среда, 1 октомври 2008

Мудрости


  • А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето
  • А'кл не се купува, ами се печали
  • А'кл не ми давај, пари ми дај
  • Ај без пари, ај без ум, се едно ти е
  • Ај нему си му зборувал, ај на дрво
  • Ајванот се врзува со јаже, а човек со збор
  • Ајдукот ајдук фаќа, а друг не може да го фати
  • Ако бегаш од арно, ќе паднеш на зло
  • Ако беше арна работата, и владиката ќе работеше
  • Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си
  • Ако бидеш мост, секој ќе те гази
  • Ако гори куќата од комшијата, варди ја и твојата
  • Ако врне се жалат на влага, ако не врне се жалат на суша
  • Ако е кус денот, долга е годината
  • Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит мученица
  • Ако е мома, нека си седи дома
  • Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко
  • Ако е цар, не е господ
  • Ако е човек сиромав, барем да е здрав
  • Ако е човекот кус од алиштето, можеш да му придадеш
  • Ако и служиш на парата, си најсиромав
  • Ако игра мечката пред вратата од комшијата, ќе заигра и пред твојата
  • Ако имаш вујко владика, лесно ќе станеш поп
  • Ако имаш маша не фаќај го огнот со рака
  • Ако ја сменил капата, не си го сменил умот
  • Ако лошото не бега од тебе, бегај ти од него
  • Ако луѓето не се бесни, куќата не е тесна
  • Ако ми намигнеш, ќе ти намигнам
  • Ако ми попредеш, ќе ти поткам
  • Ако не можеш да бидеш богат и личен, можеш да бидиш умен и чесен
  • Ако не можеш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка
  • Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш
  • Ако не ми помогаш, не ми одмагај
  • Ако не му беше носон, трева ќе пасеше
  • Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци
  • Ако не се учи, не може да се научи
  • Ако не сум личен, сум чесен
  • Ако не умее да направи, умее да расипе
  • Ако некој скокне да се дави, не ќе се фрлиш и ти по него
  • Ако некој срка лајна, не ќе сркаш и ти со него
  • Ако немаш можности да правиш големи работи, прави ги малите работи во голем стил
  • Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила
  • Ако нешто не разбираш, остај го
  • Ако одиш во вистинска насока, и најмал чекор те доближува до целта
  • Ако одиш по далечниот пат, порано ќе стасаш
  • Ако си мост, секој ќе те гази
  • Ако си овца, секој ќе те стриже
  • Ако паднеш, падни како маж, а не како жена
  • Ако паднеш, падни од маж, а не од жена
  • Ако пијам, за мој пари пијам
  • Ако по цел ден 'ржиш од бес, не чуди се ако те клоцаат како пес
  • Ако помогнеш, ќе ти помогнат
  • Ако реков, не пресеков
  • Ако сакаш да бидеш среќен, не настојувај секогаш да бидеш во право
  • Ако сакаш да жнееш, требат прво да посееш
  • Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го
  • Ако сакаш некого да го познаеш, напрај го големец
  • Ако се јадеше, не ќе висеше
  • Ако се плашам од биол, не се плашам и од лепешката
  • Ако се плашеше дедо од врапчиња, не ќе посееше просо
  • Ако се стори баба момичка, дедо ќе се беќар
  • Ако си волк, секој ќе бега од тебе
  • Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвири
  • Ако си овца, секој ќе те стрижи
  • Ако си ортак во работата, не си ортак во верата
  • Ако си помогнеме еден со други и господ ќе ни помогне
  • Ако си постелеш, ќе легниш
  • Ако си сиромав, не биди мрсулав
  • Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри
  • Ако сме се скарале, очите не сме си ги извадиле
  • Ако сум здрав, зошто ми е имот, ако сум болен, зошто ми е имот
  • Ако сум сиромав за многу, за малу не сум
  • Ако сум ти жена, не сум ти робинка
  • Ако ти е криво лицето, не лути му се на огледалото
  • Ако ти е тебе мило, мене не ми е
  • Ако ти е топла постелата, ќе ти биде студен ручекот
  • Ако ти на шега си се женил, јас на шега не сум се омажила
  • Ако ти се врзани рацете, устата не ти е врзана
  • Ако треба се да знаеш, не треба се да праеш
  • Ако тропаш по туѓи врате, ќе ти тропаат и на твојата
  • Ако трпиш, како бег ќе живееш
  • Ако човек сам не се пострамоти, никој не може да го пострамоти
  • Акот на стопанот
  • Алваџија за бозаџија
  • Ана барат мана
  • Арамија да си со умот, а не со раката
  • Арамијата ја клал глата в торба
  • Арамијата е бериќетлија колку барутот
  • Арамијата ја влечкат ортомата по себе
  • Арамот секогаш си е арам
  • Арен глас — златен појас
  • Арен збор — златен клуч
  • Арен јунак со добра дружина
  • Арна ли ти е жената, свадба не ти треба
  • Арна ќуљафка му скроиле
  • Арната дума стига далеку, а лошата уште подалеко
  • Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дава
  • Арната стока сама се продава
  • Арниот збор железна врата отвора
  • Арниот збор и царска врата отвора
  • Арниот јунак, дома не умира
  • Арните работи пополека се прават
  • Арно братство, помило од богатство
  • Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама господ по две добра на едно место не дава
  • Арно е се да знаеш, ами не требе се да праеш
  • Арното секој го фали, ама секој не го прави
  • Арно ти што си видел, ами јас што не сум видел
  • Атојте се клоцаат, магарињата ги јадат клоците
  • Ах за челад, оф од челад
  • All we are is the result of what we have thought. The mind is everything. What we think we become. (Buddha


