петок, 19 декември 2008

Црвенковски оди си

После патетичното обраќање на Претседателот Бранко Црвенковски во Собанието на Република Македонија пред дел од народните избраници, македонскиот народ мора да му каже збогум на овој губитник.

Дека во Македонија не цветаат ружи јасно е секому, но исто така е јасно секому дека во Македонија има премногу губитници кои се држат за кормилото на бродот наречен Македонија сакајќи да управуваат со неа. Еден од нив е сегашниот Претседател на Република Македонија.

Клучни поенти од излагањето на Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски пред Собранието и граѓаните
  • На Македонија и претстои голем историски пораз,
  • Преговорите за името со Грција ќе бидат замрзнати на подолг период, што неминовно ќе ги одложи евроатлантските интеграции за други времиња.
  • Проблемот со името со Грција треба да се реши на достоинствен начин, компромисно, со што ќе го зачуваме нашиот национален идентитет, ќе ги одбраниме името и јазикот. Гаранции дека ќе успееме нема.
  • Тужбата што ја поднесе Македонија пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија.
  • Македонија е држава во која нема демократија.
  • Владата на Република Македонија на чело со ДПМНЕ владее со застрашување, заплашување, јавен линч и жигосување на неистомислениците, безмилосно ги троши државните пари за саморекламирање, при што ги корумпира сопствениците на најголемиот број медиуми во државата.
  • Одлуката да се оди на предвремени избори минатата година била избрзана, поради што земјата по трет пат испуштила шанса да добие датум за преговори.
  • Со користење на популизмот и злоупотреба на патриотските чувства на граѓаните, со поделбите на патриоти и предавници, со креирање атмосфера дека ние во НАТО и во ЕУ сакаме, ама не мораме, дека Владата има алтернативна стратегија за сестран економски, демократски и општествен развој на државата и без наше интегрирање во евроатлантските структури, ние самите го испишуваме сценариото и го трасираме патот за голем историски пораз.
  • Повикот за создавање единство врз ваква платформа, всушност, е повик за регрутирање соучесници и поделба на одговорноста за спроведување на една губитничка политика однапред осудена на неуспех.
  • Владата, создава амбиент дека предавници се сите што не се согласуваат со нејзините политики
  • Во Република Македонија недостасува демократска и здрава дебата. „Денес секој што ќе се осмели да изнесе став различен од оној на владејачката структура ризикува да биде изложен на јавен линч, да биде прогласен за предавник, странски платеник, кочничар на реформите и се почесто да се соочи со кривична пријава за клевета.
  • Медиуми за јавно информирање се ставени под целосна контрола на владејачката структура и се изложени на двоен притисок. Од една страна, од позиција на сила и моќ се упатуваат директни закани, а од друга страна, со огромни државни пари преку формата на бесмислени владини кампањи се придобива поддршката на сопствениците. Т.е. сопствениците на медиумите се корумпираат.
  • Бранко Црвенковски нема повтроно да се кандидира за Претседател на Република Македонија на претстојните избори на пролет.

Надворешни врски

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.