Според пописот од 2001 година, Индија брои 1,028 милијарди жители, 827 милиони (80,5%) од нив се Индуси. 89% од руралните домаќинства немаат телефони, 52% не се приклучени на електрична мрежа. Постојат проблеми во напојувањето со електрична енергија дури и во поголемите градови. 20% од руралните домаќинства имаат ограничен или немаат никаков пристап до питка вода. Околу 60% од луѓето немаат пристап до финансиските институции во Индија. 6/10 од Индијците живеат на село, каде владее екстремна сиромаштија 34,7% од популацијата на Индија има приходи под 1 САД долар дневно, 79,9% под 2 САД долари дневно. |
ОбразованиеСпоред извештајот на UNESCO од 2000 година, во Индија живее 35% од вкупната светска популација која не е писмена. Само 66% од луѓето во Индија се писмени (77% мажи, 54% жени). Околу 40 милиони деца годишно на возраст за во основно училиште не посетуваат основно училиште, повеќе о 92% од децата не се запишуваат во средно училиште, 35% од училиштата немаат основна инфраструктура, како што се табли, клупи и столчиња. Близу 90% не поседуваат функционални тоалети. Половина од училиштата во Индија имаат покриви кои прокиснуваат и не се опремени со инсталација за вода за пиење.
Јапонија има 4.000 универзитети и популација од 127 милиони луѓе. САД има 3.650 универзитети за популација од 301 милиони луѓе. Индија има само 348 универзитети за својата популација од 1,2 милијарди луѓе. Индиските универзитети продуцираат околу три милиони дипломирани студенти секоја година, но само 15% од нив имаат соодветно образование за да се вработат во блу-чип компаниите. Само 1 милион од нив се IT професионалци.
ЗдравствоВо Индија умираат околу 2,1 милион новороденчиња за една година. 107.000 лепрозни пациенти живеат во Индија, 15,3% од популацијата не ја преживува својата четириесета година. Од напад на змија умираат околу 50.000 Индијци. Срцевите болести, мозочни удари и дијабетесот ја чинеле Индија околу 9 милијарди долари во 2005 година и големо губење на продуктивноста. Загубите може да се искачат и до неверојатни 200 милијарди долари годишно во наредните десетина години доколку не се превземат итни мерки за здравствена заштита на населението. Постојат само 585 рурални болници споредено со 985 урбани болници низ целата земја. Од вкупно 639.729 регистрирани доктори само 67.560 се во јавниот сектор а останатите работат во приватниот сектор или надвор од државата. Туберколозата е главен здравствен проблем. Секоја година околу 1,8 милиони Индијци заболуваат од оваа болест, од кои 0,8 милиони се инфицирани случаи. Приближно 330.000 луѓе умираат годишно од туберколоза, 150 милиони Индијци се слепи или имаат серозни нарушувања на видот, 2,13% или 21,9 милиони луѓе се со некој вид на инвалидитет, само 34% од нив се вработени.
36 фамилии во Индија поседуваат богатство од 191 милијарди долари, тоа е 1/4 од БДП на Индија. Со други зборови, 35 елитни Хинду фамилии поседуваат четвртина од БДП на Индија, а 85% од обичните Индуси се сиромашни!
Доминантната Хинду националност се состои од три виши секти (Брами, Кшатри и Ваши) што е само 10% од вкупната популација на Индија, но тие држат дури 80% од работните места во економијата, во секторите како што се софтверската индустрија, биотехнологијата и хотелиерството.
КорупцијаСпоред Transparency International, 25% од Индијците плаќаат мито за да добијат некоја услуга, 68% веруваат дека владините напори за борба против корупцијата се без ефект. Повеќе од 90% сметаат дека полицијата и политичките партии се најкорумпирани институции. 90% од Индијците сметаат дека корупцијата во наредните 3 години ќе се зголемува. Според некои аналитичари само 5% од средствата на фондовите за развој стигнуваат до вистински раце, останатиот дел 95% завршува во рацете на хиерархиски организираните корупциски структури во државата.
