понеделник, 13 октомври 2008

Судар на грчката армија со македонци

Судар на грчката армија со локалното македонско население во леринско, јавува А1 телевизија.
Еден полесно повреден, и четворица притворени македонци, по инцидентите што се случија попладнево во леринско. Откако пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, денеска грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот.

Локалното население се обидело да ги попречи механизираните возила на армијата да вршат вежбовни активности, но специјални сили на грчката полиција интервенирале и привеле неколку локални македонци.

Македонците од неколку села во леринско се уште се наоѓаат на приодот кон кампот на грчката армија.

Сличен инцидент во истото подрачје имаше и пред десетина дена, но тогаш војската мирно се повлече во договор со локалното население. Инциденти со грчката армија имаше и на Пелопонез, и неколку други места. Во овие места грчката армија се повлече без никакви проблеми, во Егејска Македонија грчките власти се со поинаква тактика.

Потребно е веднаш да реагира македонскиот државен врв со цел подршка на македонците во Егејска Македонија, против демонстрацијата на сила од страна на грчката армија и специјалните полициски сили.

Потребно е граѓаните да излезат на протести пред грчките канцеларии за врски во Скопје и Битола, како и пред дипломатските и конзуларни претставништва на другите држави и меѓународни организации во Република Македонија.

Да се побара од НАТО и ЕУ да помогне во смирувањето на напнатата ситуација во Егејска Македонија.

Да се информираат за новонастанатата ситуација релевантните светски воени, економски и политички сили: САД, Русија, Кина, Германија, Франција, Англија, Италија, Јапонија, ... со напомена дека се работи за територија окупирана од страна на Грција за време на балканските војни а населена со автохтоно македонско население. Барајќи притоа постапките на Грција да бидат најостро санкционирани.

Да се извести модераторот Метју Нимиц за новонастаната ситуација и да се укаже на тоа дека со овој акт сериозно се става под закана продолжувањето на разговорите за т.н. спор за името помеѓу Македонија и Грција.

Да се извести Советот за безбедност при Обединетите нации со барање да формира Меѓународна комисија која на лице место ќе утврди што се случува во Егејска Македонија и до кој степен се прекршуваат човековите права.

Македонската дијаспора да изврши организиран притисок врз властите по пат на протести во земјите каде се наоѓа.

Македонските медиумите, печатени и електронски да испратат свои екипи за следење на настаните на лице место.

2 коментари:

  1. Македонската Влада сериозно загрижена заради случувањата во леринско, види http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98808

    ОдговориИзбриши
  2. Утре протести во Северна Грција
    Не е лесно во земја каде има недостаток на демократија да се остваруваат малцински права. По денешните инциденти, утре ќе има протести, но не очекувам тие да бидат масовни“, ова за Студио 2 го изјави Павле Васкополус, претседател на „Виножито“.

    ОдговориИзбриши



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.