понеделник, 6 октомври 2008

Кеј 13 Ноември пак ќе се раскопува

Скопјани ќе мораат уште еднаш да минат низ ужасот низ кој минуваа од 2000 до 2002 година кога тој беше раскопан поради реновирањето. Овој пат плочките ќе се вадат за да може преку шеталиштето да поминуваат камиони и машини кои ќе го градат објектот на местото на некогашната Народна банка. Тој ќе биде на шест ката, а ќе никне на просторот меѓу некогашен "Метропол" и коритото на Вардар.(2008.10.06, Вест - Кеј 13 Ноември пак ќе се раскопува)

Инвеститорите, скопските фирми "Дивелоп" и Латис", според првичниот договор со градските власти, за да добијат одобрение за градење требаше да изградат подземна сообраќајница на Кејот која ќе служи не само за пристап на градежната механизација, туку и воопшто за влез во новиот објект. Градските власти со месеци на инвеститорите не им даваа одобрение за градба и на скопјани им ветуваа дека нема да се загрози шеталиштето. Сега, без објаснување, преку ноќ ја сменија одлуката и дозволија да се копа Кејот.

"За пристап на механизацијата ќе се раскопа дел од Кејот, односно патеката покрај sидот, каде согласно Деталниот урбанистички план треба да се гради подземната улица. Инвеститорите сега ќе ги извадат плочките за да не се оштетат и по тој дел од Кејот ќе влегува механизацијата. Откако ќе го изградат објектот, Кејот треба да го вратат во првобитна положба и да ја изградат подземната улица под Кејот, преку која ќе се влегува во нивниот објект", вели Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај на Градот.

Александар Ивановски, управител на "Дивелоп", вчера беше презафатен за да каже кога ќе почне да ја гради подземната улица. "На службен пат сум во Италија, не можам да објаснувам сега за градбата на плоштад", кусо рече Ивановски.

Ова е мафија братко! Зошто пологично е прво да се гради зградата па после да се прави подземната улица? А воопшто не е логично зошто воопшто треба да се гради таа зграда. Бидејќи се мафија и никој ништо не им може зошто воопшто и ги вадат плочките. Впрочем подобро ќе биде и за камионите а и за скопјани ако не се извадат. Помалку ќе се дига прашина и ќе се разнесува кал низ улиците на Скопје. Колку пари беа доволни градските власти да им издадат преку ноќ одобрение?

2008.Ноември
  • Високи лимени табли среде шеталиштето на кејот 13 Ноември, во функција на градилиштето на новиот објект зад ГТЦ, целосно го отсекоа пристапот на граѓаните во овој дел од градот. За да преминат кон плоштадот, граѓаните мора да се качуваат по монтажен мост висок пет метри.

  • Од Град Скопје, велат дека фирмите-инвеститори имаат одобрение да го заградат просторот за да пренесуваат градежни материјали до градилиштето издадено од Секторот за сообраќај на Град Скопје.

  • Градот Скопје не побарал согласност од СВР - Скопје за сообраќајното решение со кое му дозволи на инвеститорот што гради зад ГТЦ да направи улица од пешачката површина на Кејот 13 Ноември, тврдат од одделението за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи. Арно ама, од Градот велат дека согласноста од МВР уредно ја добиле уште на 3 септември и според неа го издале решението за привременото сообраќајно решение.

  • Градот потврдува дека за користење на преку илјада метри квадратни од оваа јавна површина, која е на сите граѓани, никој не плаќа. Согласно одлуката донесена од страна на Советот на Град Скопје, во април 2008 годин, за користење на еден метар квадратен јавна површина во Малиот ринг, се наплатува по 200 денари месечно. Оградена е јавна површина од околу 1.000 метри квадратни. Градот по оваа основа не добива околу 200.000 денари месечно, или на годишно ниво околу 4.800.000 денари. Помножете со времето предвидено за завршување на градбата, ќе се види дека се работи за значителни суми (Вечер, 2008.11.12 - Илјадници евра изгубени на Кејот).

  • Подземната улица треба да го поврзува новоизградениот објект со улицата кај Хотелот Холидеј Ин, на местото каде сега се наоѓаат трафики. Сеуште нема изработен проект за подземната улица. Откриваме нови детали дека во план било да се градат подземни паркиралишта под плоштадот, и преку оваа улица ќе се стигнувало до нив. Тунелот ќе биде висок 4.8 m и ќе почнел да се гради кога објектот ќе стигне во фаза на карабина? Додека тој се изгради секако треба да се тргнат подземните инсталации (телекомуникациски, енергетски, водоводни, одводни и сл). А тоа значи дека ќе има и дополнителни ископувања на пешачката зона надвор од сега оградениот простор. Значи во следниве најмалку 3-5 години овој простор скопјани треба да го заборават.(Утрински весник, 2008.11.18 - Подземната улица под кејот ќе биде готова до 2010 година).

  • На А1 телевизија и сајтот a1.com.mk продолжува интензивна кампања, која најчесто не се потпира на никакви факти, против изградбата на овој објект, а најверојатно се атакува на актулениот градоначалник на Град Скопје - Трифун Костовски. (2008.11.21, А1 - МВР го одобрило поставувањето на лимените огради на кејот?)

  • Ситуацијата е доведена до нахушкана состојба пред протести на граѓаните со нејасни цели: за отстранување на металната ограда, која патем служи за обезбедување на пристапот до градежниот објект и е поставена од безбедносни причини; против раскопување на кејот заради изградба на подземниот тунел, но за да нешто се изгради мора нешто и да се растури, друго прашање е зошто работите не биле планирани за да имаат логичен редослед се со цел да се завршат што е можно побрзо и со помалку трошоци; против изградбата на објектот, што би било најрадикално барање. Но зад протестите стои СДСМ како подржувач на граѓаните. А некои дејци на СДСМ се длабоко инволвирани во целата оваа афера. Според информациите кои се достапни на јавноста, најверојатно граѓаните ќе бидат сведоци на уште едно големо раскопување на плоштадот со цел изградба на подземни паркиралишта и продолжение на предвидениот тунел. (2008.11.25, Дневник - Граѓани протестираат за оградата, инвеститорот за улицата).

  • Одлуката на МВР да даде согласност за користење на кејот од страна на изведувачот на објектот е ставена на тест. Комбе на А1 телевизија е поставено пред влезот на шеталиштето. А1 телевизија е подготвена да ги плати казната и трошоците за отстранувањето на возилото, на овој начин би излегол на виделина двојниот аршин што го практикува МВР. Сообраќајот на кејот е забранет за сите скопјани ама МВР му дозволува на инвеститорот на објектот на плоштадот Македонија да го претвора кејот во пристапен пат за градилиште. (2008.11.29, Време - Комби на А1 го брани кејот).
Инволвирани страни:
  • Инвеститори, скопските фирми "Дивелоп" и Латис" (Александар Ивановски)
  • Глобал фајнанс груп
  • Теранова
  • Општина Центар (Виолета Аларова)
  • Град Скопје (Трифун Костовски)
  • Влада на Република Македонија
  • Министерство за внатрешни работи
  • Министерство за транспорт и врски (Агрон Буџаку, Миле Јанакиевски)
  • ДУИ - (Агрон Буџаку)
  • СДСМ
  • ДПМНЕ
  • Агрон Буџаку) (ДУИ, Министерство за транспорт и врски)
  • Орце Камчев
  • Трифун Костовски (Град Скопје)
  • Виолета Аларова (Општина Центар)

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.