Дискриминација на Далитите250 милиони Далити во Индија живеат во нехумани услови. Во Индија врз Далитите се случува по едно насилство на секои 20 минути. Секој ден во просек три Далит жени се силувани, двајца Далити се убиени а две куќи на Далитите се опожарувани. Овие бројки се само мал дел од вкупниот број на инциденти од причини што Далитите не ги пријавуваат сите случаи на насилство од страв од понатамошни репресии од полицијата и припадниците на повисоката Хинди каста. (
2008.11.22, Време - Го фрлиле под воз поради љубовно писмо )
Далитите се група на луѓе во Јужна Азија од пониските касти, мешана популација од различни групи на касти низ цела Јужна Азија. Најповеќе ги има во северните индиски држави а посебно во државата Утар Прадеш. Често пати се нарекуваат и
недопирливи, бидејќи луѓето од повисоките касти се згрозуваат дури и од помислата да допрат некој Далит.
Човекови праваИндија ја нема ратификувано Конвенцијата на ОН против тортурата. Нејзините граѓани немаат можност да бараат заштита според меѓународните закони. Жртвите се заробеници на локалниот Хинду систем на касти. Во Индија многу малку се води грижа за заштита на приватноста на граѓаните. Полицијата во Индија дејствува брутално, посебно кон сиромашните. Уште повеќе таа е и прекршител на законот и е високо корумпирана.
МалцинстваОколу 20%, или 220 милиони жители во Индија се припадници на религиозните малцинства, 138 милиона или 13,4% се муслимани, 24 милиони или 2,3% се Христијани, 19 милиони или 2% се Сики, 8 милиони или 0,8% се Будисти и.т.н.
МедииВисоката Хинду каста, која сочинува само 8% од вкупната популација на Индија, завзема преку 70% од вкупниот број на постови во форумите за дискусија. Таканаречените двојно-родени Хинду касти доминираат со преку 85% од вкупниот број на постови по форумите а сочинуваат само 16% од вкупната популација. За разлика од нив, средните касти заедно држат само 3% од постовите.
СудствоИндиските нижи судови имаат преку 22 милиони случаи за решавање, додека вишите (21 на број) судови и врховниот суд имаат преку 3,5 милиони случаи за решавање и 32.000 случаи во процедура за 2006 година. Секоја година по милион и нешто нови случаи се додаваат на вкупната бројка на случаите за решавање. Со оваа брзина, нижите судови ќе работат 124 години за да ги расчистат веќе постоечките случаи. Има само 13 судии на еден милион жители.
Далитите и Индиските абориџини имаат само 20 од вкупно 610 судии кои работат во вишите судови и врховниот суд. Од 12 држави каде има мнозинство муслиманска популација, муслиманите во судскиот систем се застапени со најповеќе 7,8%.
Само 31% од криминалните случаи се завршуваат за помалку од една година. Некои од нив траат и повеќе од 10 години.
Дискриминација на децатаСпоред Високиот комесар на обединетите нации за човекови права, во Индија има најголем број на деца кои питачат по улиците. Се претпоставува дека околу 18 милиони деца преживуваат работејќи по улиците во Индиските урбани центри. Вкупниот број на деца кои работат е околу 60 милиони.
Нивото на неухранетост на децата во Индија е едно од највисоките во светот, повисоко дури и од некои земји на субсахарска Африка. На светско ниво 25% од децата се со тежина помала од просечната, додека во Индија таа бројка е околу 43%. Четвртина од смртните случаи на доенчиња во светот отпаѓаат на Индија (2,1 милиони). Речиси една петтина од децата во Индија кои умреле на возраст до 5 години не ги преживеале првите 28 дена од својот живот.
Дискриминација на женитеСпоред пописот од 2001 година, 54,16% од женската популација се писмени, за разлика од 75,85% од машката популација. Повеќето од работничките се надвор од организираниот економски сектор. Само 2,3% од жените се во администрација или на менаџерски позиции, а само 20,5% се стручно оспособени.
Има околу 40 милиони вдовици во Индија, најголемиот број од нив се лишени од удобствата на живот како кога биле со мажите. Се верува дека 15.000 вдовици се на улиците на Вриндаван, индуски свет град со популација од 55.000 жители во северна Индија. Повеќето вдовици, најмалку 40%, на возраст под 50 години, се оставаат од нивните роднини на улиците во религиозни градови без никаква помош и подршка.