  • Бадијала работи, бадијала не седи
  • Барај да најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат
  • Без слобода, како риба без вода
  • Бели пари за црни дни
  • Бесен газ, крвав нос
  • Болна жена, болна и куќата


  • В секое село треба да имаш по еден пријател
  • В'к баница не јаде
  • Ведриот ум отсекогаш бил собршен водач до здраво тело
  • Вети го само тоа што можеш да го исполниш, а потоа исполни повеќе отколку што си ветил
  • Види му го умот, суди му за дома
  • Види го прво дрвото, па после седни под него
  • Вино носи, вода пиј
  • Виното е кисело, ама срцето ни е весело
  • Високо дрво плод нема
  • Високото дрво и чавките го серат
  • Вистината е како пипер в очи
  • Во поголем град, поголем глад
  • Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари
  • Водата спие, душманот не спие
  • Волкот си го менува влакното, но не и навиката
  • Врана на врана очи не копат


  • Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата
  • Големата риба помалата ја изедвит
  • Големиот човек се покажува по тоа, како се однесува спрема малите луѓе
  • Големите луѓе не се занимаваат со мали работи
  • Господи, брани од женска беља
  • Грешит поп во книга, а не магаре на нива


  • Да немаше темница, не ќе ни беше мила светлината
  • Дај му на будалата стап за да ти е скршит глата
  • Далеку оди, ама и за дома мисли
  • Два пати помисли еднас кажи
  • Два камена лути не мелат брашно
  • Два лешника еден орев кршат
  • Две гнезда една квачка не може да квачи
  • Две жени пазар, три жени панаѓур
  • Ден орење - година јадење
  • Добриот другар во неволја се познава
  • Добрите пријатели од браќа се помили
  • Дојди до крајот како знаеш и умееш...ако издржиш само секунда подолго од твојот противник...Ти си победникот
  • Друго кројат глувците, друго мачоро
  • Друго мисли кираџијата, друго анџијата
  • Дури не мрднит кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа


  • Една ластовица не прави пролет
  • Едно на срцето, друго на јазикот


  • Железото железо трие, а збороите умо
  • Железото се чука додека е вруќо
  • Жетвар без срп не бива


