понеделник, 29 септември 2008

Мачка

Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет која е малку поголема и има подолга опашка.

1 коментар:



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.