Околу 9/10 бремени жени на возраст од 15 до 49 години страдаат од неухранетост. Индија има повеќе гладни луе (204 милиони) отколку цела субсахарска Африка. Околу 20% од жените кои умираат за време на пораѓањето се од Индија. 6/10 пораѓања се случуваат во домашни услови од страна на нестручни лица. 44% од индиските девојки се мажат пред да наполнат 18 години. 16% од девојките на возраст од 15-19 години се веќе мајки или го очекуваат своето прво дете. Компликациите при пораѓање се најчест случај за смртност на оваа старосна група.
Просечно секој четврти час една жена од Индија посегнува по својот живот. Во моментот на влегување во брак, жените треба како мираз да носат со себе накит, пари, потрошувачка стока и слично.
Силувањето на жените е во пораст во Индија. Секој час жената во Индија се соочува со најмалку двајца силувачи, двајца киднапери, четири сексуални напади и седум инциденти на насилно однесување од страна на нивните сопрузи или блиски роднини.
Убиство на фетусиОдносот жена/маж ќе достигне 20:80 во 2020 година поради се позачестените убиства на женските фетуси. 10 милиони девојчоња се убиени од страна на нивните родители во изминатите 20 години пред или веднаш после раѓањето. Според пописот од 2001 година односот бил 933 девојчиња на 1000 момчиња на национално ниво, додека во северната држава Пенџаб, тој однос бил 798 девојчиња на 1000 момчиња. Можноста за определување на полот на фетусот со помош на ултразвук довело до ваквии масовни убиства во Индија.
Околу 11 милиони абортуси се извршуваат во Индија секоја година и близу 80.000 жени умираат за време на абортусот.
Трговија со луѓеВо 378 од 593 дистрикта во Индија, или во 62,5% од нив има појава на трговија со луѓе. Според студија на UNDP од 2006 година, домашното насилство, неписменоста, невработеноста, сиромаштијата, зголемената миграција и стапувањето во брак на децата се главните причини за зголемена стапка на трговија со луѓе.
95% од жените во Мадја Прадеш практикуваат комерцијален секс согласно фамилијарните традиции, 51,79% во државата Бихар. 60% од жените во оваа индустрија се од пониските касти. Во Индија има околу 4 милиони регистрирани проститутки. Според UNAIDS 38% од нив се инфицирани со HIV.
Тежок криминалИндија има евидентирано 32.481 убиства и 19.348 силувања во текот на 2006 година. Најповеќе насилства има во Мадја Прадеш, Махараштра, Андра Прадеш, Тамил Наду и Раџастан. Просечно секоја година има околу 2.000 случаи на киднапирања. Насилствата врз жртвите најчесто остануваат неказнети доколку извршителите на насилствата се од повисоките касти.
Вооружени конфликтиРечиси секоја држава има свое сепаратистичко движење, најчесто вооружено. Голем број на муслимани се убиени во последните пет години низ целата земја и оваа бројка бележи постојан пораст. Како капак на ова Индија има низа проблеми со своите соседи. Воената ефектива е контролирана од Хинду елититата во Делхи. Воениот буџет на Индија во 2006 година изнесувал 21,7 милијарди САД долари со тенденција за зголемување во наредните години. 85% од воениот буџет се троши за плати на војската која брои 1.316.000 војници, што претставува четврта по бројност армија во светот. Според Business Week (2005) Индија е најголем увозник на оружје од Израел со 3,6 милијарди САД долари.
Во Индија има голем број на институти и медиски куќи кои се занимаваат со воените конфликти од најразлични аспекти, но што е најстрашно тие се во служба на влошување на состојбите. Овие групи заработуваат огромни суми пари тргувајќи со оружје кое го купуваат страните инволвирани во конфликтите. Најчесто тие самите се креатори на конфликтите. Така на пример со креирање на конфликти во оваа сиромашна земја, Брама спин мајсторите за себе задржуваат голем процент од продажбата на оружје на владините сили. За нив,
Национален интерес, едноставно значи
Интерес на Брама. Нивните лобирања им носат поголема моќ, повеќе вработувања за членовите од фамилијата, можност за земање државјанство во богатите земји како и можности за образование во богатите земји.
