
8000 плавуши организирале конвенција под наслов "Плавушите не се глупави". На конвенцијата присуствувале делегати од различни области со цел да се уверат дека навистина плавушите не се глупави...
Лидерката: Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа. Повикува една плавуша да се качи на бината и ја прашува:
Колку се 15 плус 15?
После 30 секунди плавушата одговара:
- 18.
Разочарување во салата, сите 8000 плавуши станале и почнале да викаат:
Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
По мала пауза делегатите одлучиле да и дадат уште една шанса. Лидерката го поставува второто прашање:
Колку се 5 плус 5?
После 20 секунди:
- 76.
Повторно цела сала во еден глас.
Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
Делегатите побарале пауза од еден саат за да се договорат. По долго натегање делегатите одлучиле да и дадат последна шанса. Лидерката го поставува последното прашање:
Колку се 2 + 2?
По 10 секунди:
- 4.
Делириум во салата, сите 8 000 плавуши станале од столчињата ги кренале рацете горе и извикале во еден глас:
Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
Нема коментари:
Објави коментар