среда, 1 октомври 2008

Дијана, божица на ловот

Дијана била ќерка на Јупитер и Латона, сестра близначка со Аполон. Дијана е божица на ловот во римската митологија и кај латините. Кај грците се идентификува со Артемида. Според легендите, нејзиниот татко и наредил никогаш да не се омажи, и дал стрела и нимфи како придружба, и ја прогласил за кралица на шумите. Во една прилика ловецот Актеон ја затекнал како се капела во шумата и за казна им наредила на своите кучиња да го растргнат. Дијана била заљубена во овчарот Ендимион.

Дијана била вечна божица на ловот, голем пријател на дивите животни и шумите. Подоцна станала и божица на месечината, потиснувајќи ја божицата Луна. Се слави поради својата сила, атлетската грациозност, убавината и ловечките вештини. Дијана го сочинува тројството во римската митологија заедно со Егерија - водна нимфа, нејзина придружничка и помошничка, како и со Вирбија, богот на шумите.

Дијана е обожувана во храмот на ридот Авентино и во градот Ефес, каде се наоѓа и Храмот на Артемида, едно од седумте светски чуда. Дијана посебно многу била почитувана од пониските слоеви на римските граѓани и самите робови; робовите често добивале азил во нејзините храмови.

Нејзин ден е 13 август, денот кога кралот Сервие Тулиј и го посветил храмот во Авентино. Дијана обично на сликите се прикажува со елен, поради тоа што била заштитница на ловот а и поради тоа што според преданијата дека некој човек кој ја забележал како се капе го претворила токму во елен.

Дијана останала важен лик и во некои современи митологии. Масоните ја сметаат за симбол на имагинација, чувствителност и креативно лудило на поетите и уметниците.

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.