Бомбашки напади во текот на 2008 година- 30 октомври: во експлозии загинале најмалку 64 лица во североисточен Асам
- 30 септември: експлозии во западниот дел на Индија, најмалку седуммина загинати
- 27 септември: во експлозија на бомба загинало едно лице во Делхи
- 13 септември: во пет експлозии во Делхи загинале 18 лица
- 26 јули: во 22 помали експлозии загинале 49 лица во Ахмедабад
- 25 јули: седум бомби експлодираа во Бангалор, при што загинале две лица
- 13 мај: седум бомби експлодирале на пазари и преполни улици во Џаипур, загинале 63 лица
- 27 ноември: Бомбаши убиле над сто лица во Мумбаи (Утрински весник, 2008.11.28), 130 мртви, 315 повредени. Осумнаесет милионскиот град практично е парализиран, а спорадични пукотници и експлозии се слушале неколку дена после експлозиите.
Самоубиства, колапс на земјоделскиот секторВо последните две години, повеќе од 218.000 луѓе низ цела Индија извршиле самоубиство. Причината за тоа најчесто била сиромаштијата, разочарување од своите брачни парнери, семејно насилство и здравствени проблеми.
Најповеќе се одлучувале на самоубиство земјоделците со труење, најчесто поради тоа што не биле во можност да ги враќаат земените кредити со камати над 32% од лихвари. Покрај земјоделците, втора група која најчесто посегнувала по својот живот се жените.
76% од плодното земјиште во Индија припаѓа на само 23% од популацијата. Повеќе од 15 милиони рурални домаќинства во Индија се без земја, 45 милиони рурални фамилии имаат малку земја (помалку од 0.10 акри), што е премалку за да можат да опстанат а уште помалку да направат некој профит, 340 милиони луѓе се зависни од надничарење во земјоделскиот сектор за помалку од 1 САД долар дневно.
НевработеностСе смета дека околу 30% од 716 милиони работоспособни луѓе ќе бидат без работа до 2020 година. Владата на Индија нема ниту ресурси ниту политичка воља да обезбеди вработување за сите.
Во трговскиот сектор се вработени околу 8% од Индиската популација, тоа е после земјоделскиот сектор, сектор со најголем број на вработени. Постојат повеќе од 12 милиони мали трговци во Индија, 96% од нив се семејни бизниси со мали дуќанчиња.
Во кол центрите и другите outsource бизниси - како на пример софтверски компании, се вработени повеќе од 1,6 милиони луѓе, повеќето на возраст помеѓу 20-30 години.
Внатрешна миграцијаГрадот Мумбаи, главниот бизнис центар во Индија, ќе достигне популација од 21,9 милиони жители до 2015 година, се соочува со голем број на сиромашни лица дојдени од селата. Има околу 5 милиони луѓе кои секоја ноќ преспиваат на улиците користејќи како душек и покривка, разни весници и картони.
Индија троши повеќе од 400 милиони САД долари да ја задржи сликата за Њу Делхи како првокласен главен град. Но третина од четиринаесет милионската популација на Њу Делхи живее во бедни услови.
Во Њу Делхи, Мумбаи и Бангалоре заедно, се имаат случено преку еден милион криминални дејствија во текот на 2006 година.
Индија, затворена земјаУчеството на Индија во светскиот туризам изнесува само 0,38% до 0,39% долга низа на години наназад. И покрај огромната површина која ја зафаќа и прекрасната природа во текот на 2006 година Индија од туризам инкасирала околу 2,61 милијарди САД долари.
Индија не е расположена да им пружи добредојде на странците кои сакаат да ја посетат. Потребни се визи. Најлесно влегуваат во Индија луѓето од земјите кои имаат значителен број на Хинду популација, како што се Маурициус или Непал.
Хинду елитата повеќе се грижи да ги затвори границите и за светите крави отколку за животот на сиромашните во својата земја кои сочинуваат 85% од вкупната популација. За оваа елита национален интерес, значи нејзин сопствен економски и политички интерес.
Индиските амбасади се рангирани како најлоши во светот.
Влијание на глобалното затоплување врз ИндијаЕкономските загуби во Индија поради глобалното затоплување се проценуваат на 0,67% од БДП. Некои предвидувања се дури и полоши. Поради сушите жетвите се се посиромашни што предизвикува недостаток на суровини во прехрамбената индустрија. Монсунските дождови и поплавите предизвикани од нив исто така предизвикуваат голем штети. Подигањето на нивото на морето поради глобалното затоплување исто така предизвикува значителни штети. Покрај директни штети ваквите климатски промени предизвикуваат зглемување на случаите на заболени од маларија и други заразни болести.
