вторник, 21 октомври 2008

Alexa rating, дефиниција

Alexa врши рангирање на сообраќајот на интернет преку анализа на посетеноста на веб сајтовите. Податоците кои автоматски секојдневно се прибираат поминуваат низ сложени пресметки пред да се добие соодветен ранг на некој веб сајт.

Рангирањето се врши врз основа на тримесечно набљудување на некој сајт. Alexa брои колку пати се пристапило до некој веб сајт и до колку страници од тој веб сајт се пристапува секојдневно. Alexa врши рангирање според бројот на пристап до веб сајтовите и бројот на посетени страници на дневна основа. Сообраќајот се мери за веб сајтови, кои типично се дефинирани на ниво на домени. Пример: www.msn.com, carpoint.msn.com и slate.msn.com се третираат како еден веб сајт, бидејќи сите три веб сајта се на ист домен, msn.com. Овде исклучок се блоговите или персоналните веб страници, кои се земаат како засебни целини доколку можат да бидат автоматски идентификувани според нивниот URL. Исто така, веб сајтовите за кои ќе се утврди дека опслужуваат исти содржини (mirrors) во пресметките се земаат како еден сајт.

Посетеноста на некој веб сајт се изразува во проценти. Тоа е процент од сите Internet корисници кои ги има опфатено Alexa кои отвориле барем една страница на веб сајтот. Така на пример веб сајтот yahoo.com има посетеност од 28%, тоа значи дека според мерењата на Алекса за сите корисници, 28% од нив го посетиле веб сајтот yahoo.com.

Се смета дека една страница е отворена доколку корисникот има пристапено до неа преку својот веб прелистувач. При што Alexa повеќекратните прелистувања на една страница направени од ист корисник во текот на денот ги смета како едно пристапување до страницата.

Податоците кои ги дава Alexa се засноваат на ограничен број на корисници кои можеби не се репрезентативен примерок од Интернет популацијата, така да треба да се земат со одредена доза на резерва. Исто така начинот на пресметка на рејтингот можеби не е најпогодно избран.

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.