вторник, 30 септември 2008

АНГЕЛИ - ТВ серија

Ангели е аргентинска тинејџерска теленовела. Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имаше на 21 март 2007 година, но после нејзиниот голем успех беше најавена и втората сезона која започна неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломео и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од сегашниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти во Аргентина.

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.