Екстремните температури и испарувања се очекува постојано да се зголемуваат, т.е. ситуацијата да се влошува.
ТранспортИ покрај своевидниот економски бум, само 0,8% од Иднијците имаат сопствен автомобил. 77% од сите продадени возила во индија во текот на 2006 година, се моторчиња, мопеди или скутери. Индија има изградено 8.000 километри автопатишта за разлика од Кина - 34.000 километри. Според статистиката на Стопанските комори за трговија и индустрија на Индија, околу 420 милиони работни часови се губат секој месец поради лошиот јавен превоз само во Њу Делхи.
Само 1% од вкупната светска популација која поседува автомобил живее во Индија.
Безбедност на патиштата10% од сообраќајните несреќи во Индија се со фатални последици и тоа е убедливо највисока стапка во целиот свет. Индиските патишта се ужасни, сообраќајните знаци ги има многу малку или воопшто ги нема. Пешачки патеки речиси и да не можат да се забележат. Не постои сообраќајна култура, има недостаток на паркинг простор, полицијата е недоволно обучена, постои високо ниво на корупција. Околу 1.275.000 лица се сериозно повредени во сообраќајни несреќи секоја година.
Според статистиката на NATPAC, има 35 сообраќајни незгоди на 1000 возила во Индија, за разлика од 4-10 во развиените земји. Приближно 270 луѓе умираат секој ден во сообраќајни незгоди. Познавачите на оваа проблематика предвидуваат дека оваа бројка ќе се зголемува секоја година за најмалку 5%. Сето ова предизвикува огромни загуби на индиската економија. Околу 80% од фаталните незгоди со сериозни повреди се предизвикани од грешки на возачите. Според предвидувањата на Светската банка, стапката на смртност во Индија ќе се зголемува се до 2042 година доколку не се превземат итни противмерки.
За разлика од Индија, во Кина од 2003 година па навамо,консеквентно секоја година бројот на сообраќајни незгоди се намалува за 10,8% иако има постојано зголемување на бројот на учесници во сообраќајот.
Doing Business во ИндијаПотребни се 50 дена за да регистрирате имот во Индија, за разлика од 30 дена во Кина или 10 дена во САД или Тајланд. Цената за почетен бизнис изнесува преку 60% од приходите по глава на жител, многу повеќе отколку кај другите земји.
Индија има највисока цена на електричната енергија во споредба со поголемиот број на идустријализирани земји и земји во развој (0,8 САД долари по киловат час за индустриска струја во споредба со 0,1 САД долари по киловатчас во Кина), што се должи на големи загуби при транспортот и во самата дистрибуција (најголеми загуби во светот), или со други зборови загубите изнесуваат фантастични 25%.
Исто така превозот во Индија е со многу висока цена. Тој изнесува околу 25% од вкупната цена при увоз за разлика од 10% во останатите земји со кои се споредува Индија.
Во текот на 2006 година, Индија има најголем прилив на лични дознаки од странство, 27 милијарди САД долари. Од кои околу 20 милијарди стигнуваат од работници кои работат во арапските земји. Во исто време земјите од персискиот залив се најголеми трговски партнери на Индија и место за 5 милиони работници од Индија. Индиската влада очекува овие дознаки да внесат околу 500 милијарди САД долари во девизните заштеди на граѓаните за следните 10 години, правејќи ги најголеми заштеди во споредба со било која друга држава во светот.
Историски, околу 72% од сегашната Индиска популација е од Аријанска раса (индо - ирански народи). Во денешно време, потенцијалните мигранти во Индија доаѓаат од Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка и Непал. Соња Ганди, родена во Италија, поранешна сопруга на Раџив Ганди, сеуште се смета за странец од страна на Хинду елитата во Индија.
Пред шеесетина години Индијците побарале Британија да ја напушти Индија. Сега тоа го прават самите тие. Ако некој сака да живее со дигнитет и да ужива во релативна слобода, треба да ја напушти Индија! Она што ќе остане ќе биде подложено на насилство во поларизираното општество.
Едно испитување на јавното мнение во текот на 2006 година покажало дека 46% од жителите на урбаните средини во Индија би сакало да се иссели во САД. Во некои држави, како што е Гуџарат, дури 54% од луѓето би сакале да се иселат во САД.
Индија е најголем клиент на Светската банка. Во јуни 2007 година има земено кредит од 3.7 милијарди САД долари.