  • Заљудо да имаш, кога не знаиш да си поминиш
  • Зла свекрва на позлаа снаа


  • Ѕид без малечки камчиња не стои


  • Имај време за работа, тоа е цена на успехот


  • Јунак без рана не бива


  • Каде има сила, нема правдина
  • Како ќе дробиш така ќе сркаш
  • Книгата дно нема
  • Кога имаме среќа среќаваме пријатели; кога среќата ќе ни го заврти грбот среќаваме убави жени
  • Кој бега од дош, ќе падни на град
  • Кој вино сакат, тој без невеста скакат
  • Кој си бие жената тој си бие снагата
  • Кој си краде од соно, краде си од веко


  • Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават
  • Лесно е да се биде богат, тешко е да се биде среќен
  • Лозјето сака мотика, нејќе молитва


  • Мајката на чедо зло не мисли
  • Малите приказни голем ум даваат


  • На арниот коњ ѕвонец му ставаат
  • На едно лице две усти не биват
  • На матна вода јунак не се прави
  • На свиња бисер не нижи
  • Не дозволувај твоите сништа да обраснат во коров
  • На другите секогаш опростувај им, себеси никогаш
  • Не пушчај го ј'зикот пред умот
  • На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш
  • Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот. Биди храбар! Слаткоста на успехот наскоро ќе пријателствува со тебе
  • На студ инает не се чини
  • Немој да чекориш само по разгазени патеки
  • Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето
  • Ни во куче вера, ни во лаком мера
  • Никој учен не се родил
  • Ништо што е вредно во овој живот не е лесно. Потребни се дисциплинираност и сила на волјата


  • Од една искра голем оган бидува


  • По чужди ноѕе иљада стапој не бољат
  • Поважно е што ќе станеш, отколку што ќе постигнеш
  • Повеќе пријатели ќе стекнеш за два месеци, ако им посветиш внимание на другите, отколку за две години, ако настојуваш тие да ти посветат внимание
  • Под волот теле не се барат
  • Покрај суото дрво гори и суровото
  • Понекогаш доброто воспитание се состои во тоа, да ги истрпиш невоспитаните
  • Понекогаш, повеќе ќе видиш преку срцето, отколку преку окото
  • Пријател ти е оној што знае се за тебе, и пак те сака
  • Пријателот во нужда се познава, а не на свадба
  • Пријатно е кога те фалат, но од пофалбите нема да научиш ништо
  • Пружи си ги нозете спроти јоргано
  • Пцоисано магаре од в'кот нема гајле


  • Работата го краси човека
  • Работата го краси човекот, а мразата го гнаси
  • Работата да се страшит од тебе, не ти од неа
  • Рани куче да те лае


  • Само Господ може да гледа од високо. Не потценувај никого
  • Секој човек знае нешто што ти не го знаеш. Учи од секого
  • Скромноста е чудна работа: Токму кога велиш дека ја имаш, покажуваш дека ја немаш
  • Small opportunities are often the beginning of great enterprises. (Demosthenes
  • Со еден дирек куќа не се крепит
  • Со прдеж боја не се вапцуват
  • Според аеродинамичките закони, бумбарот не може да лета. Но тој лета!
    Наравоучение: Соништата им се остваруваа само на оние, кои, додека сонуваат - работат! Сонувај слатко


  • Тешко на умните, меѓу будалите
  • Тиха вода брег рони
  • Трпение е многу голем збор, кој навестува зрелост, учтивост и психичко здравје


  • Ќе му дојт умот, (ама) откако ќе си ојт кумот


  • Устата праит, устата расипуат


  • Чавката гулаб не бидуат
  • Чивија чивија искарува
  • Чирот кај некои луѓе не е од она што го јадат, туку од она што ги јаде! Затоа, немој да се јадосуваш
  • Човекот е среќен онолку колку што е способен да ги направи среќни другите луѓе
  • Човекот се учи додека е жив


  • Што си посејал тоа и ќе ти никне

Нема коментари:

Објави коментар



copyright (c) 2008
Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Unported
Смеете да ги користите содржините и да правите дела произлезени од нив, под услов соодветно да го наведете изворот и да ги дистрибуирате под лиценца компатибилна со оваа.