има утре избори, мора да поминат 60 дена од распуштањето на Собранието. Сигурно Бранко ќе купи уште некој ден. Десетина дена веќе купи. За верување е дека ќе купи уште други дваесетина дена. Прашање е која ќе биде цената која треба да ја плати за тие денови. Јавноста сака да види изборна битка поскоро и секој обид за пролонгирање не значи придобивање на неопределените гласачи.

Апашот резили по Австралија

Што може да се очекува од еден апаш? Апаш останува апаш а кога и да е ќе си ги покаже и другите свои негативни карактери.

Прво како државен секретар почна на ситно да поткраднува, па да зема дебели хонорарчиња.

Подоцна награден и промовиран во повисока положба, полесно осмисли проекти со кои го празнеше буџетот.

Конечно некој се сети дека од оваа вошка не бидува ништо и го испрати преку седум мориња, како награда за дотогаш стореното.

Џанам и таму детиштево не може да седи мадро. Наместо сеириозно да седне и да научи нешто од дипломатијата, почнал да си игра со честа и угледот на родната земја. Од што ти бил јак мангуп почнал да си го растура своето семејство онадејќи се со некоја слична на него.

Ама не отишол многу далеку. Овој не може далеку да оди. Само бељи прави на тие што му се блиски. Ќе го разберев ако успееше да направи афера со некоја личност која значи нешто во австралиското општество. Ама вака уште му фалело да го разоткријат со некоја локална курва во ефтин хостел.

Бидејќи неговите неодговорни шефови не преземаат мерки за да го разрешат од одговорната му функција се прашувам дали апашот имал и подведувачка функција за шефовите?


copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.